Ова изгледа како интересна игра...но не сум сигурен дали Heineken Македонија организира нешто слично.. https://www.heineken.com/hr/hr/player00#
Здраво. Ако има некој да ми каже за награднава игра "Тинекс 30години" кога ќе испратам смс дали треба да добијам повратна порака дека е успешно вклучувањето во играта или не?
Стасува повратна порака. Еве од прво коло, за тогаш имав јас пратено. Денес баш планирав за трето коло да пазарам и пратам порака.
Проверив и океј е незнам зошто не сака можеби има врска операторот, испратив од кај сопругот од Т-мобиле веднаш стигна повратен смс додека од мојот бр од Телекабел не, иако на двата тел проверив во менито premier sms access опцијата е ON... Инаку колку денари се наплаќа поракава дали знаете?
не ги прочитав правилата за Пепси наградната игра испратив код,капачето в канта ахах а требало да се чува доколку ме извлечат
Колку што знам, премиум пораки може да се праќа само од А1 и Телеком. Од Виртуелни оператори Телекабел, Лајкамобајл… не може. Цената е 5 денари + ДДВ.
Се си мислам дека паковките на добитната амбалажа мора да е некако обележана само не ми дошла ниту една добитна амбалажа за да ја споредам со недобитната посебно Браво кафеа а на Елит не се замарам секое 3то им е добитно сетови од стаклени филџани имам давано за по гости плус и што даваат гратис е топ ама овие Браво се скржави ни лажички не се паѓаат.
Ејјј те молам немој така. Ми падна термос од 250мл (успат тука емоџито што се кези од смеење со солзи)
Па ти си среќен човек. Барем ти се паднало нешто. Ќе имаш една чаша вода да испиеш во термосот. Камо мене да ми паднеше, ќе скокав на кревет... Јас од што немам среќа, ни сликичка во Чунга Лунга мастика не ми се паѓа.