Ако е секое утро и е навика сосема се доволни 10-15 минути. Пишувај колку сакаш, само немој на латиница. ПозраФ
Да, незгодно е кога ќе се осетиш како жртва на нечии предрасуди, али јебига, сите сме склони кон предрасуди. Мислам дека нема човек шо нема некаква предрасуда. Едноставно ствараш мислења и перцепции во животот и после може да ти се побијат или потврдат, али како и да е, ги ствараш. Оваа предрасуда е една од најчестите, и тоа не само кај нас, туку општо. Низ вековиве позади нас, пред жените да добијат право на глас и други права, единствена задача им била да бидат убави и дотерани, за добро да се омажат. Или за да бидат проститутки. Не биле уважени за нивниот ум. Не дека го немале, само нивниот ум бил генерално - небитен. Тие што не биле убави, ниту имале богат мираз, имале слобода да се бават со својот ум и да работат, пошто никој не ги замарал за мажење И така се створила таа предрасуда, која со векови ја имаме сите. Еве јас последно, имам една професорка во средно школо, на социјалниве мрежи во пријатели. Нонстоп ја гледам со селфија, со напрчени усни во пољубац, со длабоко деколте, со јака шминка, со миничи сликана на работно место, со сексуално провокативни слики. Можеби е паметна, не знам, можеби добро си ја работи работата - исто, не знам. Како и да е, не би сакала мое дете да учи кај неа. Не ми делува сериозно и не ми се допаѓа тоа што го гледам од неа.
Пa и не мoрa дa знaчи, имaм другaркa штo знaе прекрaснo дa се шминкa, сo кoнтури сo сенки, пa пaк иде нa шкoлo без шминкa и истoвo гo имa реченo. Гнaснo е дa се шетa небaњaт и немиен, a не дa се шетa сo гoлo лице вo институцијa кaде штo глaвнa цел е oбрaзoвнaтa.
Awww, многу со безвезни размислувања тука. Ако носиш шминка да не се плашиш професорот да не мисли лошо за тебе ? Изгледа тоа е Шминката е одлика на грижата за себе и не мешај средно со факултет. Ете погледни поубаво и ќе видиш дека тие што не се капат и смрдат не се ни шминкаат.
Ја пратам од вчера темава... Тоа што го напиша и @Joi познавам и јас ист тип на девојки. Јас сум од тие што не се љубители на шминкањето посебно кога станува збор за на факултет и што сега ГНАСА сум. Мислам хахахаха од кога шминкањево стана критериум дали е некој чист или гнасен. Кај мене на факултет поголемиот дел се без шминка и пак изгледаат педантно, културно и средено. Не се бушави, пристојно се облечени, мирисаат добро, сакам да кажам водат лична хигиена и тоа што не носат шминка ги прави гнасни? Познавам и девојки кои редовно се нашминкани, небитно дали е 5 на утро или небитно кој дел од денот, веѓите обраснати, битно исцртани се или брк ко на Гоце Делчев ама битно пудра имат... Мрсна коса залижана со 1 кг. лак за да не се познават ама битно е нашминкана. За шминкање мојт да најт време, да се искапит и да се СРЕДИТ не е неопходно, со тоа што е нашминкана се останато не е битно. Така @pupi.girl ? Во име на светото тројство Пудрата, Карминот и Сенките, Амин.
Кај мене па е обратно. Тие што не се шминкаат се со мрсни коси и смрдат на пот. Не те познавам, не можам да кажам дали си или не си. Обично така си оди тоа, а вие што се вреѓате тоа е друго веќе. Личен избор е како изгледаш и дали ќе се шминкаш или не.
Ич не се вреѓам само не ми е јасно релацијата шминкање- хигиена. Демек ептен силна меѓусебна врска имет па се строго поврзани и аку не се шминкаш не одржаваш хигиена. Имат секакви случаи не сите што се нашминкани водат лична хигиена и не сите што не се нашминкани се гнасни то сакав да го кажам
Не знам што си земате при срце толку. Ти ако си одржуваш лична хигиена супер, јас кажувам пример за девојки кои ги гледав секој ден пет години по ред и ете така се погодило. Кај тебе друг случај и ок е. Има секакви и се по светов, само не ги разбирам тие што се вреѓаат толку многу и пишуваат во ЛП. Форум е, а дали се вреѓа некој или не воопшто не ми е грижа. Не е форум за луѓе со слабо срце.
Туу какво чудо направила леле аман се нашминкала па тоа е нешто невидено. Сите се шминкаат некој само за посебни пригоди други секојдневно. Има луѓе што секој ден се бањаат па не се шминкаат ама гнаси се зошто не носат шминка според тебе. Па не ме навреди најискрено не ни допре до мене, само ова гнаси и мислење не е најдобар начин за да се изразиш односно мислењево не ти е на место. Има разлика помеѓу хигена и китење на надворешен изглед. Шминката можеш и на неизмиено лице да ја ставиш.
Е тука грешка си. Не знам која ја става така, ама ете ти изгледа знаеш, па повели кажи, зошто твојот начин на изразување е нај нај не треба да ти е проблем. Ајде повели.
Јас не ги гледам дома кој како ја става ама и самата кажа секакви случаеви има. Па има и во ова. И мрсна коса да има некоја и да не се избањала ќе стави шминка колку да изгледа посредено. Да не не е можно? Може ти не го правиш тоа, ама друг го прави. Ти носи си шминка, имај свој став и мислење ама оние што не носат не се ништо подоле од тебе.
