Здраво, може ли да се стави обичен лак на надградба, па после да се избрише со ацетон? Ќе штети ли на надградбата?
Дали може да ми препорачате отстранувач за кутикули? Ама не она за сечење со еден потег што е како стапче, туку ако има нешто за мачкање и после тоа поминам со тоа за сечење?
Препорачајте добар прајмер, base coat, top coat? За гел лак ми требаат поконкретно некоја продавница во Скопје , освен А.козметикс? Се мислев за Revuar, ама не знам прајмер дали имаат.. @LadyC ? Ноктите ги правев на 11ти август кај Пинки , пред некој ден забележав дека ми се излупил топ коатот на палецот, не знам,не сум задоволна. Кога отидов кај неа ,ми ја критикуваше претходната изработка со гел лак како е слабо изработена, ама таа ни да рече, ми издржа точно месец , а ете нејзината иако користеше гелови, квалитетот нула.
Првиот а воедно и последен пат ми ги направи толку дебели буквално беа како квадратчиња , и мене исто завршниот слој ми се излушти цел едвај 3 недели издржаа , мене не ми се допадна како работи искрено
Јас еднаш бев кај Пинки и веќе не отидов. За ноктите не дебатирам ама сакав да закажам втор пат да одам уште пред да ја откријам Trivia Nails и ниту еднаш ми немаше вратено на пораките. Еднаш ја прашав зошто не ми одговараш на пораките, кажи ако не сакаш да ми закажеш термин и не ми врати воопшто. После ја најдов Trivia Nails и не ја сменив никогаш. Кога се враќам во Мкд обавезно само кај неа одам.
Јас на 7ми јули ги правев кај нејзе гел на природни нокти и на 11ти веќе 3 нокти ми имаа примено воздух и ми се извадија сами, 600 денари фрлени во вода...
Пред неколку дена за прв пат ги правев ноктите кај друга козметичарка, светло розеви и после неполни 2 дена се претворија во жолто-портокалови. Дали е проблемот во мене или сепак во изработката? До сега вакво нешто не ми се случило, а ги правам редовно 2 години.