Остави ги малце одмори ги од гел, ќе ти се оправат.Никако немој да ставаш од тој 10во 1 или како и да беше, бидејќи на самиот производ пишува да не се користи на оштетени нокти може уште полошо да биде Може ли некој да пише на битпазар каде точно се продаваат гел лакови, турпии ?
Знам дека можи да се оди на козметика за остранување на вештачки нокти Но има ли идеја како да се отстрани? Освен со заби
Девојки јас си купив ламба, електрична турпија, гелови, турпии, се и почнав сама да си правам нокти. Како за прв пат предобри ми излегоа, но имам неколку прашања. Прво во врска со електрична турпија што е прикачена, таа ја имам (најевтината) да ми помогне некој со кој додаток се стуга гел од нокти? Јас стругам со тие горе црвените што се заокружени на сликата, ама многу се груби, а пак не се вади убаво. Другото прашање ми е зошто ми испаѓаат некако без сјај на крај? Ставам прајмер, ставам база па ја печам, бришам со ацетон па ставам гел (nailbook) па печам па бришам со ацетон, па гел лак во боја печам и бришам со ацетон и top coat (bluesky) печам и бришам (од тие што мора да се пребришат ми е) и цело време без сјај ми се ноктите. Ламбата ми е 48 вати и ги печам по повеќе пати ноктите да не ми останат недопечени. Извинете на долгиов пост
За стругање на гелот го користам изрецканиот метален додаток, а кафената груба обвивка што е означена на сликата ја ставаш околу металниот дел. Нека се вклучи и некој поискусен во работа со нокти да ни посочи дали така е правилно. Ацетонот мислам дека претерано го употребуваш, најверојатно тоа е причината зошто немаш сјај. Потребно е ноктите да се пребришат на крај над завршниот слој.
Здраво девојки, сакам да почнам сама да си ги правам ноктите дома и си купив сет, но имам еден проблем. Ќе ве замолам да ми кажете каде може да најдам мономер (раствор за правење смеса за акрилни нокти).
За вадење на гелот можеш да ги истурпираш ноктите (само сјајот да го тргнеш) да ставиш памукче со ацетон и во алуминиумска фолија да ги завиткаш така ќе се извадат без да треба да ги оштетуваш со турпирање. А за тоа што немаш сјај е поради ацетонот, не треба да го употребуваш воопшто.Прво ги средуваш ноктите па прајмер, па база па печеш па гел во боја па печеш (зависи ако пак треба да повториш со боја) и на крај завршниот печеш и толку
Па ако не ги пребришам ми се лепат колку и дс ги печам.. Негде грешам најверојатно.. Инаку ти благодарам
Здр феминки имам еден проблем... Ставав типсови кај една другарка...И сега едниот нокт ме боли, не типсот туку под тоа ми се залепи за кожата, не можеше убаво да истурпира, едно бела боја како гел..Помошшш ем не изгледа убаво ноктот...
добро океј ти е печката, треба сите слоеви да се лепат освен со завршниот само ке имаат сјај и нема да се лепат
Не знам искрено, јас не сум задоволна од тие класичните што им пишува 60 сек, но ако се по пристапна цена овие би ги пробала.
Zdravo Dali ke mozi nekoja od vas da mi objasni postapka na gel lak ama so tipsovi? Koga prajmer koga base coat