Си имам среќа јас во наградните игри, т.е во комбинација со татко ми. Се имаат јавено од Супер Бинго, на она што треба да кажеш гледам супер бинго и тогаш земавме околу 60 000 ден. Многу пати сум имала 13 погодоци. Потоа бевме гости на лото, каде што се вртеше тоа тркалото и ја земавме втората награда-24.000 ден. Имам добиено компјутерско биро од локална телевизија, се јавија 50 гледачи некаде вкупно, а тој што се јави на крај кажа еден број а јас бев под тој реден број. Награди од Кока Кола, кафиња,награда од вип ( ранец ), награда од невладина организација ( ранец со пакет внатре од школски прибор ). Не ми текнува што друго имам добивано, голем е списокот.
во македонија летово купив браво кафе и добив 2 кафени лажици,а тука си играм гребки давам 2 евра и си добивам 5 а два пати имам добиено по 60 евра за 2 евра и пред недела дена од една продавница за електроника имасе едно ливЧе ти го праќаат по поста т.е.реклама и ти даваат можност да бирас до 100.000 круни(тоа би било 10.000евра)да бирас апарати.и јас засто да не пробам и писувам телевизор,епилатор,масина за сусење алиста,пегла за коса,замрзнувас....за да направам толкава сума некое детско нитендо..10 работи требало да изберам и го пратив по поста и вЧера добив писмо извлеЧена мегу 10 0д цела држава и ќе видиме сеа за божиќ на 24 и така ќе победам скромна сум не направив 10 000 евра може гледаат на тоа хахаха
Имам добиено: Телевизор ( малце шкљ ама работи ) Тостер (супер е ) 100 грама кафе Оваа година за светско првенство на капаче од кока-кола добив кока-кола ама наградната игра само што заврши
Имам добивано награди од Наш Свет - фломастери, тетратки такви работи , потоа се сеќавам кога бев прво одд собирав сликички за албум Покахонтас испратив 30 кесицки од сликичките и добив кученце ( ми го заменија за папагал ) сум добивала по 50 денари од грепка , еднаш ме излекоа за прво место во мојата општина за најубав цртеж за Ѓурговден ( ова беше 8-мо одд) и добив 4000 денари ова е сега за сега
Имав играно игра од Dr Oetker само. Односно не ја играв играта, не ни знаев дека имало, ама еден ден дома ме пречека пакет со пудинзи, престилка и уште некоја глупост. Радост жива!
И ние (семејството) си имаме среќа во наградните игри имаме добивано награди, едни од нив телевизор (во боја ) - си работи се си е во ред мобилен телефон - и тој уште работи, ама никој не го користи велосипед - и тој вози уште и други помали награди како едно мече од Милка и др
Јас па ич немам среќа со наградниве игри... На Бинго никогаш не сум имала никаква добивка, ниту пак некоја поголема награда од нешто друго. Се сеќавам дека пред едно 5-6 години добив капа од една наградна игра на Кока Кола, и толку. Се надевам на повеќе среќа понатаму.
немама среќа со вакви ствари.. жити едни филџани што ги иам добиено од гранд кафе.. друго ама баш ништо! :geek:
Јас сиротката немам ама ич среќа со овие наградниве игри, ни со грепки, ни со кафиња, абе со ништо. Што фатам тоа се суши Ама па затоа мама, тато и дада имаат среќа, порано кога имаше наградни игри од такси, собираш толку и толку картички и ги праќаш, и секогаш пишувавме на сите од куќата по едно плико, и еднаш на мама и се падна пегла, на дада сет ножеви а на тато блуза, мене ништо, неколку пати така и сега веќе не се обидувам нешто да пишам на мое име или пак да купам грепки или такви некои работи. Иначе многу одамна на тато му се падна Бинго, имаме филџани и торби од кафиња но ништо од моја рака купено
Јас имам добиено точак. Од Рио кафе, пред многу, многу години. Деновиве сакам да го префарбам, вака ептен ми е жут и мутав.
па имам добиено најпрво кога бев малечка ми купуваа од оние детски весници Решко и тогаш го решив крстозборот и со мајка ми пративме и после во наредниот број го купувам се разгледав и на крај ми текна дека јас пратив .. и викам чекај бе јас најважното не видов и оп еве ме извлекле и добив играчки (не лути се човече) после имам од бинго по 50 ден хаха ништо повеќе и од кафиња филгџан, лажичка.. 50 ден и тоа а праќав и за една нова год мислам беше цело ќесе наполнив со етикети со испратени кодови од кожувчанка и синалко и ништо не добив а другарка една пратила и оп капа тоа е среќа
Ретко играм, но кога играм добивам. Затоа мовие дома ме тераат да учествувам и да купувам јас кафе, сум имала среќна рака, демек. Прво што се сеќавам е точакот од Наш Свет(или некое друго списание во основно што ни го носеа). Уште си го возам, плав е. Тогаш празник во школо беше за мојот клас. Изгубија неколку часа бидејќи екипава дојде да ме слика. Од екологија знам ,некој часовник имав. На Бинго неколку 14ки имам. И кафиња нормално и слични ситни ствари. Ау да, најинтересно беше што добив награда од Таа списанието а не ни испратив нешто да учествувам во играта. Жолта блузичка со розов натпис -Таа те сака. Ми ја испратија на домашна адреса а и во списанието ме објавија како добитничка. И до ден денес не знам кој пратил во мое име, а со сигурност знам дека не се моите дома.
Абе ич не верувам во овие работи не знам се си мислам има некое сценарио одзади ... Од како дознав дека правеле далавер со лото топчињата едни полесни , други потешки ... Баталив Што имам добиено ?! од трите најдолгото ...
Имам добиено да,ручки од тапан. Пс, неам ништо добиено, барем според мене, се е лажги без опашки. Обично, тродупло наплаќам, него ли што добивам. х)
А да го имав и јас добиено пред некоја година, за да после ме убедува и дави да го купам.Сигурно и тебе по тел. ти се јавиле и ти рекле дека си ,,нивен среќен добитник,,. Ќе подзачисти тук тамо, ќе ти објасни како работи и потоа ќе те убедува да го купиш, а ако бидеш добра и на рати ќе ти го даде а и ќе ти понуди и за нив да работиш (6 000ден фиксна плата плус % од продажба и исчистена куќа). Тоа е нивна маркетинг стратегија
Секогаш играм наградни игри, а досега имам добиено маица, капа од кока кола, пиштол на вода од чипси, карти за на концерт од кока кола, дигитален апарат од наградната игра во веро и гратис сок или чипси хаха имам среќа да не се почудам пу пу пу
Многу ретко. Пред некој ден купив грепки (и нормално ништо не добив) и за Кока-кола наградната игра што беше, испратив еден код. Друго слабо. Некако немам живци да собирам капачиња, кафиња ( ) и слично и после да ги праќам по пошта. Вака на поедноставен начин знам да се залажам.