Добар ден, дали може да ми препорачате солидна УВ/ЛЕД лампа за користење во домашни услови, за соптвени потреби со не многу висока цена. Веќе имам една подолго време, не ја користам бидејќи не сум задоволна, испратив и слика од неа Исто така доколку може да ми препорачате Soak off gel кој би можел да се користи како builder. Однапред Ви благодарам.
Девојки, имате слушнато за dip powder nails? Релативно нова техника за правење на нокти, без употреба на гел и лампи за печење на гелот. Дали знаете каде ги има кај нас базата, правот (светките) и покривниот лак? Да се надоврзам на претходниот пост, има сетови за dip powder nails на aliexpres. Нарачав веќе еден сет со 6 бои и се надевам ќе ми биде успешен маникирот.
Да, повели: https://m.aliexpress.com/item/40007...OAh_xG9sqxyaArTZ2rmTtaoVq_dTCzQcaAluQEALw_wcB Разгледај, има и други.
Помош... како да го користам чудово? На задната страна од амбалажата пишува да се пече, но и покрај тоа остануваат мрсни траги на ноктите. Јас ги пребришувам со алкохол, ама не знам колку е правилно.
Дехидратор па прајмер. Многу малце и тенок слој треба да ставиш и остави да сњ засуши. Мојот за 2мин беше сув
женски, можно е да не е прашањево за тука, го поставив и во друга тема, ама- од многу правење нокти ми се оштетија. пожолтени ми се, изгребани (од турпија) и кршливи. се немам лакирано месец дена, ама џабе. што да правам?
Сите ќе ти го препорачаат Eveline лакот 8 во 1. Јас го немам користено, ама го фалат ептен. Инаку со години ставав гел па не ми пожолтеле, а минимално ми ослабнаа..или е до твоите нокти, ама може и до квалитетот онаму каде си одела на маникир.
фала ти многу❤️. до моите нокти ќе е, затоа што и пред да почнам да лудувам по гелни, вакви, такви нокти ми беа кршливи.
Здраво девојки, пак јас на темава. Ми треба мала помош. Разгледував ламби бидејќи сакам да купам нова, како што кажав пред неколку мислења таа што ја имам во моментот пече многу бавно и воопшто не сум задоволна од резултатот. Овие три најмногу ми се допаднаа. Која би ми ја препорачале?
Девојки сакам да прашам како се вика гел лакот кој при допир на ноктите со вода ја менуваат бојата? И која е разликата меѓу акрилни и гел нокти? Не сум многу по ноктиве па...
Термален гел лак, односно ја менува бојата на различна температура. Со ставање под ладна вода е најлесно да се увиди разликата. Што се однесува до акрилни нокти, не сум многу запознаена, сум слушнала само дека акрилот е поцврст ама и поштетен од гелот.
Здраво девојки, сакам да почнам дома да си ги правам ноктите со гел, веќе со години одам во салон, но сакам да си ги правам сама. Може ли да ми кажете од каде и што да купам за почеток?
Здраво,за тие што сами ги правите ноктите дома,може да ми кажете од кој бренд на гел лак(оној кој се пече) ,набавувате?
Galaxy и многу сум задоволна. Поскапи се од оние што се продаваат по пазарите (450ден. е лак), но разликата во квалитет се забележува во мојов случај.