Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наградна игра со ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nana19, 6 декември 2013.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Мене за три плика ми земаа 50 ден. А требаше 48. Поштаркава ми украде 2 ден. После еден саат и се вратив, не оти сум за 2 ден. ама чисто да ја ставам во незгодна ситуација. И викам: Колку е една марка?
    - 16 ден. - вика.
    - Значи три се 48.
    - Ама јас една ти дадов од 18 ден. :fubar:
    Ем шуто - ем боде. Не сакав да се карам таму за 2 ден. па и реков Фала пријатно и си отидов. Прво: Зошто би ми дала една од 18 ден. Второ: Сите марки беа исти и дури и трите беа споени и требаше да се скинат нели за да се одделат. А тоа што јас си ги лижев и ги лепев - тоа друга работа. И не само мене, една другарка вика нејзе денар повеќе и земала, една друга ми вика мене три денари ми зема. Глупачка. Не ми е за ситните пари, ама ако ми ги краде парите, како да знам дека не ми ги краде фискалните?

    Малку забегав од темата. Инаку јас собрав 112 фискални досега :lol: Прво пратив две пратки, после три и сега имам уште 12. Ама и продавачката ме сака, по неколку фискални ми дава. И што се однесува до она за тоа дека не требало од иста продавница да се сите - мене пола ми се од една продавница. :emo: Ама не е точно тоа.

    И дали е точно дека ако те извлечат 2 пати на исто име нема да ти ја дадат едната награда?
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ја колку што знам марки не треба.
     
  3. Iza.bella777

    Iza.bella777 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Neodamna sludnav za nahradnava igra, a inace sto se nagradite?
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    :o Сигурна си? Па и можно е. Претходниот пат не ми даде марки да ги лепам... :?: Оф бее.. веќе на поштар не можеш да веруваш.

    Стан и дуќан се главните, а на секои 45 дена ќе се извлекува автомобил, и ќе има и некои други ситни парични награди. Јас барем така слушнав. :?:
     
  5. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Нас ни фалат уште 2 фискални за да го пуштиме 30то плико :D
    Сигурно се прашувате од каде толку фискални за толку краток период :geek:
    30х20= 600 :^)
    600 фискални за еден месец :rofl:

    Инаку братучед ми работи на бензиска, и секогаш кога ќе се врати носи по 30-40 фискални :D
    А и татко ми мора секоја вечер да се врати од град со минимум 10 фискални :D

    Море, ако не добијам награда ќе ги тужам, најозбилно.
    Ние ќе се мачиме ваму да собираме фискални, а некој со врски ќе си ја лапне наградата..

    Ако не сум во право да ми шлапните еден шамар кога ќе заврши награднава игра :P
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    адресата на белото плико треба да биде испишана рачно или печатено?
    Зошто сега чув дека се продавале задолжителни испечатени пликоа?
     
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    ^^Нема веза, може и рачно, не е толку битно. :)
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Од кај сега ова :o
    Дезинформации колку сакаш...
    Јас кога праќав сите беа рачно напишани,а и доколку би имало некои измени,не верувам дека сите ние што сме пратиле претходно одпаѓаме од игра... :|
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.497
    Допаѓања:
    165.974
    Пол:
    Женски
    Убава е идеата со ова наградна игра, демек на страна да се земаат фискални сум. Секогаш сум земала фискални, значи пред награднава игра и сега глупаво ми е да побарам зошто ќе изгледам како алчна за да змеам фискална и тоа не ми се свиѓа. Патем на продавачките им се отвара дупло работа зошто пред мои очи сум видека како муштериите ги тераат продавачките да им ги куцаат да речиме три производи на три одделни сметки, зошто? Зошто нив им требале три сметки *се крсти*. Значи да си тера се нормално ама да постои ова играва е супер, стварно е супер, ама да се претерува и да се прават непотребни паники и работи за да се соберат повеќе сметки е апсурдно, на еден начин го попречува секојдневниот ритам на животот, а сепак по некој месец се ова ќе стивни и се помалку и помалку ќе престанат да пуштаат пликоа или да ги доставуваат до одредени места и сл.
    И во врска со испечатените пликоа, ги има, имам сретнато само не знам точно колку денари беа, заборавив, сепак моите знам дека зедоа не печатени и сами ги напишаа, а имам сретнато испечатени и ти само да додадеш таму што треба, а адресата на примечот ти е испечатена.
     
  10. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    може и еден КОНЕЧЕН одговор ОД КОГА ВАЖАТ ФИСКАЛНИТЕ?
    од 15ти НОЕМВРИ
    ИЛИ
    ОД 1ви ДЕКЕМВРИ?
     
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    15ти Ноември :)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Чиста дезинформација....баш во шаторот на плоштад се поставени маси за пишување.
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Во наградната игра имаат можност да учествуваат сите граѓани кои ќе соберат 20 фискални сметки издадени на територија на Република Македонија, во периодот на времетраење на играта (01.12.2013-30.12.2014). Фискалните сметки може да бидат издадени на било кој износ.
    извор: лото.мк
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Кој парадокс човече....ти вели собриај фискални, а пликоата што ги продаваат пред самиот шатор ти ги продаваат без фискална :D
     
    На AquaBlue, srcekrsacka, leighton23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

    УЗГУБЕНА Е ФИСКАЛНА СМЕТКА , КОЈ ЈА НАЈДЕ СЛЕДУВА ПАРИЧНА НАГРАДА :lol: :lol: :lol:
     
    На cresa-jagoda, srcekrsacka и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Собравме 3 пликови,ке одам утре задутре да ги пуштам. Не верувам дека нешто ке падне ама да си ја пробаме среќата,после ке ме копка ако не пробам. :D
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Фискална во рака - награди без мака !

    Со дваесет фискални сметки можеш да станеш добитник на стан, дуќан, автомобили, аудио/видео опрема, бела техника и кујнски апарати, мобилни телефони и фотоапарати, компјутери, велосипеди и бројни други вредни награди ...

    Почни да собираш сметки со датум од 15.11.2013 натаму. Првото извлекување, на кое ќе се доделува дуќан, автомобил и многу други вредни награди е на 30.12.2013 година.

    Испраќај колку сакаш коверти со по дваесет фискални сметки, сите учествуваат за награда !
    За дополнителни информации, постави прашање на nagradnaigra@finance.gov.mk


    http://www.finance.gov.mk/fiskalni
     
  18. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Значи стварно не е фер!
    На плоштад во Скопје има кутии а ние по провинциите ке пуштаме по пошта и ке плаќаме 16д од плико.Види бре, изгледа повеке пари имаме :?: .
    Е кај нас нема по 20,30 плика ,треба да банкротирам така.Нели рекоа и во другите градови кутии ке има,ама ете нема,и ете ти дискриминација.Ај ,ја наполнивме поштата со пари кај нас.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Печатените ги продаваат башка по 50 ден во продавници каде што има лотарија, значи не е задолжително да биде печатено. Ако ти се даваат по 50 ден од плико плус нека бидат печатени :D
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    http://www.loto.mk/nagradna/

    Значи важат фискалните од 15.11, и сите овие пликоа што ќе бидат пуштени до 30.12 важат само за тоа коло. Потоа, од 30.12 до следното коло ќе важат оние фискални сметки со датум од 30.12 па натаму.