Надарени (Мерилин Кеј)

Дискусија во 'Книги' започната од cool-girl, 13 јули 2011.

  1. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Надарени е група од 6 книги во кои се зборува за 9 ученици(секој со посебна дарба).Од тие 6,само 5 се издадени на македонски.Па,ако сте прочитале некоја од нив напишете впечатоци. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Elcep, LomlKaiParker и Whitecloud95 им се допаѓа ова.
  2. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Јас го читав првиот дел одамна, мноогу одамна. Само се сеќавам дека ме нервираше лошиот превод и не ми остави некои импресии. Онака, прошетка во парк за умот.
     
  3. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Ги прочитав првите три дела. Интересни беа ама ме нервираше оти беа измешани настаните, инаку ги препорачувам книгиве.
     
  4. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Јас сум ги прочитала 2,3,4 и 5 дел :) Ви ги препорачувам
     
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    :clap: за темава

    Ги имам прочитано четирите дела, ми фали уште петиот. Книгите се многу убави. Иако малку се надреални ако добро ги раздлабочиш од нив можеш да извлечеш многу не само за темата на која се темелат туку и за социализирањето, снаваѓањето во средината и комуникацијата.

    Се внесуваш во нив и се повеќе те тера да читаш.
    Убави се посебно за деца кои минуваат низ тинејџерството. :)
     
  6. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Само 1 и 2 дел ама одамна :P
     
  7. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Го имам прочитано само првиот дел...и не бев нешто посебно импресионирана...премногу фантазија за мојот мозок :P
     
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Досега ги имам прочитано сите делови кое се излезени.

    Интересна ми се, онака полесни книги, кои те внесуваат во читањето и тераат да читаш. Знам еден од деловите го прочитав за 1 ден.

    Ме нервира што многу бргу се префрлуваат од еден во друг настан. Нереална е, ама и неизвесна. Почнуваат и да ме нервираат што многу долго не е излезен нов дел. Ми недостигаат :lol:
     
    На PeaceLoveBasketball и Meggy им се допаѓа ова.
  9. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Ги имам прочитано 3 и 4 дел не се лоши книгите не ми оставија лош впечаток, лесни се за еден ден се читаат иако не се многу мали (по бројот на страниците) ... има многу нереални елементи со многу фантазија баш како за тинејџери ..нешто слично со Хари Потер, Децата Шпиуни и такви слични....Стилот е многу лесен и едноставен, разбирлив и изобилува со модерни термини и жаргони...
    Ако ви се најде при рака не ја испуштајте прочитајте ја во секој случај, секоја книга е добра книга и носи само повеќе знаење нема што да изгубите... :D ;)
     
  10. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Првиот дел го земав од библиотека и многу ми се допадна! Бидејќи ги немаше другите делови во библиотеката, ги купив. Тогаш беа излезени само првиот, вториот и третиот дел. Сега сите ми се прочитани и ги препорачувам на секој, има за сите по нешто.

    Ми се допаѓа начинот на кој пишува Мерилин.
    И да, јас мислам дека се 9 дела, но можеби грешам. Едвај ги чекам останатите делови+. :inlove:
     
    На The.Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Прочитани ми се сите 5 дела. Мене ми се убави. Онака, мистериозни, интересни до крај. Се внесувам во нив постепено и едноставно не можам да ги оставам, читам понатаму и понатаму да видам што ќе се случи.
    О, да, знам дека е само една фантазија... Ама сепак, јас ги сакам книгиве.
    Посебно ми се допаѓа првиот дел.
    Би сакала да има и повеќе делови! :)
     
    На Elcep му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Одамна ги купив и ги прочитав првите три дела.Многу се добри-целосно се внесов во ситуациите опишани во книгите.Ви ги препорачувам на сите што сакате жанр-фантазија :lol:
     
  13. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Прекрасни се.Зависна сум од нив.Препорачувам да ги прочитате сите делови.. :)
    иако јас 3 недели чекам да го земам 4 дел :$
    Многу ми се интересни,мистериозни,неизвесни,и секој дел завршува со нешто неоткриено,или аманда сака да глуми херој,или не се дознава планот на злобните итн итн...

    Сепак омилени ми се :*
     
  14. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Ги имам 3ти и 5ти дел, кога ги купував не знаев која книга кој дел е и дури кога убаво ги разгледави видов дека има бројка на нив. :lol:

    Добри се, но има некои делови кои се многу збркани, дали поради лошиот превод или пак писателката неможела да објасни убаво.. :!:
     
  15. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    баш денес го зедов првиот дел... добра е досега :)
     
  16. RoseMarie

    RoseMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    18
    Уффф ГИ ОБОЖАВАААМ. :inlove: :inlove:
    Ги имам од 1ви до 5ти.ГО чекам 6ти ,кој е издаден но сеуште не во Македонија-(колку што јас знам)
    Значи преубави одвај чекам да го прочитам 6тиот дел.! :talk:
     
  17. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Мене искрено ич не ми се допаднаа.

    Ликовите не ми беа нешто добро разработени, приказната ми беше некако површна.
    Индивидуална работа секако.
     
  18. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Одмор за мозок. Лесни книги , интересни ми се. Ги имам прочитано сите делови кои се во Македонија ,односно 1 ,2 ,3 ,4 и 5ти.
    . Мислам дека се 9 а не шест. Знам дека во шестиот дел се работи за Картер Стрит односно момчето кое го нашле на улицата КАртер Стрит па затоа така и го нарекле. Оној ќутливиот кој ништо не зборуваше. :lol: Тој може да се трансформира во се што посака. Незнам дали овој дел ќе биде интересен бидејќи многу е плитко тоа ,,може во се да се трансформира,, како за дечиња од 5 годинки. Незнам можеби па ќе биде најдобар до сега , иаку не верувам :^)

    Сепак на секого би ги препорачала бидејќи има нешто во нив кое те тера да ја дочиташ.
     
  19. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Е баш фино што има само позитивни критики. Следни ми се на листата за летово.
     
  20. blue.jeans

    blue.jeans Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    35
    Ги имам прочитано и јас 1,2 и 3 дел и баш ми се допаднаа :D едвај чекам да ги прочитам и другите :D