Имав гелна надградба за матура (далеку од евтина), траеја месец и пол дури не почнаа да се кршат, па уште 2 недели дури се докршат сите, па пола, па четврт, па точка останата... Катастрофа. Никад више. Толку многу ми се оштетија природните нокти, не можев во ред да ги доведам. Строго природни нокти.
хахах ме насмеа ами колку сакаш да ти траат? 3 месеци? Вообичаено се оди после 3 недели на корекција, за да спречиш кршење. Нормално дека ќе се искршат после толку време, во случајов како што кажуваш - после 8 недели, т.е два и пол месеци. И тоа што ти пораснало не може да ти биде оштетено и да не се опоравува, затоа што тоа е твојот нокт пораснат, а тој е здрав. Вистина е дека се оштетуваат доколку ги извадиш пред време или ги откорнеш, но не можеш да ме убедиш дека ти биле оштетени во пораснатиот дел, т.е новиот што ти растел. Јас редовно ставам надградба на моите и ги корегирам на секои 3 недели и еве, стасав после 4 месеци да ги пораснам моите под гелот и сега ставам гел само на моите и така ми се постабилни, затоа што се на мојот нокт и попријатно ми е чувството дека функционирам со моите нокти а не со надградба, некако повеќе имам осет. Јас сум за надградба, доколку човек има природни грди нокти (како што имам јас), но нормално, треба да си ги сноси последиците секој оној кој ќе се реши за надградба, т.е она што следува потоа - корекција. Или да успее човек да ги порасне неговите па да нема потреба од надградба, туку само да си става гел на своите со што ќе ги зацврсти и заштити од кршење. Се извинувам на должинава
Јас врска немам од наградбиве затоа сакам да прашам дали може да се стави надградба само на врвот на ноктот, за да не ми се оштети цел нокт? И може ли со надградба на одмор или веднаш ќе ми се испокршат?
Претпоставувам на мене се однесуваше ова. Не ми беше оштетен новиот дел од коренот што растеше, ама од врвот надолу до каде што беше покриено, беше катастрофа ноктот. Кршлив, мек, со линии бели кај шо стоела надградбата, одвратно. А не ни имав намера да одам на корекција бидејќи не сакам да носам постојано надградба, ради матурската беше, па прилика да пробам. Сакав после и само гел да ставам врз моите ама претпоставувам истото ќе се дешава?
па веројатно да. доколку се решиш за надградба, треба постојано да се мафташ со тоа. доколку си имаш убави нокти, мачкај ги со зацврстувачи поарно и носи ги како такви. а за LiOness, незнам колку е препорачливо и паметно баш за на одмор да ставиш надградба, доколку планираш да бидеш во вода.. шо знам. освен тоа, на врвот од ноктот нема да можеш да ставиш, затоа што нема што да ти го држи тој дел, затоа и се премачкува со нов слој на гел над надградениот дел. мој совет е да си купиш од бит пазар од оние за лепење и едно убо лепило за нокти, на тој начин и помалку би ти се оштетиле и пак ќе ти бидат убави, но земи си 2 исти комплети за лепење, затоа што тие побрзо се вадат/одлепуваат. Поздрав
[/quote][/quote][/quote][/quote][/quote]А сама ја вадеше надградбата со корнење на ноктите или во салон ти ја извадија?? Ако ја вадите сами ќе ви бидат кататсрофа ноктите, но ако одите во салон они знаат како да ја извадат за д не се познава дека сте имале надградба. Еден совек од мене која има бааги стаж (12 години) во носење на надградени нокти. НЕ ГИ КОРНЕТЕ НАДГРАДЕНИТЕ НОКТИ АКО НЕ САКАТЕ ДА ВИ СЕ ОШТЕТАТ ВАШИТЕ.. Одете во салонот каде што ви ги ставиле, ќе ви ги средат ноктите и полесно ќе си ги вратите вашите природни.
Два-три пати последователно имав надградба на ноктите, во ред, траеја долго, но потоа едвај ги извадов Моите нокти се искршија, се излупија, ми требаше речиси цела година да ги обновам... Оттогаш, само сама си ги средувам, најчесто си ги правам со светки, за 60 денари имам маникир исто како од 600 ден, луѓето не препознаваат дека сама дома ги имам правено, па ме прашуваат во кој салон одам
Надградба на ноктите правев за матурата. Не од шо сакав, туку неколку дена пред матурата ми се скрши еден, па уште еден и уште еден нокт и морав сите да ги скратам. Требаше да траат најмалце месец дена, но јас не издржав и по 2 недели почнав сама да ги вадам. И ги извадив убаво ама од тоа гелот ми остана на моите нокти и маки намачив додека го извадов. Сега ми се уште помеки од вообичаено ноктите, излупени..за никаде. Ама се надевам дека за брзо ќе си ги средам затоа шо сама сум си крива шо си чепкам кај што немам работа
Вистина е дека ноктите премногу се оштетуваат, но дека со лакови можеш да го постигнеш истиот резултат како со гел - нема шанси. Прво, геловите светат далеку повеќе од обичниот лак.
Па... не дека геловите светат, свети тој завршниот слој (што некаде и не го ставаат). Сјајот со лаковите си е еден вид, онака блешти, а од геловите е некако поприроден, но не би рекла дека не може да се постигне. Искрено, лак си е лак, а гел - гел.
Нема зашо да те страв. Јас кога прв пат си ставив надоградба друга ми беше причината, да се одвикнам од грицкање нокти Тогаш целосно ми ги направија тип-топ, и се одвикнав.. Но да се вратам на темата.. Не ми е јасно зашо би било штетно. Мој совет ти е да си ги надоградеш све убаво да си суредеш Па крај краева, не си на свадба секој ден хаха П.С. Убав помин
Ставив вештачки нокти пред една недела.Уште одма почнаа да ми растат природните нокти па не очекувајте совршенство:
Јас не би ставала веќе никогаш вештачки нокти.. Можеби убаво изгледаат, но потоа сопствените нокти, од како ќе паднат вештачките, не изгледаат баш баш сјајно !!.. Би ви преопрачала да си напраите француски на сопствените нокти, па да ви стават гел..Тоа е 100 пати подобро, а и подолго трае
И мене ми се допаѓа француски ,туку ова гелов кај се купува го има некаде и како се користи за да ти седи повеќе маникирот позз
А ти очекуваше да не ти мрднат воопшто??? Е па се иде на доплнување и корекција. надградбата си бара одржавање на 2-3 недели одење или месец кај кого како.
Девојки имам проблем со грицкањето на ноктвее ! Ми имаат кажано дека ако ставиш има можност да се одвикнеш и дека природните нокти раснат.. дали некој пробал и има ли ефект ?
Девојки сакам да ставам само гел на моите нокти не надградба има ли некој искуство кај се добри во кој салон и нормално поевтини . Јас инаку имам цврсти нокти и скам да ги заштитам да не ми се кршат