Зато и јас и пишав, а таа одма демек сме си земале при срце. Да ме погодит нешто што е важно, ова- комплекс. Во средно на еден семинар така 1 недела бев заглавена во иста соба со една "чиста": јас гнасава секое утро стани изми лице, заби ова она, а таа тоа што и останало од шминката од претходниот ден ќе го потпопраеше, шминка на шминка, лапни мастика и готово. Лице миеше од капење на капење. Поим за хигиена, алал да и е... Нашминкана беше стално
@pupi.girl иако е надвор од темата морам да ти одговорам. Не сфаќам зошто лична хигиена ги ставаш на исто ниво со шминка. Па познавам девојчиња кои се секогаш убави, средени, а немаат ни грам шминка на себе. Ако јас одржувам лична хигиена, а не се шминкам, не водам грижа за себе? Гнаса сум зошто на факс одам без да ги покријам акните со кило пудра? Ете немам толку време од сабајле да ставам пудри. Да не сум и гнаса затоа што во зима рацете ми се суви, испукани и покрај тоа што ставам нон стоп крема? Или пак можеби што имам суви усни дури и во лето и едвај ги одржувам. Кога се шминкам секојдневно ставам само малку римел, сјај и ги поправам веѓите. А на пример кога имаме вежби на микроскоп не смееме да носиме римел. Па кажи ми дека сум гнаса. Сакаш носи шминка или не, ама немој да споредуваш шминка со хигиена и среденост. А за темава, не се чудам искрено. Сум се среќавала со луѓе кои интелектот го двојат од надворешната убавина. И не е само кај нас. Како општо некое правило е демек ако некоја девојка е убава, не може да е паметна и обратно.
@pupi.girl Oчигледнo oдaмнa имaш зaвршенo среднo штoм викaш дa не мешaм среднo сo фaкултет. Вo среднo имa девoјчињa штo идaт сo сенкa и туш, имa и штo идaт без шминкa. И истите муaбети кaкo твoите ги имaм слушнaтo oд девoјки вo среднo. Бaш вo среднo имaш пoвеќе време дa се пoсветиш нa себе, нa фaкултет имa дaлеку пoвеќе зa учење. Пoентaтa беше декa денескa сме тoлку сме oпкружени сo нaшминкaни лицa, скриени oд секaкви недoстaтoци штo гнaснo и ненoрмaлнo е без шминкa дa се oди. Имa денoви кoгa пo пoлсaaт стoјaм пред oгледaлo и се шминкaм oд штo ми е мерaк, имa денoви и кoгa ми е гнaс дa си ги мaчкaм aкните и сo пудрa, некoгaш бaш ми е сееднo дaли имaм или не. Не е рaбoтaтa декa некoј се нaвредувa, туку декa не си вo прaвo кoгa викaш декa тие штo не нoсaт шминкa се гнaсни и немиени.
Најдобро е да си комбинација од двете работи истовремено...Поголеми шанси да оставиш феноменален впечаток од било кој аспект, а помали шанси некој да си поигра со тебе и да те манипулира
Па искрено, не се замарам нешо многу - многу на тематикава оти најчесто оние кои судат нечиј интелект преку изгледот, ( ова најчесто за жени важи ), според мене се дегени, а со такви нит комуницирам ако не морам, нит ми е битно нивното мислење... И само да се надоврзам дека најголемите генијалци кои ги познавам се запустени на ниво на безкуќници, и страдаат од депресии и слично. Не за џабе викаат дека тенка е границата помеѓу генијалноста и лудоста. Нејсе, шлапајте се ко транџи за до дуќан, за да не помислат ,, интелектуалциве ,, дека сте гнаси.
Не би требало да има предрасуди бидејќи надворешниот изглед нема врска со интелектот според мене.Ако една девојка е паметна и образована не значи дека треба да носи алишта од помината мода,коса мрсна,протези,вишок килограми и очила како тегли.Стилот на еден човек не зависи од образованието туку од самиот себеси како се пронаоѓа самиот себеси и како се чуствува најудобно.Ако некој сака патики нека носи патики,ако некој сака фустан и тоа е во ред.Секако не ги оправдувам девојките кои одат на училиште или факултет со отворено деколте или нешто слично провокативно,но зошто да не би ја се носеле модерно и со малку шминка?Зарем тоа ќе значи дека тие се заинтересирани само за мода и доаѓаат не да се образуваат туку да ги рекламираат новите парчиња гардероба?Ако се сака може да де биде и образован и модерен нема потреби од предрасуди кон луѓето заради нивниот физички изглед.
На факултет се десило да одам и по тренерки и без шминка. Факултетот не е институција каде треба да се дотерувате за да бидете видени, не е ревија и не е глам фестивал. Не ги судам луѓето по изглед за да положат, има луѓе се утепуваат од учење па го кријат тоа под шминка. Да, за жал така размислуваме денес по изглед се суди, но изгледот знае и да излаже.
Каква врска има шминката со ова? Или си гад или не си, има изнашминкани што очи не мијат и секој ден си ја надоградуваат маскарата од претходниот ден, а има и девојки со преубави чисти лица кои немаат потреба од никаква пудра. Да се вратам на темава, кај мене во околина е баш обратно. Оние кои изгледаат подотерано и посредено се и оние поинтелигентните. Се согласувам апсолутно со тоа дека интелигентен човек не дозволува да си се запостави и да изгледа лошо ама па и немора да значи, какви гении имаме во ИТ што не се исшишале и избричиле уште од 2003 ама тоа е. Девојките и жените кај мене во фирма се во најголем дел убаво дотерани, нашминкани и со средени фризури, има жени на доста високи функции што кога некој би ги видел на улица не би ни помислил што работат. И за мене многупати ми имаат кажано мислење дека не верувале дека знам убав мабет да напраам, да се заебавам и слично. Да, ме осудуле поради изгледот дека можеби само добро изгледа, а незнам два муабети да сврзам или не веруваат дека работам таква работа, можеби ни дека имам завршено јак факултет. Сеедно.