Здраво девојки ии ве молам за помош Почнав сама да си ги средувам ноктите дома, купив се што треба ама ме бунат овие две работи 1. За ГЕЛ на ноктите се ставам, кога ќе стигнам кај базата е сега дали можи над базата да се стави билдер гел или ако се става билдер гел не треба база? 2 И дали билдер гелот треба прво печење па турпирање па со гел во боја мачкање?
Јас имав ставено пред 2 недели и не ми се оштетени моите нокти само имав малку траги од лепакот. Меѓутоа јас сама си ги извадов за 4-5 дена, а траат 1 месец.
Се мислев и јас за кај нив, пошо досега сум задоволна од шишање. Како се со цени за гел лак? Ако знаеш
Предлог за некое студио што прават наливни и типсови до 900 денари? По можност реон центар, аеродром или партизанска!
Damn, сеуште живеам во времето на гел лак за испод 500ден . Колку долго ти траел? Да знам дали би ми се исплатело
Имаш надградба со типсови и наливни. Типсови ти се оние пластичните нокти што се лепат за ноктот а наливни се прави форма се надоградува ноктот со гел со оние картончињата,формите
Еве јас ќе ти одговорам од искуство, најважно според мене е да се користат квалитетни материјали. Типс или наливен, сеедно е кога после 2 месеци ќе пораснат твоите нокти и само ќе се одржуваат со гел (гел лак). На многу различни места сум правела нокти, неквалитетен гел ми се има кршено редовно, сега со добар гел лак, зимско време по повеќе од месец ги носам, не мрдаат.
Ја сама си ги правам дома. И тоа наливни, никогаш немам ставено типс така да не знам да ти кажам колку држат и се околу тоа. Ама да се согласувам дека е битно и квалитетот на материјалите и добрата обработка на ноктот. А вака од искуство на другите околу мене би рекла наливни