Здраво девојки. Сакам да почнам дома да си ги средувам ноктите. Би сакала само гел лак да ставам на моите. Без надградба и сл. Па прашањето ми е дали треба да ставам база пред гел лакот и завршен на крај? Дали е тоа се?
Некој искуства со вештачки нокти, оние што се лепат со лепак. Гледам има на Али Експрес. https://a.aliexpress.com/_EG6p6OJ
Јас земав 2-3 пати од Kiss во Германија ги има ама сигурно може да се нарачаат некаде, мене ми траеа 2 недели со миење садови, чистење со секакви хемикалии така да мене ми се океј. А и овие од Али Експрес изгледаат океј само треба добар лепак.
Прелог електрична турпија за нокти? Имав купено од Сетек за 300-400 ден ама не ја бива, ми треба 1 час за да го извадам гелот.
Здраво,колку време ви стојат гел лак коа ќе си направите сами? Која процедура е? Од каде зимате база,лакови?
Ај нека ме упати некој пошто едино сакам нокти за пригоди. Значи имам кратки нокти не се правени по козметичари никогаш. Е сега кога одам некаде или излегувам би сакала да залепам пластични нокти што сама ќе ги купам, да ги налакирам соодветно на аутфитот и после таа вечер да ги одлепам и веднаш да ги фрлам. Значи ми требаат нокти за неколку часа само. За секој ден не би сакала да носам нокти. Можно е ова или и тие купечките пластики се лепат за на подолг рок?
Типсови лепени со квалитетен лепак не можат да се одлепат, само да се истурпираат, така што би требало да ставиш неквалитетен типс + неквалитетен лепак. Друга работа е што откако ќе ги залепиш мораш да ги истурпираш и да им направиш форма инаку се грди, а тоа одзема време и дефинитивно не е решение за едно излегување. Накратко, вештачки нокти за едно носење не се исплаќа да правиш. Подобро направи си обичен маникир дома на твоите природни нокти, нема врска што се кратки.
Сјај за садови, топла вода и маслиново масло. Ако имаш масло за тело можеш да капнеш ако ти диши ноктот од некаде одма искачаат.
Да поставам едно прашање до тие што правите редовно нокти, особено на вашите значи не надоградба. Имам ставено надоградба само еднаш во животот за матура и имав многу ама многу лошо искуство и од тогаш си ги правам дома со лак, само проблемот е нели - не трае. Тогаш кога ставив надрадба прв пат, откако ги извадив моите нокти беа во ужасна состојба. Меки како лист и испукани од премногу стружење, дури имав напукнат природен нокт кој го носев во завој со недели , не знам колку е вообичаено тоа но ми требаа месеци да ги вратам во нормала. Имам природно убава форма на плочките, и ноктите ми се цврсти и долги, и се плашам дека ако одам да ми стават гел со лак само на моите ќе ми се случи истото како тогаш ако се решам да направам пауза и да ги изадам. Не знам дали маникиристката што ми ги правеше не беше баш искусна или тоа е нормално но постои некој друг начин без да ми ги стругаат до смрт моите нокти?
Јас ти препорачувам од Али Експрес или негде на др место да си купиш и да си лепиш сама со лепак. И ајт чао.
Мислиш да си земам ламба и само со гел да ги печам? Не знам дали ќе трае исто како во салон или нема врска?
изгледа не ме сфати или јас лошо објаснив.. Сакам на моите нокти пошто имам природни долги нокти и не мора да ми се стругаат за да де стават вештачки, ама во салон како што претпоставувам ги стругаат секако и ништо нема да остани од моите природни, битно ми е да ми трае лакот повеќе од 2-3 дена ама да не ми се уништи природниот нокт
Прв пат залепив сега click on на Есенс. Турпирање не ми е проблем (веќе си имаа форма де, малце ги дотерав). Како за прв пат сум задоволна со резултат, ако траат 2 дена сосема доволно ми е. Многу години правев гел на мои нокти, ми се смачи, па се лакирам сега, ама еве имам пригода и сакам со подолги нокти да одам. Пишува дека со топла вода и ацетон се отстрануваат. Ако некој става вака може да предложи и други да пробам. Планирам и да ги излакирам утре, да видам како ќе личат со лак