1.Ги користан прајмерот од Лидан(колку што знам е киселински) , го нанесувам и не го оставам да се суши(незнам дали така треба), потоа ставам од базата и нив ги печам. Потоа ставам од основниот гел од Галакси,го печам а после него ставам од гел во боја исто од Галакси, и незнам зошто гелот се собира на внатре од ноктот, па го повторувам набрзина повеќе пати за да го печам, а после со вториот слој нема таков проблем. Дали знае некој зошто би можело ова да се случува? 2.Имам печка со сијалички 120W, изгорени се половина речиси, дали може да се менуват и од каде да ги купам?
Ув/Лед е ламбата односно комбинирана, и обично ги печам по 2-3пати секој слој по 120секунди, така да не верувам да е до тоа
јас ја имам и таква ама е од 36 вати и не пече убаво и имам и од таа со обични ламби исто од 36 вати и сум презадоволна на две мин ги печам ама користам гел на лина и сум презадоволна
гелот можеш да го најдеш на бит пазар а и го имаш на маникир на фб иначе на пазарот можеш да го најдеш највеќе до 200 ден а на страната на маникир за смешна цена од 100 ден но е 15 мл и имаш до три четири пати нокти да направиш и да не заборавам мораш да ставиш база јас не ставав прероа и никако неможев да си го направм убави сега откако користам и база ми траат уште можиш да погледниш на форумот имам слика ставено, и користам прајмер и топ коат на bluesky a база на lidan и сум презадоволна. едит и би ти препорачала да си ја купиш таа со обични ламби 100 пати е поубава ламбата од оваа на таа ламба можеш да ги смениш ламбите а на оваа неможеш.
се можеш да најдеш на бит пазар каде што се продаваат лакови прошетај низ пазарот и види таму каде што стојат лакови и секакви глупости за нокти, јас ја имам истата како на оваа и ламбите се вадат и е до 800 денара јас ја купи од страна на фб која што ти ја кажав погоре. еве слика од печката
@srce-too заборајв да те прашам дали откако ќе го испечиш гелот го пребеишуваш за да се изваде лепливиот слој
Мора да го оставиш прајмерот да се исуши целосно пред да нанесеш база. Исто така и мора да ги истругаш ноктите пред све, со турпија да го тргнеш сјајот
Да да Со алкохол Инаку добар е гелот на Галакси но нареден ке барам по густ некој бидејки овој е баш реток.
Никогаш немам ставено надградба, пред извесно време се распрашував за ламбите дома што се сушат нокти со гел лак ама изгледа и тие се толку штетни како и надградба, јас со моите слаби нокти уште толку ќе ги уништам.
Маникир во Центар/Карпош/Ѓорче по пристапни цени? Мислам на поевтино од 'корекрција од друг салон 800+'.
Немора да значи, нема да ја стругаш многу ноктната плоча, малку само сјајот да го снема со 180ка или ако најдиш 200/240ка или со овие блок турпиите(коцките) , да се матира ноктот и после продолжуваш. Имаат мислам доста салони курсеви за оваа работа, само секој различно е после со праксата зависи колку часа држат, дали само покажуваат(има и такви) или и модели ти даваат да вежбаш. Мене често пати ми излегуваат на инста овие од Арт од Акт стално имаат разни курсеви, можеш да ги прашаш или да побараш низ нет секако и другите ке ти излезат, само зависи во кој град си, ддека овие два што ги спомнав се во скопје.
Феминки, имам желба да научам да правам нокти. Па сакам ако може некој што се разбира или работи со ова да ми каже што и како ми треба за почеток? Разгледував на али, сакав некој поефтини така ко за почеток да испробам. Па може да ми дадете препораки.