Еј за вас од др градови незнам, ние во Скопје ги пуштаме директно во кутиите на Лотарија на Македонија, тие поставиле шатор на плоштадот.
Пратив и јас три пликоа, па ако ми падне станот ве викам сите на журка. Не, искрено не се надевам многу. Се` ми се чини дека сево ова е наместена работа и ништо друго. Ако не нешто повеќе нека ми се падне некоја од помалите награди, ама како што немам среќа во овие работи, тешко.
Собрав еден плик,баш утре ке го пратам,и не праќам повеќе.Ај реков да не ме копка нешто после одвнатре дека ако пратев можеби ке добиев,само поради таа причина.Инаку воопшто не се надевам дека ке ме извлечат и како се останато што функционира во нашава држава така ке излезе и ова најверојатно,а сигурно и некој има корист од оваа наградна игра,а тоа не сме ние.
Има корист поштана конечно ке живнит никој ништо не праќаше,а и владава пропаганда за издавање ф.сметки.
Додека едни собираат фискални сметки, некој веќе си најмил човек да му го уреди станот. Спојлер Ова можеше и во фб статуси, ама посоодветно е тука.
Јас пратив 5 пликоа...ама се мислам дека е за џабе, ќе го дадат на некој нивни (а можеби и веќе е даден па и си го средува станот) но не е само стан има и други награди па да се надеваме на некоја од нив инаку на која програма ќе се пренесува првово избирање?
Извлекувањата ќе се вршат во девет кола, од кое првото ќе се одржи на 30.12.2013 година, а последното кон крајот на 2014 година. Извлекувањата ќе бидат јавни и ќе се емитуваат во живо на МРТ1 од 20:00 часот. Наградниот фонд е навистина богат и содржи: три станови, три дуќани, девет автомобили, бројни вредносни ваучери со поединечна вредност од 3.000 до 60.000 денари од различни категории производи: бела техника и мали кујнски апарати; компјутери и компјутерска опрема; видео и аудио техника; велосипеди и опрема; мобилни телефони, фотоапарати и опрема; прехранбени продукти. Во секое од деветте извлекувања ќе се извлекува по еден автомобил и триесет вредносни ваучери. Она што ќе го привлече најголемиот интерес се најголемите добивки три станови и три дуќани, од кои по еден ќе се извлекува во првото, петтото и последното – деветто коло. Во секое од извлекувањата ќе учествуваат само ковертите испратени пред актуелното извлекување, кои ќе содржат фискални сметки само од периодот меѓу две извлекувања, а во извлекувањата за стан и дуќан ќе учествуваат сите коверти. Извлекувањата на богатиот фонд награди ќе се реализира во специјално наменета ТВ емисија која ќе се емитува на МРТ1 на секои месец и половина, а во меѓувреме интересот за учеството во играта ќе се следи преку посебна ТВ емисија која ќе се емитува секој понеделник почнувајќи од 02.12.2013 на МРТ1 од 20:00 часот. Во оваа редовна неделна емисија ќе можат да учествуваат и граѓаните со телефонски јавувања, а за што првите десет кои ќе се јават во емисијата, ќе бидат наградени со пакет инстант лозови од Државна лотарија на Македонија што може да им донесат добивки како што се автомобили, скутери или парични добивки до 1.000.000 денари во зависност од видот на добивката што ја носи соодветниот инстант лоз. Добитниците на овие инстант лозови, својата награда ќе можат да си ја подигнат во едно од среќните места ширум Република Македонија, со приложување на 5 фискални сметки. Добитниците на инстант лозовите стекнуваат право и да присуствуваат во живо во емисијата во која ќе се реализира наредното извлекување. Имињата на добитниците по секое од деветте извлекувања, ќе бидат објавени во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија. Добитниците на вредносните ваучери по различни категории, своите награди – вредносни ваучери ќе ги подигнат од благајната на приредувачот, а производите со дополнително намалена вредност од малопродажната, во зависност од намената на ваучерот, ќе можат да ги изберат на продажните места на соработниците кои се пријавија на јавен оглас објавен од страна на приредувачот. На продажните места на соработниците, добитниците ќе може да изберат еден или повеќе производи од соодветната категорија и до соодветната вредност наведени на ваучерот, со што се остава слобода на изборот согласно потребата на добитникот. Согласно правилата, ковертите треба да се бели во форма на правоаголник и да не бидат поголеми од следните димензии: 9 х 14 см , односно 12 х 23,5 см и да немаат проѕирни делови и да не се во друга боја освен бела. Во наградната игра може да се учествува со фискални сметки од 15.11.2013 но само за првото извлекување. Потоа важат фискални сметки издадени исклучиво во период меѓу две извлекувања http://www.loto.mk/nagradna/
Надја и не сме многу во предност ние од Скопје. За да пуштиме плико во кутиите на плоштад ни треба мин.30 ден за паркинг, ако одиме до таму со кола, или 60-тина ден за автобус ... така да
Дури и на оваа тема некако успеа да се провлече отпорот кон Скопје и Скопјани...wow...ја викам не ни` требаат надворешни непријатели... ќе си се изедеме овака меѓуградски...
Хартија од вредност во Македонија? -Фискална. Ај со среќа нека ми е ги испратив првите две плика денеска , се надевам ќе стасаат за Скопје.Имав уште фискални за уште едно ама плико немав , а да ги пратам сега утре пример вика немало да стасале Стасале не стасале ќе ги пуштам .
Сеуште сум кога слушам за награднава игра на нашава мила и драга Влада. Како ќе иде програмата? Во емисија ќе бидат министри, премиер, претседател? Кој извлече стан ќе се слика со Грујо? Дали на станот ќе има напишано Наградна игра на Влада на РМ како што пишува на автомобилите на др. наградни игри? Јас ако прочепкам по ташнава ќе извадам еден куп сметки. Ќе ги ставам во розе плик, дури и ќе го намирисам. Размислувам и некое лепаче да му ставам на некоја страна, па тој што ќе влече да му се залепи. А кој ќе ги извлекува? Која министерка ќе ја облечат во минич и новогодишна капа, да глуми Маријана, па милозвучно да ги соопштува победниците, кои веќе и се вселиле? Ах...
Дечки ме интересира дали во кутиите што се поставени во Скопје плика можат да се остават и од други градови?? Јас утре одам за Скопје, имам 16 плика па да искористам шанса да ги пикнам во кутија да спасам некој динар
Девојки, ако веќе сакате да учествувате во наградната игра, подобро оставајте ги пликата на плоштад, отколку да ги праќате преку пошта. Нашиве поштари се крајно безобразни, не еднаш ми се случило некој инцидент со пратките. Последно нешто што ѝ се случи на сестра ми - на другарка ѝ испрати новогодишна честитка во плико, во честитката ѝ ставила мало новогодишно чорапче, а во чорапчето ставила ланче со многу убав привезок како поклонче. И погодувате што... ланчето не било во пликото кога другарка ѝ го отворила. Ненормалниве го исцепале пликото (бидејќи сестра ми го залепила со јак лепак), го земале ланчето, а честитката со празното чорапче го ставиле во ново плико. Значи им нема рамен, ќе ти ги упропастат празнициве начисто! Па тек кога ќе видат дека пратките се за наградна игра...
Поради доза на сомнеж и нефункционалност на нашите пошти,мајка ми денеска фино лепо си отиде на плоштад и пликоата си ги стави во кутиите. Сега е помирна.. Спојлер By the way,внатре го пишува моето име