Јас сега купив акрил гел ама уште не сум го користела,мене лично обичните гелпви ме нервираат,се растекуваат,овие се полесни за правење. А за квалитет не знам уште, ама колешка е задоволна. Инаку за Victoria Vynn ти давам огромна препорака,башка сега имаат попусти,види на инста.
Ти благодарам. Ќе ги погледнам. Кога ќе го пробаш акрил гелот пиши ми искуство ако сакаш. До сега немам пробано да работам со акрил гел а сакам да пробам. И мене на нерви ми одат многу течни гелови што се разлеваат за секунда а со овие тврдите што не се нивелираат пак имам еден куп работа со турпирње од кога ќе испечам. Не можам да најдам некоја средина.
Исто мислење имаме , не можев вбоопшто да работам со обичните гелови , се разлеваа , треба дефинитивно брзо работење кога се работи за гел. Со акрилгел е побрза постапката , како паста е и многу по густо да речам , полека и да работиш со ништо не се разлева.
Јас имам, ама да ти кажам како што гледам по страниве на фб повеќето почетнички сетови ги гледам на али експрес истите.
Проблем е што кај нас тешко се наоѓаат или барем јас немам видено, освен оние од Алиекспрес што ги продаваат по тродупли цени. Вчера овие на Ревуар ги загледав па ќе им дадам шанса. Туку со каква четка работите со овие гелови? Со четка за акрил? И дали треба да се натопи четката со slip solution како за акрилот за да не се лепи за четката или не? Се извинувам за напливот од прашања.
Јас тука во Грција купував на Артесио , 12 евра кошта и има разни нијанси. Да четката се натопува со чист ацетон на секое нанесување на акрилот за да се разнесе убаво на ноктот. Да, со четка за акрил Вака изгледа четката
Секогаш после надградба кожата околу ноктите станува црвена и чеша..трае до следниот ден после се враќа во нормала. Користам крем со фактор и плус ракавици но повторно се иритира тој мал изложен дел од кожата над ноктот. Дали можеби е од зраците од ламбата или сепак од гелот?? Воопшто не се чепка кожата со гелот навистина не знам од што таква реакција..читав за алергија од ув зраци не знам дали до тоа е..
Не знам не верувам, не се користи турпија премногу а со електрична премногу нежно околу кутикулите.. или ламбата или мислам некоја реакција од хемикалиите во гелот..
Многу фактори играат улога овде. Блага иритација скоро секогаш се јавува најчесто заради турпирање. Штом мислиш дека не е поради тоа мене прво на памет ми паѓаат прајмерите. Најчесто киселинските знаат да направат иритација доколку дојдат во контакт со кожа но обично не е една причина. Од друга страна и самата манипулација со ноктите, кутикулите, пребришување со алкохол ја суши кожата и до некаде е нормално колку и да се внимава, се разбира ако не е претерано. Индивидуално е зависи и од сензитивноста на кожата. Хидрирај ја добро кожата после правење нокти. Може да стсвиш некое масленце или пантенол крема.
Во Веро Џамбо, побарај ги на инста. Имаат сега и акри гел кој е и полесен за работа. Мислам имаа и билдер во шишенце. База, топ коат ..имаат се
И јас имам ист проблем, ми се јавува дисхидротична егзема како резултат на алергија на некоја од состојките во гел лакот. Ми се има случено неколку пати со различни брендови, последната козметичарка кај што одам користи гел лак на Victoria Vynn и со тој немам проблем. Мене иритацијата и чешањето ми траат 3-4 дена, последниот пат дури и лоратадин пиев и кортико маст ставив ама џабе, ептен неподносливо чешање беше. Убаво е да се знае точно на што е алергијата за да се избегнува во иднина и таков тест се прави на кожно на клиника, ама веројатно го немале баш тој реагенс јас кога правев.