Дали имате искуство со гел лак на свои нокти во velvet nails или toria? Дали се кршат брзо, дали се уништува ноктот?
Здраво, сакам да прашам што е разлика меѓу гел на природни нокти и гел лак на природни нокти? И што се подразбира под надградба на нокти?
Гел лакот изгледа како лак ама пак се пече во ув печка , се става во потенки слоеви доколку гелот има подебела структура и е поиздржлив.
Девојки, препорачајте салон за нокти со пристојни цени во околината на Карпош 3... Цените за гел отидоа на 1200+ денари, што за кратки еднобојни нокти сметам дека е премногу.
мој искрен совет, купи си ув лампа (до 2000) и прави си сама, 100000пати поисплатливо е. Инвестирав по малку поскапа база и топ коат (едно ме кошташе 400 ден мислам галакси бренд) а гел лакот во боја е од ефтин бренд околу 200 ден (мислам дека беше реувре) и сама си средувам ми траат месец дена, сетов си го купив некаде април еве завршува годинава уште си терам. Најдобра инвестиција за мене годинава, искрено и моите се кратки, еднобојни затоа ти препорачувам. За било што друго, надградба, патерн, шари итн стрикно салон
Малскиве знаат да се поевтини обично и тие што тек се почетници. Ама некако се променливи доста, мене барем секогаш различно ми наплаќале за еднобојни и прекинав. Или сама да си правиш гелни или обичен безбоен лак на нокти ставај. Пак имаш ефект на средени нокти, а и да се излупи не се приметува толку како кај други бои.
Препорака за некое девојче што прави наливни нокти до максимум 900 ден? Не ми треба нешто комплексно, само да е хигиенски и да не кривудаат
ефтините ги зедов од ани фарм во капитол а другите галакси е од Aleksandar Cosmetics (izguglaj gi, imaat instagram strana i adresa na google) Address: Vasil Gjorgov 31, Skopje 1000
Здраво, дали некоја има искуство со салонов во Ѓорче Break a Nail? https://www.facebook.com/breakanailatelier?mibextid=ZbWKwL
Ок е. Се труди да го направи тоа што го бараш, може нема да биде исто, но барем слично, цврстината на ноктите е ок, само малкуцка подолго време ги прави.
Па најубаво да ја прашаш неа, мене ми наплатува 1200 нов сет, 1000 корекција. Гел лак мислам и е 1000
Женски ве молам за нокти во К.Вода,кај што пишав не ми враќаат..Нека е и салон бидејќи сакам и веѓи да исчупам,и за тоа не се снајдов.....
https://www.instagram.com/cozmetichko_beauty.studio.n?igshid=YTQwZjQ0NmI0OA== Пиши им за нокти , да не имаат некој термин