Јас би го земала првиот сет Ламбата е по јака од другата. Гледам дека има се, барем едно од тие три шишенца (под лакчињата) се надевам дека е прајмер.
Ти благодарам А дали ми треба уште некоја четка (потенка) и електрична турпија, или и без неа може да се обликуваат ноктите?
Доколку си правиш гел лак ќе можеш и без електрична турпија, само бојата ќе ја одстрануваш со обично турпијање. Четка гледам има за гел, доволна ти е таа, единствено можеш тенки да нарачаш за цртање.
@srce-too Како за почеток , можеш да земеш турпија 100/180 и така да ги обликуваш ноктите. Тие на ОПИ се добри и ги имаш на пазарче по 40-50 денари се. Јас имам електрична турпија и многу по брзо оди и вадењето потоа на гел лакот , и оформувањето на ноктите , само треба доста внимавање да не ја оштетиш кожата/ноктот поготово зошто си почетник. Четка потенка ќе ти треба ако сакаш нешто да нацрташ. А ако си ги правиш ноктите со гел лак 90% нема четка да ти треба освен ете ако не црташ нешто Инаку женски јас сакам да ве прашам дали имате користено лакче што буквално го топи гелот/гел лакот и потоа само со буткач се вади ? Ова го купив , ама уште го немам испробано еве вакво нешто е
Дали некој работи со Geline PRO titan ice 3во1 Гел и киселински прајмер? Сакам да ставам гел на мои нокти па да не знае некој како оди постапката? Јас мислам дека е прво од прајмерот се става па тенок слој на гелов како база и потоа уште еден подебел слој
И јас би земала првиот, имаш таму само вештачки нокти и гелови за надоградба нокти, можеби не ти требат тие, еве го овој сличен без тие работи, се што ти треба ако сакаш само гел лак на твоите нокти. Баш почетнички сет.
И овој сет го видов на оваа страна, неможев да најдам искуства, а баш исплатлив изгледа. Некој да не има искуство?
Јас имам малку "понапреден" сет од почетнички, сакам да речам има повеќе работи во него, кои не верувам дека ми требаат толку, барем не сеуште. Ама да, од маникир.мк е порачан. Јас сум задоволна многу, сега за сега. Ене кога постирав во темана моите нокти, направени од тој сет, сеуште ми стојат, лакот не е мрднат, не е излижан, работам се по дома, така да вршат работа како што треба, или јас сум ептен мајстор
Здраво би сакала да ми каже некоја девојка што прави нокѕи во домашни услови какви четки користи зарнтересирана сум и јас имам едни четки но тиа како поминувам ми оставаат како линии ако може и со слика да ми ги кажете фала однапред би сакала да ми каже @koritsaki се надрвам не е грешка што те означувам
Сега приметив дека ми е пукнат 1 нокт, пред неколку дена правена корекција на наливни. Како обично ги наплатуваат корекциите на 1 нокт?
Мојата козметичарка не ми наплати. Баш се зачудив и понудив и она ми рече не наплаќам корекција на еден нокт.
Зависи каде, најчесто 50-150 ден би требало. Јас наплаќам 100 ден, но ако се има оштетено истата недела кога се сработени ноктите не наплаќам.
Јас бидејќи само гел лак ставам, четка ми треба само за цртање и ја имам оваа најкратката , десно. Јас ја имам купено оваа во Грција, во Мк не знам дали истиве можат да се најдат. Квалитетни со сигурност имаш во Александар козметикс
Ги имам и јас истите четкички, но имам уште некои. Според мене овие се најдобри бидејќи имаш 5 различни величини и плус имаат од другата страна топчиња за точки да ставаш ако ти притреба Од маникир.мк ги имам купено и јас, а ги има и тие @koritsaki што ги објави
ама не овие четки се за цртање мене ми треба вака подетално да објаснам за проѕирниот гел кога се става таа четка и четката кога се става бојата бидејќи јас ги имам тие бои што се како во тубе и ми требе четка но јас тиа четки што ги имам ми одтаават некако како линии и после грдо изгледа на ноктот
Здраво феминкии, каде купувате квалитетни гелови но не прескапи? Јас сум почетник купував од бит пазар но повеќе не ми се допаѓаат нивните. а гел лаковкте едвај наоѓам добри
И мене ме интересира истото, купував од бит пазар ама не се добри, сега еден нарачав од една страна builder gel ама и тој не ми се погодо баш.