Имам добиено 2 маици од Јорк цигари кога во секоја кутија имаше некое си ливче и такви незнам колку требаше да се испратат и имам испратено многу пликови и 2 маици бели со сликичка јорк и некои си луѓе во позадина И сега праќам кодови од добра вода Имам и 2 чаши од кока-кола оваа најновата и од овие ако се соберат 5 капачиња од кока кола ќе се добие играчка (зимно време најчесто ги има) и на такви скоро секогаш праќам
И јас пратив неколку ама не знам кога се извлекувањата, знам дека се на Сител ама кој ден и од колку саат? Всушност, јас од Ладна праќам сега а не од добра вода, ама иста фирма е тоа
Верии за од колку саат ни јас не знам но ако има нешто па би требало да пишат повратна порака барем јас така си мислам
Кога бев помала моите играа бинго и кога беше извлекување за колата, кога почнаа да го читаат бројот на победникот мислевме дека сме ние, ама кога го кажа последниот број, всушност бил бројот на комшиите, се разликуваше само последната бројка памтам готова бев да скокнам од радост, ама пак после радоста ја споделивме со нив. Имам учествувавно во наградна игра на ТАА списанието и тоа на анкета и добив шампон за коса тоа е единствено нешто на кое ми текнува сега. ко ќе ми текне ќе допишам
Епа последно добив чаша од Кока Кола Си играм лото,ќесички од нес испраќав али немам некоја посебна среќа со наградниве игри..Најголема награда е 5000 ден.на грепка
Ти како на вицот. Му се молел човеков на Бога секој ден да му се падне лото и еден ден Господ му вика: „А да уплатеше бар еднаш!“
Играв малечка коа бев повеќе Имам добиено неколку ситни награди ништо повеќе Верувам дека само тие ги даваат , оние поголемите се наместени . Имам добиено голем пешкир за плажа од Кока Кола , чадор од Синалко , мн одамна од Скопско лежалка за на плажа и капче , ми текнува од Наш Свет добив нагарада уште во основно ,а многу често Рио кафе коа и купувам на баба ми и се погодува добитно Торби , филџани , лажички цела колекција си направи жената .Затоа секогаш мене ме праќа по кафе Денец пратив едно плико за Паскалин наградната игра , и купонот од Убавина и здравје После толку долго време пак да учествувам во некоја наградна игра .
Пред 13 години ме извлекоа да бидам гостинка во Бинго. Тогаш гости беа оние играчи чии ливчиња ги имаат последните 4 бројки од оние кои што ќе ги извлече компјутерот. Се доделуваа награди и јас добив дискмен.
Не сум учествувала во никоја наградна игра. Зошто? Немање среќа, или барем така си мислам. Но, од тие наградните игри од типот на Coca Cola ‘‘Собери го капачето‘‘ имам собирано капачиња. За Нова Година, кога беа актуелни мечињата-лампиони, Ѕвездичка...и така натаму, си ја добив Ѕвездичка.
Ме потсетивте и јас зедов 2 награди од тие што беа со капачињата од Кока-кола ги зедов Ѕвонко и Бошко , а предходната година звездичка. Исто имаме и чаши од битолски јогурт ми се чини од кока-кола и уште некој пијалок. А, да и во кафе Браво ни се имаат паднато доста торби и плус кафиња а и 4-5 лажички и ко ќе ми притекне ќе си допишам.
Од нескафе наградната игра добив маица(сепак не е без ништо)Од кока-кола игрите одамна имам добиено пешкир,топка а скоро добив и чаша ама го изгубив капачето.еу
Jas imam sitni nagradi dobivano kako torbi od kafe, lazicki, casa od jogurt a isto i maicka, a najmnogu u secavanje mi ostana nagradata od zvon emisijata kade sto trebase da se prati odgovor na nekoe prasanje i jas prativ me izvlekle i si dobiv mece, a ja ne ni znaev deka sum ja dobila nagradata tuku u skolo mi kazaa a ja ne im veruvav. Ama ova bese odaamna uste vo osnovno
Никад не сум играла бинго но некад со другарки може да го посетиме Сенатор Највеќе имам добиено околу 6000денари а изгубено 100ка по 100ка Откога добивме немаме стапнато таму
Пред неколку месеци добив пакет производи од "Витаминка", а денес добив порака дека сум добила пакет производи од "Pelisterka", ама го фрлив капачето и не знам дали ке ми важи
Пред неколку години уште кога го имаше бингото што го водеше Џамбазов, ливчето ни беше добитник на моблен телефон, а мојот баш беше пред распаѓање и се караме со сестра ми чив да биде ауу ова она ќе се утепаме мислиш... и доаѓаат моите со телефонот и татко ми вика уште од врата „еј да не се расправаме мој ќе биде„ и ние две вакви и го го извади телефонот шо да видиме ЦИГЛА од оние моторола што немаат ни колор екран ахахаххаха е тоа беше смеење Инаку други ангради салбо, филџани од кафе, безплатни грепки тоа...