И јас имам праќано прќано,еднаш ушествував на нагрдна игра од Колгате и ми се падна четка за заби јас пукав од среќа,имам праќано за многу работи но не ме извлечиле
Само оние од кафе. И мислам дека денот кога ми се падна награда,пишав на форумот,да ми остани засекогаш! Единствено што имам добиено се 50 денари. Една кутија цигари. Па,кој ти ја дава.. Мене па баш никој не ми ја дава,затоа што поголем баксуз од мене нема. Тоа е единственото нешто што ми се има паднато.
Се сеќавам еден 15ти Септември пред неколку години татко ми купои грепки на мене и брат ми и братучетките и мене цел ден ми се паѓаа по 50ден. Исто сега со Синалко соковите купив и ми се падна сок, завчера купив и пак ми се падна гратис сок. На друго не ми текнува засега.
Жити една крпа од Кока Кола мајке ми, одамна се откажав од игри на среќа или наградни игри, сеедно, не се за мене они, не сум за нив јас, време џабе за нив ноу.
Јас имам добиено торба-фрижидерче од скопско и еден календар од Лино, ама него сите што ќе пратеа го добиваа важно јас ќефови бев кога видов големо плико пред врата со мое име и презиме!
Не играм, но еднаш кога бев мала добив мобилен телефон, кој никогаш не отидовме да го земеме. Грев е.
Јас не верував се дур не ни се падна награда. Мајка ми од кога знам само купува производи што даваат награда и само коментираше па зошто од ова кафе да не купам или од овој детергент,сок итн... кога другите немаат награда. И така летово еден убав сончев ден, не знам кое кафе беше, го купи и кога дојде дома го отвори (инаку од тоа кафе и се паднаа неколку пати шољи и лажички и сега има цел комплет ) и се падна фрижидер. И тоа добар , не некој колку ради реда даден на награда. А бе радости живи После немаше жива сила да ја сопре да го купува тоа кафе. Си велеше : хмм машината за алишта ми е стара, па може и таа ќе ми се падне
Единствена награда што сум ја добила беа комплет чаши и 5 сока од Бифрут имаше наградна игра преку фб....
Топ мобилен од Милка наградна игра. Ама цела година собирав опаковки и одеднаш ги праќав едно 50 пликоа Така 2-3 години правев, сеа веќе нема милка наградни игри a ми се насобраа опаковки Дебитни картички со добра сума на нив од Орбит. 14ка на бинго. 10тина илјади на грепки недобитни кои се извлекуваа во бинго. Сваровски обетки. Карти за концерт. Последно летово купив 2 сјајеви за миење садови пополнив купон добив сет за чистење кујна и купатило. И го подарив на мајка ми Чаши, кафиња, 50 денарчиња, лажички, торби .... еден куп имам Божемските Кирби награди се топ, доаѓаат и ти чистат 1/6 од теписонот во дневна и 1/4 од креветот. А наградното патување од Травел Хаус да го спомнам? Се сам си плаќаш ама божем си добил наградно патување Кој игра ќе добие мож некад, кој не игра никад нема да добие Денес запознав девојче кое доби кола на наградна игра, колку беше среќна ах, а и јас се радував за неа. Се запрашувам како е да добиеш автомобил, а сестра ми ми вика "што се прашуваш никад нема да доживееш"
Беше на канал 5 во 17 часот ама изгледа не беше во живо.Целосната листа на добитници ќе биде објавена на 3-ти Април во Утрински весник
сум прајкала некои од весници како наградни игри ама јок ништо на некоја гребка по 100денари сумдобила и тоа е нема ништо за мене околу игриве ај здравје
Сакам да играм наградни игри, но засега ништо не сум добила. Со кожувчанка што беше наградната игра се утепав од праќање на кодови и ништо. Сега исто оваа што е со веснициве испраќам , па ќе видиме можеби ќе си освојам автомобил Татко ми редовно игра Џамбо бинго и тоа е тоа.
јас секогаш си играм од се ппо нешто најјака добивка ми беше подарок парфем од космо секогаш си верувам во среќата
Ухууу, многу ствари имам добиено на наградни игри. Почнувајќи од принтер, две камери за пц, книги, блузи, чаши, усб, масажер, дормео часовник, појас за слабеење, римел и сјај за уста, ваучер што се' уште го немам искористено , неколку пара обетки, шешир.. на друго не ми текнува моментално а има уште доста работи што сум ги изоставила. Среќа во игрите имам, не викам не.
еднашка таму нешо у маркет имаше ако купиш нивеа шампон ке учествуваш во наградна игра и си добив фен за коса(а и така ми требаше еден)