во Автокоманда кај пазарчето во салон јас си ставав пред некој ден гелни на вашите само со гел е 600ден со типсови 700 ден и со апликации 800 ден а преубави се,презадоволна сум...
Читав што читав и ми се смачи и си скокнав на последнава страна,ама ме интересира кои се подобри акрилни или со гел?и дали знаете некаде во бт да ставаат ама да се добри и да не се ептеем скапи,студент сум мајку му стара до кај 800 се јади
Сакам да си ставам гел на ноктите по поевтина цена и најдов едно интересно козметичко студио во населба Аеродром, во Скопје, се вика My Dream.Може ли да ми каже некој дали ги правел ноктите таму и како излегоа?
И јас ставив надградба и можам само да кажам дека не е се до цената. Другарка ми стави од 1500, јас ставив на друго место за 500. После 2 дена нејзе и напукна еден нокт, на друг и испаѓаа циркончињата... Значи и ги правеше професионалец во студио, а мене девојче со завршен курс основен, меѓутоа цел живот има идено на маникир и си ја знае работата. Се зависи до вас како ќе ги чувате, толку и ќе ви траат. Сум за надградба на нокти, гелна имам ставено, акрилна немам пробано од што не приметувам разлика во изгледот во споредба со добро направени гелни нокти, а чини мнооогу повеќе(барем овде). Ќе пробам да ги одржувам барем летово, сепак нема ништо поубаво од постојано средени ноктиња
Крејзи, секундарен лепак му е мајката. Е сега тоа си има свои жртви (ноктите по вадењето ќе ти бидат малку оштетени). Стави од секундарниот на вештачкиот нокт и прилепи го на твојот, притоа притисни го ноктот да навлезе малку под кутикулата Наједноставно објаснето
за мене најдобара опција е гел на твои нокти јас си имам ставено и многу си ги сакам пак повеќе ми се исплаќа така и ноктите ми се еден месец стредени отколку постојано да купувам лакови и да ги прелакирам на секој 2-3 ден
и јас ставам гел на природни нокти и сум презадовола. Секој месец ставам а на секој 5 месеци правам пауза од по 1 месец,и моите нокти ги премачкувам со лимон и ич не се кршат
Јас ставам гелни нокти веќе со години, но само исклучиво геловите да се Professionails. Сум ставала и од 300 денари, и од 3000 денари, и што ти не уште сум правела, амо после целото тоа скитање од салон до салон, па од разни девојки што дома прават као демек најдобри се ( а да видите само што случајно видов кај една од нив што им прави на геловите), па до најразвиканите наши скопски салони, се додека не увидов дека овие геловите од Professionails се убедливо најдобри. Јас и на работа идам, работам цел ден се раце, па и дома помагам и ниту пука гелот ниту ништо, а не кога ставав тие од 300 па сами ми паѓаа, и ги носам без проблем 5 недели кога идам само да ми надополнат тоа што ми е подраснато, само треба да си најдете некој и што знае да ги прави, а не некои приучени девојчиња што гледале па демек научиле или една недела на курс биле, барајте си некој кој работи тоа со години и си ја знае работата...
Надградбата на нокти е луксуз, а "професионалците" тоа го користат со енормно кревање на цените. 3000 ден за нокти кои ќе ги носиш 3 недели? Ок, можеш да ги носиш и повеќе ама на ништо нема да личат подраснати. Не можеш да тврдиш дека некоја девојка што работи од скоро со курс нема да ти ги направи добро ноктите. Не се раѓаат професионалците туку така, и тие некогаш биле почетници со курс. Факултет за надградба на нокти нема, а порано не постоеа ни толку многу курсеви,семинари,обуки како денес, што значи дека денешниве почетници се поупатени од што тогаш биле денешните т.н. професионалци. И да, што да прават студентките и средношколки немаат да лепат по 3000ден а сакаат убаво средени нокти?
Па нели во ноктите имаш лепак епа ке го отвориш лепакот и ке нанесеш на ноктот и ноктот си го редиш на твојот
Кај Сузи, 800 денари е, во Спојлер Меркур работи, ама и дома работи. Дома зема 800 а ваму сигурно поскапо е за 200-300 денари.