1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наградување на јавните личности од страна на A1

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од The Saturdays, 4 септември 2019.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.313
    Пол:
    Женски
    Телеком си е Телеком баце.
     
    На Alisa22, Dream-Girl, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.791
    Пол:
    Женски
    Иако е малку поскап сепак има поквалитетни услуги.
    Дома баш размислуваме во иднина да се префрлиме кај нив.
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.313
    Пол:
    Женски
    Цел живот сме на Телеком ние.
    Подобро послапо малку него, а се качам на Водно или искочам од Скопје да неам мрежа или интернет.
    Не знам јас Телеком никад не би ги сменила за ништо
     
    На +++, Dream-Girl, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.791
    Пол:
    Женски
    ВИП се скапаници.Еднаш 5 недели се јавував за да пратат мајстор,а мои познаници кои се корисници на Телеком никогаш не чекале повеќе од ден-два.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.313
    Пол:
    Женски
    Раскини го договорот со нив, шо да ти кажам хахахаја
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.791
    Пол:
    Женски
    Тоа и му го велам на татко ми.Не вредат.
     
  7. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Пишав во СДК мислење за ова уште кога видов дека на такозваните инфлуенсерки им се доделува нешто што несомнено можат да си го дозволат. Па само слика да направат се служат со апарат или со телефон со високи перформанси и мегапиксели на камера, а тие дефинитивно не се ништо евтинки.

    Да, дефинитивно македонските инфлуенсерки, може и да потенцирам некои затоа што ги следам, а искрено појма немам зошто ги следам, дефинитивно не ми требаат во животов.
    Прво затоа што не се искрени, рекламираат сѐ и сешто затоа шро имаат бенефит. И сега кој е тој некој неупатен за да поверува на сѐ кул, предобро, ефикасно, совршено, кога во реалност за нив е само бесплатен продукт за кој им е РЕЧЕНО да го РЕКЛАМИРААТ.
    Нема сигурно да речат ништо негативно. Така да не ми се некој релевантен фактор во животов ни пак некогаш ќе одлучам да купам затоа што тие го рекламирале.

    И да, ВИП(А1) само си набија омраза и лоша репутација од нас, обичниве смртници.
    Остај што се крш како компанија во однос на квалитет, со вработените во салон да не дојде до потреба да разговараш. Како да си појден да ги ограбиш се однесуваат кон тебе, а не како да сакаш да купиш/платиш нешто.
    Во секој случај, телефоните што им ги дале - ќе се само за реклама и да им фаќаат прашина.
    Што постигнале со тоа, не знам.
    А, кога народ ќе чуе што хуманост направиле А1 ако направеа добро дело и дадеа на некому што не може да си дозволи(а, после она со влошките, дефинитивно има фамилии што не можат смартфон или најобичен телефон да си дозволат), дефинитивно рејтингот ќе им се кренеше. Ама сега тие си одлучуваат.

    А, инфлуенсерка е девојка што се слика и што објавува слики од различни локации. Која општествена улога е тоа? Ама си пратиме светски трендови и после викаме не се живее како блогерка во Мк, па дефинитивно ни од минимална плата не се живее...
    И да, инфлуенсерски личности порано се сметале интелектулаците кои стварно се нешто и докажале нешто, а не сега трендов...
     
    На The Saturdays, nextredstyle и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Не ни сум корисник на овие А1 (Вип), но дефинитивно немале потреба да даваат телефони на некои кои веќе имаат повеќе телефони и високобуџетни фотоапарати. Слушнав за ова тука, не следам никакви инфлуенсерки по социјални мрежи, секако се днодна, за едно производче бесплатно добиено праат реклама ко кузне шо да е.

    Подобра реклама ќе направеле доколку имале некои пакети со попуст, или да доделеле бесплатни телефони на луѓе кои не може да си ги дозволат или на долгогодишни корисници.

    Но, немаше обичните смртници да ги изрекламираат по социјални мрежи нели... :)
    Можеби у некој паралелен универзум ќе беше обратно од сега, па ќе доделеа на тие навистина шо им се попотребни него на некои си инфлуенсерки.
     
    На +++, BlackMistery, The Saturdays и 4 други им се допаѓа ова.
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    8.375
    Пол:
    Женски
    Па по срање маркетинг од ова нема.
    Нови корисници се привлекуваат со добри пакети и убав збор од постоечките корисници.

    Не е битно дали некој има или не пари да си купи нов телефон. Требале да ги подарат телефоните на верни корисници и редовни плаќачи. Сигурна сум дека вака би имале уште поверни корисници и во поголем број, барем следните 5 години. Поголема реклама од ова има ли?
    Со давање на телефони на некои си особи, ни ги знам кои се, ниту ми излегол некој на инстаграм со телефон од А1, не е ни битно, ама баш ништо не добиваат сигурна сум.
    Не рекламираат нова крема за лице туку телекомуникациски услуги и телефони.

    Деловниот однос на Вип беше катастрофа, нема да биде ништо подобар ни на А1 ете уште у старт кој ги шиша корисниците кои богатство оставиле кај нас години наназад.
    Мрежата и понатаму катастрофа.
     
    На The Saturdays, nextredstyle, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Луѓе ова не е getaway па да подаруваат телефони на долгогодишните корисници. И вие корисниците не сте лишани, имате гратис 10 гига интернет.

