^ да задолжително е.. јас утрово во брзање си ги заборавив пликовите дома. ми текна тек ко стасав таму
Абе и да не е наместено, веројатноста на толку испратени пликоа баш тебе да ти се падне е 0,000131414 % .... Ама ајде, пушта надеж, можда и ќе ви се падне нешто. Еден мора да биде, е тоа се вика среќа.
Има и димензии 2. Кои коверти се сметаат за прифатливи, која е стандардната големина на коверт со кој може да се учествува во наградната игра? Одговор: Согласно правилата, ковертите треба да се бели во форма на правоаголник и да не бидат поголеми од следните димензии: 9 х 14 см , односно 12 х 23,5 см и да немаат проѕирни делови и да не се во друга боја освен бела. 1. Од кој датум почнуваат да важат фискалните сметки за наградната игра? Одговор: Во наградната игра може да се учествува со фискални сметки од 15.11.2013 но само за првото извлекување. Потоа важат фискални сметки издадени исклучиво во период меѓу две извлекувања. Извор. loto.mk http://loto.mk/nagradna/ На линков се пишува.
waka=waka На плоштад карши фонтаната има шаторчиња до 29 вечерта може да се оставаат јас еднаш бев во 20 часот и уште беа таму.
Предмалку прочитав ваков статус: Додека ние грижливо собираме фискални сметки, среќниот добитник веќе грижливо бира дизајнер/ архитект кој ќе му го средува станот...
А дали некој знае дали денес е последен ден за да се испратат пликоата или може и во понеделник одсабајле
Ако е се како што треба според правила и прописи (без далавери), тој што има среќа и само едно да прати ќе добие
Леле со ова награднава игра сите се збудалееа само сметки берат има едно чупе сестра и за неколку дена собрала околу 60 сметки се по еденаш земала. Патем ние од почеток досега имаме едно 30 сметки и цели со километри долги
Дечки а во колку саат ќе биде преносот? Барав ама не најдев,само пишува дека извлекувањето е на 30ти декември..
Луѓе, работат ли и во недела пунктовите за достава на ковертите и ако да, до колку часот? Ја се си мислев до утре можат да се носат и еве сега видов дека денес е крајниот рок... Жал ми е да ми пропаднат фискалните
До денес, до 22:00 часот работат. Утре не може да се испраќа, па среќно. Да си ги однесеш и да те извлечат