Да, имав професор на факултет што изгледаше како исфрлен од поплава, а беше генијален ум. На темава јас мислам дека изгледот зависи од перцепцијата за себе. Нема тоа никаква врска со интелект.
Тоа ни малку не го оправдува да шета неуреден пред студентите. Тој баш треба да им е пример во животот од кого треба да учат. Јас напротив. Кога ќе видам тип-топ средена девојка имам многу позитивно мислење.
Прво, темава е идеална за да се пофалиме колку сме ние убави и паметни во пакет Второ, разбирам нежна шминка (сјај нешто, руменило ко за боја), ама пудра разлеана, маскари за волуменозни трепки, тушеви, мачканици од креони, на факултет??? Сељачизам. Или некои комплекси од изгледот, друго нема. Ама и тие би требало да се средат преку дискретна шминка, пудра не е паштета. Трето, интелигентен човек не шета гнасен и до толку несреден, не постојат такви запуштени генијалци, тоа е мит. Четврто, ич не е тролање првиот мој пост во оваа тема, иако така изгледа, навистина по израз на лице и поглед може да се процени дали е некој бистар или не е.
Има препаметни луѓе кои се тип-топ средени од глава до пети и за кои на прв поглед повеќето би помислиле дека единствена преокупација во животот им е изгледот што и немора да значи. На пример, познавам супер згодни девојки кои воопшто не губат време пред огледало а изгледаат совршено но познавам и такви кои наутро со часови ѕидаат фасади на фаците па пак не е тоа тоа. За жал има и такви кои и не се баш многу паметни ама благодарение на фацата просперираат во животот. Вистина е дека за некои професии треба добар изглед, тоа е неоспорно. Зборувам за оние професии каде е потребен некој со знаење.
Секој, а посебно жената, треба да внимава на својот изглед, да се негува и одржува, а тоа како ќе го толкуваат луѓето, воопшто не треба да се замара, зашто секогаш ќе се најде некој што ќе даде несоодветен коментар, без разлика дали од простотија или од завист, не треба никој да го тангира тоа. Инаку, не секогаш може да се суди по надворешниот изглед. A, кога жената ќе поседува и добар физички изглед, и интелект, тоа е “the best”!