Да бе имам играно како помала,незнам таму во некој квиз беше појма немам.Ама ништо не ми се падна бе малер.Ако се смета квизов во наградна игра.Ама кога дознав дома дека сум вклучено во живо абе радости. Имам праќано кодови од соковите и од незнам си што ама ништо немам добиено. Е за како најголема добивка од наградна игра ми е гратис сладолет,пред некој ден си го зедов Хахаха Успех е ова за мене девојки не ми се смеете. Иначе пред 2-3 недели си зедов грепка,со надеж дека ќе ми се паднит нешто ама ништоо..
Имам учествувано во награди за состави и си земав пенкалце хахах и во награда за НАШСВЕТ и си добив книга
Па имало по некоја награда, не ми текнува сега на сите, ама знам дека на времето нонстоп праќав пораки во ТАА списанието и добивав награди. Од Бинго добив викенд, ама ништо не бидна, не ме однесоа, ладно било времето, а јас се утепав од радување. Од Ронхил имаме низ дома се и свашта, ама тие сами си ги зимавме кога работевме на промоција , ама и ни беше задоволство додека делевме Промотивни материјали како тие од Ронхил (маици, капи, кафиња...) имаме полно ама тие ми се глупави и не сум гледала на нив како некоја награда. Мислам дека најголемо достигнување ми е кога ни се јавија за да учествуваме на Бабабум и си земавме 80000ден. ако се рачуна
Охооо, колку наградни игри ми текнаа сега. Го поништувам предходниот пост, хаха. Играв наградна игра од Наш Свет (прв пат пратив купони тогаш) и ја добив премијата, телескоп. Исто така кога бев мала, памтам дека многу јадевме чоколади Милка со сестра ми и во секое коло за наградната игра ние праќавме опаковки, ама ништо не добивме. Исто така имам праќано и кодови од Кока Кола и други сокови, ама пак ништо. Еднашка добив на Супер Бинго, водеше Игро Џамбазов, 1000 денари. Ми го извлекоа ливчето нешто како помошно или незнам што беше, не ми текнува. А баш тогап бев на гости и таква цела возбудена, викам јавувајте се дома, ако ѕвонат на телефон бидете спремни. (така нешто правеа тогаш) Друго не ми текнува...
Имам добиено еден пешкир голем Милка, ама одамна тоа Мајка ми понекогаш купува ливчиња за Џамбо Бинго, ама до сега ништо
Ако за наградна игра се смета добиена грпка со фискална над таа и таа сум тогаш да : Имам Пантен голем пешкир и четка за шминка. И памтам пред многу години на кока кола наградна игра душек добив,ама татко ми не ми поверува и не ме однесе до пивара да го земеме ....свашта
Јас незнам што се случува со ова кафево Браво (капучиното) Секогаш кога купувам нешто мора да добијам , летоска кога бев во мк , купив , 1 лажичка , потоа пак - блуза , па шоља за кафе , па пак лажичка. Па мајка ми отиде да купи - на нејзе ништо Еве вчера пак купив - пак филџан ми се падна Или јас сум среќната или до кафето е
Ако некој го интересираат наградни игри, најдов една нова страница на интернет за наградни игри http://nagradnaigra.mk. Таму има разни игри, можете да ја проверите или ако знаете некоја друга за игриве што е за Македонија и што ги има најновите.
Темава како направена за мене Најголема награда со која многу се гордеам е викенд во Охрид преку конкурсот лирски треперења заедно но наставничката по македонски јазик , после имам добиено 3 пати од наш свен купончињата што се: книга (слатки мали лажливки ), дневник некој си со пенкала и моливи ,водени боици и една по малечка книга нешто во светот на славните .....не се сеќавам баш како беше . После од кафе неколку пати имам добиено лажички и мајца.На некоја презентација н Орифлеим добив награди маскара , сјај за усни и сенка за очи. Ииии не ми текнуваат други
бинго пред неколку год ми се паднаа 10 000 ден ,лото уплакам ден денеска по 200 ден по 800 иде некако,гребки коа се има залиџа пари знам и по 100 да изгребам и па ништо и имам една желба бар еднаш во сенатор казиното да влезам скромно
jas obozavam nagradni igri, sitnici imam eden kup, imam mobilen od frikom, tocak od bravo kafe...sega rekov ako mi padne kujna ide kaj majka mi, motor kaj sestra mi, a so trpezariska masa odma se selam...
Јас исто така обожавам наградни игри ама тие мене некако не ме обожаваат,највисока награда да кажам поклон ми е од every day влошките сјај за уста и маскара
Никогаш немам ништо добиено. МАЛЕР! Пред некој ден имало во еден кафич Пепси игра и секое шише било добитно, кога отидов веќе немаше Пепси
Верна сум на наградната игра на месечното списание Убавина и здравје.Со години го купувам и двапати имам добиено награда.Порано знаев и често да купам грепки,па и од нив неколкупати добив парична награда.Не можам да не ја спомнам популарната наградна игра со фискалните сметки.Планирам редовно да праќам плика,па можеби ќе имам среќа.
Немам среќа јас и никогаш не добивам ништо. Така да не ги пратам наградните игри освен сега ова со фискални сметки.
Што мислите за наградната игра на Рамстор за 8ми март? Што мислите за наградната игра на Рамстор за 8ми март?