Здраво, сакам да прокоментирам на тема цени и квалитет во последно време. Дали сметате дека е нормално некоја што завршила курс вчера да има исти цени како салон со искуство и квалитет? Правам нокти долго време и сум била на различни места - и имав неколку лоши исуства во квази салони каде вработените немаат ни обука завршено а лупнале цени поскапи од некои девојки што стварно убави работат?! Да не коментирам дека за нивната непрофесионална изработка набрзина и нокт скршен поради лоша изработка ќе ти кажат дека сам си крив и ги корнеш ноктите што апсолутно немаше врска во мојот случај.
Ne e normalno. Ne e vo red nekoj da e bez iskustvo, koristi ne kvaliteten material, losa izbrabotka, da ima ista ili povisoka cena nekoj so profesionalno izrabotuva nokti, so kvalitetn material.
Каде можам да купам лепак за типсови? Во Гтц некаде дали продаваат? Предлог студио за нокти во Ѓорче?
Те молам кажи ми дали се ти е од Ревуар, комку време ти стојат и што треба да се стави под полигелот?
Прво ги поминувам со дехидратор, па ставам Revuar rubber base, па полигелот, па Revuar top coat. Стојат додека не ги извадиш,ама месец дена сигурно. Е само дрхидраторот не ми е Ревуар, од парфимерија си го земав локална, они дехидратор немаат.
Ваква имам, сега си порачав од Али и други делчиња за турпијање. Инаку ја има секаде шо страниве на нет, ама мене најевтина ми беше на Бит пазар 1800.
@wannaBeMomma Истата ја имам, одлична е. Јас од Алиекспрес ја имав земено. Ако купиш, само делчињата за турпијање што одат сет не ги користи. Има керамички, поскапи се ама не ја загреваат ноктната плочка.
Здраво девојки.Би ве замолила да ми препорачате девојка што прави нокти на реон Стајковци,Сингелиќ,Ченто.Ви благодарам