Да се надоврзам со едно прашање тука дали ставаш еден слој база па печеш, па уште еден слој база и пак печеш?
Фала многу на брзиот одговор Да прашам за еден совет/искуство од тебе или некоја од другите девојки. Веќе некој период сама си ги правам ноктите со гел лак но многу брзо почнуваат да ми се лупат, поточно после првата недела. Ставам прво дехидратор(прајмер) и база од александар козметик, а гел лак и топ коат од ревуар. Не знам дали правам нешто погрешно и како да не ми се лупат толку брзо...
Да гледаш колку можеш слоевите што ги нанесуваш (гел лакот во боја) да ти бидат тенко нанесени. Ако треба ќе ставиш повеќе пати особено ако бојата е недоволно покривна ама да ти бидат тенки слоевите. Ако ставиш дебел слој нежа да се испече убаво и ќе се лупи. Пробај да видиш до ова да не е.
Дали користиш блок турпија пред прајмерот? Тоа е потребно за да се симне тој масниот слој од ноктот за да може прајмерот, базата и другото поубаво да се врзе. Друга работа што мене некогаш ми се случува па ми се лупи ноктот е кога при лакирањето со базата претежно дека е провидна па не видам, го фатам делот од заноктиците, од кожата околу ноктот. Потоа кога го испечам осетам дека ми затеже кожата околу ноктот. Тоа не е страшно, со неколку миења на рацете се симне тој дел од кожата ама бидејќи претходно базата не се врзала само за ноктот туку и за кожата и кога се тргне од кожата, фактички се направи влез за да влезе воздух и така дојде до лупењето. Се надевам ме разбра. Обрни внимание на детали, ќе заприметиш од што може да е. Исто така, на едно видео на јутуб гледав дека лаковите пред да ги нанесуваш никогаш не треба да се протресуваат, демек се создаваат воздушни балончиња и може да допринесе при лупењето подоцна. Ова не знам колку држи вода, јас лично го практикувам, оти ете го слушнав па ми е на памет секогаш. Јас користам некои чкљ фирми и база и лаковите сега, па ми стојат на ноктите, значи не верувам дека е толку до брендот на лаковите туку до начинот на аплицирањето. Ако сепак и понатаму продолжат да се лупат, а се си пробала, тогаш пробај смени од лаковите и другото што ставаш сега па ќе видиш дали можеби тоа ќе е решение.
Не користам таква блок турпија само обична, па може и до тоа да е, а држи вода и тоа со базата пошо ми се случува некогаш да ми допре до делот за заноктиците ама не сум обрнала толку внимание... Фала ти мноооогу на советите Следен пат ќе пробам да ги подобрам овие две работи и плус да ставам потенки слоеви, па ќе видам дали ќе се подобри.
Дали на некој му се има расипано ув ламба? Да почне да има краток спој? Мојава од никаква причина се расипа, ја земав од маникир.мк пред неколку месеци
@Sky-butterfly @koritsaki фала ви, најфала за советите, успешни беа дефинитивно имаше улога блок турпијата, потенко ставање боја и пазење нигде да не допираат до заноктиците, а пред тоа ставав и мн дехидратор сега ептен помалце и дефинитивно има разлика.
Како го нанесувате гелот?Тоа пред гел лакот што оди. Дали еден слој само? Некое видео да препорачате? ❤️
Ова е профи https://youtube.com/c/NailCareerEducation и ова https://youtube.com/playlist?list=PL8c99xNHJnVfv3UHx2RAOYstoVFXk9jbb
Доколку има некоја што знае.. Како се прават нокти.. На мој нокти? Гелче печење во печка Како се става надградба. Или некое видео што може да објасни