Имам учествувано во неколку и имам добиено неколку награди. На онаа што беше на времето со Млади бунтовници серијата, купони ли се збираа, што ли беше...дискмен добив. И во списанието Наш Свет неколку интересни ствари, лепило со светки, тетратки некои, пенкала... и не ми текнува што уште, па во списанието Голем Одмор што подоцна го преименуваа во Оправдано Присутни добив неколку пати награда месечна претплата и пакет некои производи. Долго време немам учествувано но изгледа треба.
Кога сме веќе кај наградни игри, има една на Grouper која трае до 10 јануари. Еве ви линк па пробајте си ја среќата: https://grouper.mk/masina-za-podaroci/?affiliate=43493
https://www.facebook.com/tideamk/ Си ги заследив овие ТИДЕА секоја недела до нова година давале наградиии Јас верувам дека можда ќе си ќарам нешто Си аплицирав па стискајте палци жени убави !!!!
Девојки, доколку некоја сака да патува, еве ви прилика преку СТАФФ. http://upvir.al/ref/10303090 Напишете име и емаил и очекувајте да Ве изненадат <3
Лани добив две награди од Кока Кола. Имам добиено и чадор за сонце. Ама тоа беше пред 17 години. Друго ништо. Баксуз сум.
Овие од фибула секоја недела организираат бесплатно летување во Турција за двајца во хотел со 5*. Секогаш кога и да го следам извлекувањето, тоа е наместено. Кога ќе одберат иако не ги исполниле сите чекори за наградата тие ја добиваат. Не е фер и реално за луѓето што веруваат и се трудат.
Браво кафе на почеток, тактички, кога почнаа со наградната игра секогаш даваа барем ситни награди. Сега ништо, ни тоа не се паѓа, само да се лажат луѓето.