Ве молам препорака за квалитетни типсови и квалитетен лепак што не паѓаат брзо, најдобар бренд макар и да биде од странство,благодарам.
Девојки едно прашање некоја што би знаела да ми одговори, имам закажано на 9ти јуни за гел лак на мои нокти, меѓутоа два ни се подкршија од страна Што да направам да ги зачувам до тогаш, има некое чаре или да ги скратам? Препорака за студио што работи со гел лак , не со обичен гел? Имам одено кај pinky nails , не би сакала пак таму. Во Кисела вода , не е важна цената.
На иста мака бев. Го пробав ова, па една недела нема гајле ноктот. Јас му ставив течен лепак, кесичка од чај, пак лепак, па го израмнив, база, лак и топ - 100 работи ама држи. Сакав да прашам дали на така поткршен ќе можи да ми стави гел или не?? Еден месец ги растам, и сега за еден ќе треба кратење.
Ми го исече поткршениот дел и ми ги направи маалку подолги како останатите нокти со акрилгел. има и за тоа решение
Гел на природни нокти- гел на твои нокти без наливање Типсови е надградба со вештачки нокти се стругаат и се става гел одозгора
Наливни е кога на твоите нокти се прави надградба со цврст гел или акрил а типсовите се пластика па на нив се става гел..Гел лак на природни нокти е како обичен лак само што се пече и трае подолго.
Само што направив наливни нокти не ми се свиѓа бојата, дали ако ги истурпирам со мека блок турпија и ги намачкам со обичен лак бојата ке стои подолго???