Јас никогаш не сум правела надградба на нокти и никогаш не би ставила. Природно си е природно. Навистина изгледаат прекрасно додека траат, ама после нон-стоп на корекции, и кога ке ти се смачи од поправки и давање пари, твоите ужас. После никакви нокти ке си имаш да ти е гад да ги гледаш. Вака природните и кратки да ти се, стави си некое нежно лакче и баш изгледаат убаво и женствено, важно се средени. Инаку имам една другарка која има неубава плочка на ноктите и не и изгледаат убаво кога и растат. Таа си купува вештачки нокти со готов маникир, си ги потскратува малце и по потреба си ги лепи со овој "смрт" лепак. Ноктите се ептен ефтини (околу 50ден), скратени не делуваат нападно, се користат неколку пати, лесно се лепат а и лесно се вадат и плус природните нокти си остануваат исти. Ем брз ем ефикасен начин. Јас не сум пробала, но кога моите природни не би биле убави, би избрала вештачки нокти отколку надградба.
Ставив нокти за матура и еве уште не можам да си ги опоравам моиве. И мислам дека веке нема да ставам. Какви се такви се, мои се и убави ми се
Феминки плис хелп ! Како и обично за ова лето, така и наредната недела сум на свадба! Ќе носам благо розево фустанче (еднобојно) и сандалки кои ги објавив тука : http://forum.femina.mk/sliki-moda/s...li-stikli-na-platforma-t6181/140.html#p610881 Е сега... сакам да ставам надградба на нокти во понеделник ама незнам за како дизајн на ноктите да се одлучам?! -Сакам да има цветови (како на сандалките, розевки, црвени или тиркизни). Дај предложете ми нешто, дофрлете некоја сликичка! Ви благодарам однапред!
би можела да си ги направиш најобични само гел,или френч,па на аголот по некое цирконче црвенко и тиркизно....со знам онака моја идеа,ама јас сакам многу едноставни работи затоа,бтв штиклите ти се прекрасни а можеш и некое цветче во црвена боја со по едно цирконче тиркизно да разбие малку
Тенкјууу! Надградбата е одложена за во четврток, па ќе те послушам и ќе направам обичен френч со по некое цветче! Ќе ставам и слики, па ќе ги видите!
Јас ставив минатото и предминатото лето надградба. И бев задоволна. Еднаш акрилна, еднаш гелна. Акрилната подобра ми беше и подолго траеше. После тоа, со моите немав големи проблеми. Ми ги отстранија таму кај што ми ги ставија и убави ми беа. Си ги налакирав за да се поцврсти и не беа полоши од претходно (инаку имам кршливи нокти). Се на се, јас сум за надградба и подобро така отколку да лепиш нокти со секундарен или не знам каков. Тие лепаци повеќе ги јадат ноктите, а познавам многу девојки кои за поефтино и подобро ставаат такви надградби и после нивните нокти им се лом.
Два пати имам ставено вештачки нокти, секој пат гелни.Првиот пат пред две години-многу скапо ги платив и многу брзо два нокта ми се искршија, па морав да ги извадам сите после една недела.Вториот пат ги направив пред скоро два месеца.Помалку ги платив, поевтини беа и поцврсти.Ама ми се смачи да ги имам и после две недели ги извадив.Сега ноктите ми се уште поцврсти од претходно и прилично пораснати.Би препорачала надградба за сите што имаат кршливи нокти и ако добро ги негувате , нема да ви бидат уништени
јас сакам да прашам дали некој знае од каде се набавуваат производите за работа за надградба на нокти ( типсови,гел,глитер,акрил и сл) една другарка сака да почне да работи со тоа ама незнае каде да купи
Сум ставала надградба за пуста лепота и тоа во школска година на факултет почнаа еден по еден да ги снемува и Спојлер еден кога го отварав фрижидерот го погубив и што да прави бабл со нејзиниот ум зема да ги корне кога виде не бива се разочара и заклучи дека не се воопшто практични
Во Мај ставив, и ме чинеа 600 ден, ама јас сум си грубијанче во суштина и ептен ги потфаќав ги правев, ама мн бев задоволна повеќе од месец ги носев и после 1 месец почнаа она да потпукнуваат зошто доста пораснати ноктите, и јас паметна демек да заштедам, една другарка ми кажа ги правела некоја за 350.... Луѓе душа ми излезе прво, ноктите поише од 5 дена не стоеа цели испукаа ХОРОР, на одмор бев па нервози со нив.... И сега земав сама ги извадив и до кожа ги исеков... Ама вторава така квалитетно ми ги зафркна и толку ми ги иструга што станаа за никаде.... И реков веќе НЕ ШТЕДАМ, ама и богами ќе помине доста време до следен пат да се решам да ставам
Никогаш не сум ставала, сега еве сакам да ставам, од лично задоволство онака Се мислев долго време со акрил да ги правам на козметичар, свесна за тоа дека после тоа ноктите ке ми бидат меки. Порано ставав вештачки нокти на лепење оние, и многу ми ги распукаа моите нокти што тоа беше лудило! Еве сега конечно ми дојдоа до нормала па иам желба да пробам надградба
Имам веке ставено и стари ми се скоро 1 месец(на 8ми ке ми се 1 месец стари)ги одржувам пред секоелакирање со турпијата во раце, и со бесконечно турпијање но и кратење со турпија за да може да се функционира саглам Имам нешто како прашање.... Колку време вам ви стојат ??? и како се одржувате по домашни услови??
Тие нокти не се практични. Затоа што со нив не можи да се работии! А и потоа кога ќе се извадат тие вештачки нокти своите нокти се премногу меки и се кршат..:/
имав ставено еднаш во сандра во аеродром акрилни и траеа еден месец ама таа никаквата козметичарка незнам кој и ја даде дипломата ми ги направи никакви не чекаше да се исушат убаво па да стави уште еден слој туку набрзинка да заврши шлапаше се наеднаш и не ми се допаднаа ама баш ич, сама си ги преправав ама мн брзо се прљаше лакот одозгора што го ставав и морав да ги извадам сама ноктите пошо не ми се одеше да ми ги вади таа ќе ја убиев и ок остај тоа ама какви ми беа уништени од тоа лепакот не можам да опишам . и ај следен пат да ставам надградба отидов во тимотеј ај гелни ќе ставам као ми ги фалеа подобри се не се оштетуваат ноктите, закажувам одам и ги ставаат на ист начин како акрилните што ми ги ставија во сандра и останав ваква дури и ја потсетив таа дека сакам гелни, ок ги направи на изглед преубави, ама... станувам утрето и ми нема еден нокт одам на корекција ми го направија ама за два дена испопаѓаа сите нокти и од сеа не мислам да ставам надградба на нокти освен ако ептен морам ( ако сум на свадба или некоја таква поважна прослава ) гледам моите нокти да си ги исчувам, и ако некој сака да става нокти мој совет е никако во сандра и тимотеј
Ако ти е мерак..океј пробај си ама една моја другарка опасно си се заеба ..ем си плати доста ем не беше задоволна.И се оштетија ноктите ептен сепак ти си знаеш ..ХОХО..