Наградни игри

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од irenna, 2 мај 2010.

  1. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.302
    Пол:
    Женски
    Дали играте наградни игри? Во кои наградни игри сте учествувале и дали до сега сте добиле некоја награда?
    Сега е актуелна наградната игра на Нескафе па дали некој собира ќесички, сакам да знам што е највредното нешто што сте го добиле како награда ?
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Хаха кај мене дома само ЛАДНА и ДОБРА ВОДА пиеме и кога беше наградната игра преку 50 пликови имав испратено а можда и повеќе ( во еден плик по 5 капачиња се ставаа) и ништо не ми се падна :) А некој може само еден плик да пушти и да му се падне наградата ама тоа е среќа :)
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.413
    Допаѓања:
    15.401
    Пол:
    Женски
    Праќав јас недобитни ливчиња од спортска. Три кола по ред праќав по 5-6 пликоа и имаше многу награди ама мене не ме извлекоа. А за Нескафе имам соберено 7 досега, чекам да соберам уште па да пратам повеќе пликоа наеднаш. Ама искрено не верувам баш во овие работи, мислам дека повеќето се наместени.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.228
    Допаѓања:
    14.377
    Пол:
    Женски
    Имам играно една наградна игра, а тоа беше пред 8 години. Наградната игра беше на Палома. Добив чадор за сонце.
     
  5. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    22
    Ја имав испратено лани летото 30 плика со стапчиња од сладоледите од Фриком и ништо.Важно се изналижав сладоледи :rofl: Ја играв и наградната игра од Скопско не знам колку кредит не потрошив и ми се падна само едно капче и од мака не си го ни земав.Им го поклонив :lol:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Па не играм нешто многу, онака ако ептен ми се свиѓаат наградите, па да си ја пробам среќата. Порано многу повеќе учествував, ама сега послабо некако, иако си реков да пробам во оваа награднава игра на Нескафе... ама играта ќе заврши, а јас уште не сум почнала да собирам :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
    Како и да е, јас лично немам добиено никаква награда - веројатно таква ми е среќата :P
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    не играм наградни игри, а сакам да добивам :D само еднаш имам лицитирано на аукцијава што беше на А1 :)
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    имам добиено награда кога бев малечка..ама се тоа било наместено(иако јас немав појма пошто не учествував) :lol: ..од мојот драг тетин која работеше во фирмата која ја организираше нагр. игра...сепак јас се израдував..дете нели :) ..а вака имам чат пат малку учествувано во нагр. игри и не сум добила ништо 8)
     
  9. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Хахаха темава ме потсети на нешто. Првата награда што ја добив беше 10 Simka чоколади (мислам дека така се викаа). Имаше една детска емисија на Сител, во која еден од гледачите што се јавиле во емисијата на крајот добиваше 10 Чоколади. Бев пресреќна кога го кажаа моето име :D Памтам дека бев некаде 5-6 одделение и цело одд наредниот ден збореше за мене :) Се изнајадов чоколади тогаш со другарките :D Имам исто така добиено и паричник од една наградна игра на Boss цигарите пред 3-4 години, музичко CD на летна наградна игра на Coca Cola... Али сепак најомилена награда ми е таа со чоколадите, до ден денес се смејам кога ке се сетам :P Позз :hai:
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    ne sum igrala nesto mnogu,ama i od toa malku nikogas nisto ne dobiv.
    a i koga bi dobila,mislam deka kolku ke se raduvam tolku i ke se pokajam koga ke treba da se pojavam na televizija i da gi izreklamiram-e toa mi e odvratno
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    хаха како јас да сум го напишала ова :D Ма не да ми е одвратно, подобро не би ја подигнала наградата отколку да се појавам на телевизија „ јас сум таа и таа, и добив награда, играјте и вие “ :lol: Нема шанси. Е добро да ми се падне автомобил малку ќе се подразмислам :rofl:
     
  12. vikimk

    vikimk Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    zavisi sega za koj kako :) iam dobieno mnogu nagradi, pocnuvajki od prvata barbika, paketi so proizvodi od vitaminka alkaloid, velosiped, trotinet, motor i bingo (bez kola ) :( od prevoznite sredstva uste kola mi nedostasuva ali sega od nescafe :D :D :D :D :D
     
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    494
    сум играла и сеуште играм наградни игри...од собирање капачиња, обвивки од чоколади, кафиња, праќање на кодови, грепки... Еднаш ми се има паднато награда од Кока кола, карта за Скопје Саунд фестивал и тоа е се. Ама пак си продолжувам, кој знае кога ќе ме стрефи некоја кола :D Надежта последна умира
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    јас сега само грепки купувам :lol:
    интересно ми е да ги гребам, возбудливо некако, ама парите летаат ептен неосетно :rofl:
     
  15. KrystalTears

    KrystalTears Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    29
    Не никогаш не сум учествувала во некоја наградна игра.
     
  16. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    311
    Еднаш добив награда од Доктор Еткер......црвена конзерва - и внатре пудинзи.... :rofl:
    Ина4е имаше едно ме4е и требаше да се нацрта и да се испрати по пошта.....е јас тоа мечето ко нацртав како морнар ( 8) од каде ли ми текнало тоа нешто ни самата неможам да се сетам :lol: )...и ете си добрив награда......
     
  17. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Па играм,ама не вложувам многу пари во нив,сепак мислам наместени се. Не ми се паднало ништо посебно до сега,само капче,маичка,топка,ништо друго, а и по 50 ден. кога игравме бинго. Тоа е се...
     
  18. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    не играм наградни игри ама знам летоска во некое кафе се паѓаа награди и буквално цело лето скоро секој ден ми се паѓаа по 50 денари :)
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Сум учествувала на наградните игри на кока кола,пепси,минералниве води и уште некои не помнам кои.Никогаш ми се нема паднато никаква награда и затоа веќе не планирам да се замарам со трошење на пари за да пратам порака,да се јавам или пак да праќам пошта за џабе...Никогаш сум немала среќа во тие работи |(
     
  20. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.006
    Хааха.Истото ! :D

    Ама работава е ако добијам шо е многу тешко.Ем баксуз,ем повеќето наградни игри се наместени. :lol: