Victorya vinn Od kade poracuvate dali na insta strana ? Fala I kako ste zadovolni sakam da pocnam sama da pravam sto treba da si poracam
Имам неотворен гел од 200 мл и база и топ лакчиња. Ако сакаш може да се договориме да ти ги дадам по пониска цена.
Здраво дали има некоја од карпош,влае,ѓорче што би се нафатила да дојде кај мене дома да ми стави гел на нокти ,зашто сум со 2 бебиња не можам да идам нигде.од 700 до 1000 ден макс. Може да ми пише ќе се договориме..фала многу
Дали некоја користи нокти што се лепат? Ми се скрши едниот нокт и морав да ги скратам денес, па ме интересира оваа опција додека ми пораснат. И предлог од каде да купам со лепак што ќе ми трае.
Сум носела и типс и наливни. Од 1999 носам нокти ( не сум млада 45 години имам) кога не беше баш многу ин затоа што ми беа многу изгризани ноктите. До јуни 2020 одев во Алесандро, најквалитетни но и најскапи. Ама ноктите ми ги оправија, стручни посветени збор немам. Уште тоа време беше 2000 денари ставање типсови со гел и слично. Е сега, откако се деси короната јас се научив сама и дома сама си правам. Од искуство: Евтини од фб како Manikir.mk бегајте. Тоа е ужас. Не трае. Сега користам Cuccio u Clarissa Nails и Galaxy nails za doma.. Сакам да кажам, колку пари толку музика.
Да се надоврзам. Маникир.мк од Битпазар ја зимаат робата. Точно знам и кој дуќан е, а од таму се упола цените. Плус во дуќанот имате избор на многу подобри и поквалитетни материјали.
Не знам од каде ги земаат ете тогаш тие ми беа.. и така. Ама секако квалитетот е најбитен. Пробав сега и Gel x на Clarissa ама не можев да ги издржам ноктите.. па ќе си се вратам на лиење.
Кажи ми каков лепак користиш за типсови? Абе и Локтајт и Бик супер лепаци ставам ама јок, ми се вадат ноктите после 3 дена ништо не трае на мене. И професионално ги направив пред некоја недела, не знам зашо не траат на мене.
За лепак само на Galaxy користам. Што се однесува до траењето битно е дали имаш масна или сува плочка. Ако е масна плочката на ноктот мора да ја одмастиш со пример и потоа да ставиш слој за bonding на ноктот. Прајмер, бондер, база никако на пластиката не се става.. само на природниот нокт. Сега немам лепак па ќе пробам со база да ги залепам типсовите или да лијам...
Женски прашање, ridge filer base coat од bluesky, како се користи? По грешка наместо base coat сум зела ridge filer. И сега прво треба филер па база или филерпот се користи исто како база? За гел лак зборуваме