Значи сите 6 делови ги имам прочитано , книгава е ПРЕКРАСНА , тој што ја нема прочитано не мора да чека веднаш нека ја земи од библиотека и нека ја чита и + тоа многу е лесна и интересна за сваќање и се чита за 2 сати (барем јас за толку време читав еден дел т.е. една книга )
Ги имам прочитано првите 2 три дела и многу ми се допаднаа,жанрот ми се погоди.Лесни се за читање,онака за опуштање.Освен тоа,постојано нешто се случува и те тера да читаш,да читаш и да читаш.
Ауу незнаев дека имало тема за книгиве.. Ги имам сите 6, со нив си ја започнав домашната библиотека и имаат посебно значење за мене Баш памтам првата кога ја читав и знаев дека морам да ги имам и другите, кога си ги купував и другите делови најрадосна бев Одлични се сите, ама можеби најмногу ми се допадна првата книга, интересна ми беше таа споредба Аманда/Трејси Сега малку ги имам и заборавено другите делови, така да планирам пак да си ги прочитам кога ќе имам време Спојлер инаку порано мислев дека се 9 делови, очекував да излезат уште три.. уште чекам.. :geek:
Да не знае некој, се планира ли седми дел? Мислам дека мора да има, сепак тука ништо не завршува, и онака не се знае каков е тој Др.Палеј, и каде отидоа Џексон, Серена, Клер и другите. Ако има следен мислам дека ќе биде или за Мартин, или за Чарлс, зашто мислам дека Сара и нејзината причина зашто не ја користи дарбата ќе се откријат на крај. Штом излезе, одма ќе си ја најдам оналајн, а кога ќе ја преведат на македонски, ќе си ја купам.
Јас прво го читав 6тиот дел,ама се сфаќа што се случува После дознав дека всушност книгата е во повеќе делови и некои ги купив некои од библиотека ги земав и така сите ги прочитав по ред.Фантазија се, интересни се. Спојлер Мислам дека има 9 дела ама на македонски се преведени само 6.Кога ќе излезат другите,обавезно ќе ги прочитам
Не не. Се’ уште нема објавено седми дел. Ниту на англиски. Јас би ја читала и на англиски, кога ќе размислам, можеби и подобро е на англиски... Ич не ми се допаѓаат македонските преводи. Во една книга „Талент“ мислам дека беше пишуваше „и-телефон“
Браво за темава. Гледам дека темава не е од сега, па пишувавте дека има само 5 дела, ама сега го има и 6 дел преведен. Книгите се фантастични, ги имам сите 6, по 2 пати прочитано
Овие книги тука,ме натераа да читам Си читав текстови,поезија,проза,ама книги да читам,онака цели книги,не ми беше навика и ме мрзеше. И после овие книги,морам да си имам нешто за читање покрај себе. Одлични тинејџерски приказни.
Јас го имам прочитано четвртиот дел за рок од 2 часа. Премногу ми е интересна. Сакам да ги прочитам и другите, ама ги немаат вратено во библиотека.