    И не знам што е чудно што им дале на модели да рекламираат телефони. Луѓе кои со својата убавина, пари, тело или стил стигнале до некој мал милион на фоловерс и заработуваат за живот, кои истовремено го промовираат тој производ на тој мал милион луѓе. :)
     
    На Feminka22, Cka и shz им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Искрено кажано, нивна работа е кого ќе наградат. Ние плаќаме и добиваме за возврат услуга. Јас кога одев во вип не си мислев ај се надевам ќе добијам некоја награда некогаш. Ако ми дадат некогаш супер али ако не ми дадат што имам да се лутам. Тоа ми делува малку жално. Ќе се лутиме пошо не ни дале нешто што не ни следува. Тоа што мислите дека ви следуваат награди како верни корисници то уопште не е точно. Некој може да мисли дека компјутер му следува. Некој може да мисли ауто дека му следува. Реалноста е ако имаш пари ќе си купиш. Ако немаш немаш. Ај ќе чекаме милостиња. Жално
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Скрос точно. Да не се лажеме, може им љубомориме малку па затоа не ги поднесуваме. Некој погоре пиша не можел да си дозволи телефон ни на рати. И сега што да праиме? Не значи дека награда треба да добие. Милиони луѓе во светов не можат да си дозволат милион ствари.
     
    Последна измена: 8 септември 2019
    На Feminka22 и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.791
    Пол:
    Женски
    Се работи за принцип и за морал.Кога веќе многу корисници се разочарани и ги напуштаат,треба да се насочат кон тоа да престанат со вишок денари во сметки и да си ја подобрат мрежата.
    А,тоа што дадоа смартфони на некои ликови кои веќе имаат телефони ги прави дополнително лоши.
     
    На The Saturdays, +++ и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  14. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е проблем што мене не ми дале ништо, не ни сакам милостина не ни чeкам, мене ме фрустрира тоа што не му даваат на личности кои стварно немаат, а за жал тие се многу зошто наместо да му помогнат на луѓето што немаат тие ги расфрлуваат телефоните кај "инфлуенсери" жално е што се употребува тој збор бидејќи освeн убави слики, комбинации и рекламирање на секакви производи што ќе ги добијат не објавуваат нешто што може да влијае на другите, а пола од нив се самопрогласени блогерки што сите знаеме како таа половина ги добила следбениците (follow unfollow)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    И да подареа на личности на кои им треба како што пишувате, пак ќе беше медиумски пропратено и коментарите ќе беа “ете, демек хумани, а се фалат” и сл. но во тој стил као хуманоста не е за јавно да се експонира и пак немаше да ни чини, така да сеедно е кому дале. Ова со Вип стана А1 е само уште едно перење пари како и се во државава, џабе се дискутира.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А бе седи аман принцип и морал било. Ко леб да делеа. Се работи само за чиста љубомора, они добиле телефонче јас не. Ако не ти одгова мрежата кој те држи со сила, замини си. А не да очекуваш награда а ништо што не си направил. Некој веќе кажа, тоа е реалноста секаде во светов со луѓето што имаат многу следбеници на социјални мрежи, тоа е маркетинг и успева. На кого сакаат ќе дадат што сакаат. А тоа што ти имаш некоја идеја као ги губеле корисниците ако сакале да се спасат требало нас да ни поделат, тоа е искрено смешно. Вип е најголем оператор во државава тоа е факт. Веруј не им требаме јас и ти да кажуваме како да се спасат
     
    На Feminka22 и Gosh им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.791
    Пол:
    Женски
    Никој не е љубоморен,сите коментиравме да дадат телефони на корисници со примања помали од 20 или 15 илјади.Тоа ќе беше и хуман гест и добра реклама.
    Патем не е лесно да се раскине договор предвреме со оператор,пеналите се од 100 евра нагоре за раскинување на договор за пакет со повеќе услуги.
     
    На The Saturdays му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не се должни они да им купуват телефони на тие што земале мали плати. Ако имаш пари ќе си купиш, ако немаш има и поевтини телефони така е за се во животов. Не се грижете вие за добра реклама. Се испогриживте ем за овие што не добиле телефони, ем за овие ќе ги изгубеле корисниците. Они знаат што прават многу повеќе од јас и ти, да не се праиме експерти на секоја тема. А пеналиите се скапи али договорот трае две години што се ништо. После 2 години ако не ти одговара се тргаш, а не чекаш награди. Јебига сиромашна земја сме али тоа не е проблем на вип
     
    На Alisa22 и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    На кој љубомора... постапката не му чини, а за да очекуваш награда а ништо не си направил , оти тие што ги добија многу направија за Вип, подобро ќе беше други да добиеја а не ние како поединци. Убаво кажа некаде во светот, кај нас не е така од следбениците на македонаките инфлуенсерките пола се под 15 години и баш ме интересира демек со рекламата од нивните сториња тие ќе ги молат нивните родители баш таков телефон да им купат, а за другите што ќе го видат сторито да речам поголемите, да бидиме реални никој не се лажи да купва и да верува на нивните "промоции"
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не направиле за вип али стекнале популарност, а тоа што ти мислиш дека нема влијание таквата реклама тоа е твоето неразбирање за тоа како функционира маркетингот. Ако мислиш дека е прелесно повели и ти стекни голема популарност. Плус ви дадоа 10 гига интернет. Вака само делувате ко да молите. Од никого не е обврска вас да не снабдува со било што. Заработи си и купи си. Ако немаш пари нема телефон. Не плачете по форуми ко мали деца.
     
    Последна измена: 9 септември 2019
    На Alisa22, Gosh, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.