Може ли некој да ми каже како оди редоследот пред build gеl от? Прајмер,база, build gеl или прајмер па build gеl?
База после прајмер, тоа помага во спречување настанок на воздух под гелот. Некои користат и билдер тенок слој како замена за база но од мое искуство не би те советувала за тоа.
Прајмер прво па база. Прајмерот ти е течност да не дојде до забуна, може да биде киселински, безкиселински па се наоѓа под тоа име или како дехидратор и го обезмастува ноктот. После оди базата која е на конзистенција како гел само многу потечна, помага подобро да се врзи гелот со ноктот. Во тенок слој ќе ја нанесиш па после билдер гел.
Од galaxy ми е супер безкиселинскиот, од александар козметикс се купува. Моментално го користам од ревуар исто безкиселинскиот, сега за сега е океј ама не и подобар. Овој може и онлајн да се нарача на инста.
Од кај можам да купам добра база/rubber base а да не биде 500 денари за 7мл ко базите од Галакси? *Пробано на Ревуар, не ми одговара, не ми е трајна
Имам многу изгрицкани нокти па сакам да знам дали имате препорака за девојка/салон каде што ќе можат да ме средат без предрасуди?
@wannaBeMomma На инста ги следам, имаат и дуќан ама не знам точно каде. Ги пишива цените ич не ми текнува. Инаку за во боја зимај со ревуар пвое се поскапи дупло.
По препорака на @buba4e89 бев во тривиа nails и можам да кажам дека сум презадоволна, значи секогаш кога ги правев ноктите на вода ми се лупеше бојата и мах што ми држеа ноктите беше помалце од еден месец, а овде не мрднаа иако поминаа неколку месеци, така да и јас препорачувам, многу квалитетна изработка и супер се ноктите!
Бидејќи до сега ми беа доста кратки ноктите па секогаш ставав наливни, сега ми пораснаа па можам гел да ставам. Прашањето ми е која е разликата меѓу гел на природни нокти и гел лак? Разликата во цената е мала па затоа ме буни.
Гел лак вклучува само база и гел во боја додека под гел се мисли на билдер гел плус се осатанато. Гелот е потраен.
Јас секој месец ставам гел лак на моите нокти, поедноставна е изработката од гелот и ако имаш цврсти нокти , гел лакот со ништо не паѓа. Трајноста е иста со секаква надградба треба корекција да се прави на 25-30 дена