Не е ова мрачење, поентата е дека сите тие можат да си дозволат телефони, А1 за публицитет ги награди наместо да му даде на тие што му требаат. Со тоа би добиле и поголемо почитување од народот, а и би се изрекламирале со тој хуман гест.
Каде може да и пишеме, дека не и е воопшто cool постапката кој им е mail за корисници, еве на пример повеќето од форумот ќе им пишеме, ќе увидат дека им е утка што дале телефони на јавни личности и можеби ќе наградат некој од корисниците. А и телефоните им се изгор на големи претплати ем се исплаќа повеќе од мобилара или од бела техника да се купи
Леле првпат слушам за ова и ОД-МА, значи инстантно се наежив. Како прво, кои се тие блогери/ки, инфлуенсери/ки? Сериозно прашувам, не сум запознаен... Има некој што знаете дека добил, да ми посочите? Не следам јас такви. Како второ, Македонија е едно бедно парче земја шо у рака го собира, па јаката реклама... Кај нас кокошка кога снесе јајце во Гевгелија се слушне до крајот на денот до Охрид, Скопје и Берово... Глупости. Мнооооооооооооогу се изнервирав за ова, еј! А јас мака мачам да дочекам еден телефон да ми дозволат да го земам на рати. Идиоти!
Некој друг ги заслужува тие телефони ама тие други нема да им донесат попусти за реклами или пак нема да им донесат толкаво внимание. Ма да нивната грешка е што не размислиле па дека можат многу повеќе да добијат ако ги дадат тие телефони на кои им се најмногу потребни. Сè е ова пазар. Се согласувам дека треба некој друг да ги добие тие телефони ама тоа е тоа.
Реклама за телефон не се прави со давање бесплатен примерок некому, или ставање на Wonder Woman во истата. Генерално, која е поентата ако сѐ уште не знам што нуди самиот телефон? Конкретно за А1, мислам дека треба тарифите да си ги промовираат, а не телефони кои ги има секаде по истата цена.
Масивна,во смисла на огромна. Некои корисници се сомневаат дека операторот им турал вишок разговори и повеќе интернет сообраќај за наплата од реализираниот во сметките.Ако АЕК не им помогне,размислуваат за таква опција.
deka kradat internet toa e jasni i vidno privavi i vo aek i za brzinata a za brzinata na 4g mi kazaa deka normalno bilo 1mbp/s download i 0.5 upload koja sramota. Edvaj cekam da mi zavrsi dogovorot da se batalam od ovie
E тоа е македонското... Ко вмро, крадеа, лажеа ама барем барок ни направија. Сдсм името го сменија, крадат, рекетираат ама барем надеж за у ЕУ ни дадоа, живот дојде Така и овие од ВИП, нити мрежа, нити поддршка за корисници, тужби фрнчат на сите страни за 1 неплатена сметка, си наддаваат на сметките ко од ракав - ама барем 10гб интернет ни дадоа ...
Е,ајде,де... И онака и они и Телеком даваа гратис гигабајти на лојални корисници,ма да Телеком почесто. Ќе воодушевеа да дадеа смартфони на корисници со мали примања,а вака само го разгневуваат народот уште повеќе.
Луѓе ова не е ништо ново. На истите тие блогери и инфлуенсери, разни компании ПОСТОЈАНО им даваат поклони за да ги рекламираат. Пример, некоја скапа козметичка компанија праќа неколку производи на инфлуенсер и овој демек задоволен од производиве објавува на социјални мрежи. Не дека се согласувам со ова, ама не е ништо ново. Сите овие компании што праќаат подароци кон блогери, ако ги дадат тие на сиромашните, се ќе беше поубаво.
Чекајте, и ние ли сме имале инфлуенсери? Зарем постои една едина особа во Македонија која под влијание на некоја наша инфлуенсерка, купила одреден производ или услуга ?
Мене ова воопшто не ме изненадува, како што кажа @candy.cane , ова е начин на кој функционира “современиот” маркетинг. Инфлуенсерите го рекламираат продуктот, што го добиле бесплатно, на нивните блогови, инстаграм и сл бидејќи инаат голем бр на followers, што започнува да биди тренд и во Македонија. Друга тема е тоа дека мене лично инфлуенсерите ми се одбивни, особено овие од МК, што се обидуваат да бидат во чекор со светските трендови, но изгледаат смешно и исфорсирано. Има и такви што се фасцинирани од горенаведениве така да, успешно би било рекламирањето.
Како бе ги наградиле? Школо има ли некој од вас учено? Сте чуле ли за јебен маркетинг? Им дале мобилен на ифлуенсери у замена за реклама, и чича мича готова прича. Исто ко у цел свет. И аман веќе доста делите правда кој е инфлуенсер, а кој не. Инфлуенсер ти е особа со многу следачи, на кои може да пласира продукт и да го продаде. А сеа ако таа особа не можете да ја поднесете од х причини, не значи дека не е инфлуенсер. Луѓето така прават пари, и тоа е.
Не ги знаеме. Ене спомнати се некои погоре на темава, не ги препознавам. Значи вип/А1 требало преку поинаква реклама да повлијаат врз мене, вака ништо не постигнуваат, фино лепо, ќе им ги откажам услугите.
@Gosh Операторите во другите земји покрај познатите фаци знаат добро да ги наградат и нивните обични корисници. Кај нас пак беше подобро со Cosmofon и ONE. ВИП е за никаде со интернетот кој паѓа 7-8 пати на ден,кај некои корисници и повеќе од тоа,а и плус луѓе се жалат дека им ставаат вишок разговори и интернет сообраќај,па затоа како што спомнав и претходно,рекоа дека ако не добијат помош од АЕК,размислуваат за групна тужба против ВИП,сегашен А1. Секој ден губат корисници. Секогаш е подобра реклама да му подариш мобилен на лојален корисник,особено на човек со примања помали од 20 илјади отколку на таканаречен инфлуенсер кој поседува повеќе од еден смартфон и се фали на социјалните мрежи.Нивната постапка дополнително го разгневува народот.