Дали е тешко за самоуки вака како мене, типсови да си ставам сама на нокти? И дали се оштетуваат повеќе ноктите со типсовите?
Каде можам да купам четка за отстранување на вишокот лак од страна? Само да не е Александар козметикс, далеку ми е.
Не се оштетуваат повеќе се додека ти е добра изработката, јас на пример типсовите ги лепам со база, не со секундарен и се ептен трајни, не се одлепуваат, дури се слепуваат со ноктот
И со база ќе држат? Немам професионално искуство и немам поим. Гел лакот дали правен од др што раб со тоа дали сама исто ми трае недела дена, 2 преку сила. А последно ставав типсови кај девојче што раб со тоа и сеуште ми се на нокт. Само ги кратам и менувам боја. Најисплатливо до сега. Па сакав да пробам сама да ставам. Има ли нешто посебно на што треба да внимавам со типсовите? Купив типсови лепак за нив ми дадоа и клешта(или како и да се вика) за кратење
Здраво, дали знаете каде можам да најдам Течен гел за нокти Bluesky LIQUID HARD GEL? Или не мора да е таа фирма но да биде течен гел?
Има во Diva cosmetics, имаат продавница во ГТЦ и спроти Буњаковец. Јас купив од Revuar, проѕирен е и задоволна сум од тоа каков е. Мислам дека немаат во боја. Можеш и на инстаграм да видиш на Victoria Vynn и тие мислам дека имаат
Од Blue Sky и Revuar Мене најмногу ми траеле типсови со лепакот од Александар козметикс, ми траат дури и до 3 недели. Исто така треба да го истурпијаш ноктот убаво, и откако ќе го залепиш типсот треба да го истурпијаш (треба да не е сјајен и мазен) пак за да го “споиш” со твојот нокт за да не се гледа после тоа кога ќе ставиш гел.
Revuar имаш млечен, розев и проѕирен.350денари. На Викториа Винн ако си почетник е премногу течен потежок за работа
Здраво, Сакам да купам сет за нокти, па би Ве замолила некој да ми даде предлог/совет од каде да купам. Ви благодарам
manikir.mk na instagram pobaraj gi, imas razlicni setovi. Imashe i ushte edna strana od kade shto jas si go zemav setot ama sega gledam deka go izbrishale profilot
Девојки гел лак со база со топ коат, под ув ламба на свои нокти колку ви трае? Сакам да си ги правам дома, па ме интересира дали вреди да инвестирам.