Има ли во Аеродром некоја девојка што работи нокти по нормални цени? Ми се чини дека во последно време како хирурзи да се почнаа да наплаќаат.
Здраво девојки Ламба за гел нокти 48W или 120W Сакам да научам да ги правам, гледам се појаки ламби излегуваат. Да не ги горат ноктите појаките ламби? Дали имаат подесување на помалку? Скоро ништо не знам. Разгледував, читав и сега ќе правам список што ми треба за да не купам непотребни ситници. Сакам поквалитетен материјал.
Ya https://instagram.com/studio_callisto?igshid=NTdlMDg3MTY= Hmhm да не те лажам https://instagram.com/studio_callisto?igshid=NTdlMDg3MTY= прави со акрил, бар праеше ( имам ставано сет кај неа) прашај ја да не те лажам. Иначе у споредба со гел е џам, деф подобро издржаа у однос на просечен гел сет
Дали знаете кое студио (мислам во Лептокарија се наоѓа) имаше попуст цени за термини до 15 часот, нешто како 20% попуст, не ми текнува точно.
@CrnaMacka Другарка има правено овде ама и по сликиве се гледа дека добро работи девојчево. Инаку се 700 ден и работи само со типсови. Отвори ја баш види си имаш све на самиот профил.
Што е разликата меѓу нокти со гел и гел лак? Имам ваучер за подарок и сакам да пробам, но несакам да морам после да чекам да падне гелот т.е. да израсне ноктот па после да ги заздравувам ноктите. какви се ноктите после гел лакот? сакам да пробам ама да немам обврска после тоа да морам да ги правам. Се оштетува мојот нокт?
Па за оштетување , зависи колку ќе ти ги турпира, има некои што претеруваат со турпијата а доволно е сосема малку колку да се изгуби сјајот на ноктот. Моите на 6 месеци ги одмарам еден месец и вооошто не ми се оштетени баш пред некој месец го тргнав гел лакот.
Девојки ги правам стално ноктите со гел. Пред два дена ги правев и вака прв пат ми се случува мојот нокт да се одвои од гелот. Ова не е квалитетно направено или?
Претежно заради тоа се прави Имаш пробано кај други да ги правиш, и кај други ли вака гелот ти се одвојува?
Заради кое? Баш сега прв пат правев кај девојкава бидејќи претходната преетана да работи. И таман ја пофалив, викам супер ги направи и ова испадна. Ама бев на корекција ми го поправи па ќе видиме како ке се покажат до наредниот термин. Инаку кај претходната не ми се правело вака освен еднаш или два пати ама тогаш ги носев многу време без корекција па претпоставувам нормално е.
Заради неквалитетно направено Треба убаво да го иструга ноктот и да го припреми за гел, ако не е убаво иструган и ако не е квалитетен гелот секогаш се одлепува од ноктот
На колку време правите корекција? Јас знам и преку месец да преминам, често во сезона кога не знам кај се наоѓам. Затоа и практикувам пократки нокти. Ама не ми е убаво да ги гледам многу израстени, ваше мислење?