Јас го имам прочитано првиот дел и да ви кажам, дека почнав да ја читам книгата доцна во ноќта и дека почна да ми се спие, си легнав и едвај чекав да дојде следното утро да ја дочитам. Имав 14 год, кога ја читав па ми беше ептен интересна
Првите два дела ги земав од библиотека и видов дека се интересни и другите четири дела ги купив од саем.Кратки се и имаат содржина која те тера да видиш што ке се случи следно ..
Ај да се пофалам дека го прочитав и вториот дел Интересен е и вториот, но не толку многу колку што е првиот Сепак и овој дел го прочитав за брзо, за 2 дена
Го прочитав првот, претходниот пат во библиотека сакав да го земам вториот ама го немаше ( некој го немал вратено) па сега кога ке одам повторно сакам да го земам втори ако го нема пак ке го земам трети ајдее се измешано Важно книгата ми е многу убава
Ги имам прочитано сите делови и сите ги имам дома, а на компјутер ми се сите делови на англиски. Ми се допаднаа, иако прво мислев дека ќе има 9 дела, во секоја книга опишан по еден лик. Инаку, последната книга некако не ми остави впечаток како последна, мислам дека ќе следуваат продолженија, иако никој така не кажува, дури ни авторката на нејзината официјална страна за овој серијал. Воедно, впечатокот кој ми го оставија книгите не беше воопшто силен, едноставно ова се книги кои се читаат во еден здив, или народно кажано, колку да ти помине досадата. Поздрав
Моментално го читам првиот дел,и многу ми е интересен. Брзо се чита,и сакам да ги прочитам сите делови
Ги имам прочитано сите шест делови.. Многу ми се интересни.. Сите ги имам прочитано двапати Spoiler Вториот пат ги прочитав сите 6 во 3 дена Ги препорачувам на секој книги кои ќе ве заинтересираат уште од правата страница
Сите ги имам и сите ми се прочитани, да не знае некој дали има 7-ми дел зашто некако поглупо и неможеше да ми заврши, мислам ова не е крај, ама стварно, и што дека Spoiler Картер (ПОЛ ) седнал и ја слушал Мадам!? Ако има 7-ми дел директно ја земам и ќе ја прочинам за 2 часа ко што имам обичај со сите интересни книги..
Ги имам прочитано сите делови, а останатите три дела ги иам читано на англиски, али супер се..баш онака тинејџерски
Ги имам прочитано првите 3 дела многу одамна, онака лајт тинејџерски книги, тогаш уште се сеќавам бев под импресии на серијата Волшебнички па книгиве ми дојдоа како капак на тенџере
Ги читав во септември 2012, свежо почнати на училиште без многу домашна работа и ги прочитав сите што ги пронајдов,в о редослед, ми се допадна приказната премногу, надарени ученици во училиште во кое можеш да споредиш личности што ги има и во вистинскиот живот. Прекрасна приказна, препорачувам.
Ги прочитав првите 3 дела,и можам да кажам дека се добри. Би ги прочитала пак,онака повеќе за опуштање или кога би имала повеќе цлободно време,па да си се внесам во книгичката.Фала ти cool-girl,тотално заборавив дека ги имам на полица,ќе си ги прочитам пак.
Не ми се верува дека почнав ова да го читам Книгиве ми ги сменија мислењава кои претходно ги имав...инаку ги прочитав првите 2дела сега одам на следните.Доста интересни книги,ме тераат се повеќе да се задлабочувам
Надарени ги прочитав сите делови лани летото. Книгата ми остави голем впечаток. Ја препорачувам на оние кои сакаат лесни стилови и малку нереалност. Браво за книгата Чекам и нови делови..
Ги имам прочитано 1, 2 и 5, и на сите топло ви ги препорачувам. Прекрасни, тинејџерски книги кои го будат моќниот свет на фантазијата и те прават со сласт да ги читаш. Летово планирам да си ги купам и останатите делови, многу ги засакав книгиве.
Читав некои делови од овие книги и ги обожавам, но не можам да ги најдам сите... Интересни книги кои се читаат во еден здив...
Ги имам прочитано 1, 3, 5 и 6 дел. А 3 и 5 ги имам и купено.. не велам дека се лоши, интересни се за читање. Ги читав за 1 ден xD
Јас првиот дел го прочитав, иако не обожавам ваков стил на книги морам да признаам дека ја прочитав во еден здив нестрпливо чекајќи како ќе заврши! Многу ми се допадна