Сакам да пробам сама дома да си ги правам ноктите, имам купено прајмер, база, топ, гел лак, уште гел ми фали. Да ми препорачате квалитетен гел кој што може да се користи и на мои нокти и за надоградба?
Тоа е до квалитетот или формулата на гелот. Јас правам нокти и ми се случило кога тестирам некој гел да менува боја. Не дека е нешто страшно но нервира, ако ставам виолетово дакам виолетово не после два дена да е сиво..
Девојки ми треба помош итно. Имам ставено гел на моите нокти кои се малце подолги. Моментално сум на село и не можам да одам на корекција а ноктот на показалецот ми се витка ептен кога ќе допрам нешто и е пред кршење. Можам ли нешто да направам за да го зачувам ноктот? Или пак некако со грицкалица да ги скратам сите?
Девојки сигурно сте пишале во претходните страници ама немам време да ве прочитам и се извинувам, па ако може да ми препорачате некое студио за маникир во Карпош/Тафталиџе?
@spingstart13 Навистина убаво изгледаат ама треба многу да внимаваш зошто се одлепуваат многу лесно. Ако ти се за една-две вечери за некоја пригода ќе издржат, за подолго не, единствено ако не купиш јак лепак.
Здраво Знаете ли места во Аеродром/Ново Лисиче тој реон каде што прават гел на природни нокти до 600 денари?
јас имам купено 2-3 бои искрено квалилтето на мене многу ми се свиѓа и се разликува од останативе што се