Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надградба на нокти

Дискусија во 'Тело' започната од Mireto, 20 ноември 2009.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Каде можам да купам ваква четка и една попрецизна? Не од александар козметикс бидејќи се сигурно скапи.
    Screenshot_20240514_143700_Instagram.jpg
     
  2. Slow18184

    Slow18184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Порачај си од Али Експрес
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.967
    Допаѓања:
    81.299
    Пол:
    Женски
    Од тоа дуќанчето внатре во Зелен пазар, ко продавничка е за опрема за маникир и козметика. Не ми текнува како се викаше зашто одамна не сум била натаму, ама лесно ќе го најдеш. Само тој дуќан е со опрема за нокти правење. Карши рибните дуќани беше отприлика.
     
    На nena2010 и Elence93 им се допаѓа ова.
  4. Heidi__9

    Heidi__9 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2024
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Печка од колку вати е океј за дома правење нокти само за гел лак? И каде би можела да најдам за океј цена да не биде прескапа.
     
  5. Tainstvena.234

    Tainstvena.234 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Препорачајтеми некој салон за нокти, ми треба одма бидејки сум на свадба, некоја што си ја знае работата да ја работи а не само да нашлака и да ми паднат за два дена
     
  6. Heidi__9

    Heidi__9 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2024
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Девојчево прави супер нокти, е сега дома си има просторија за работа ама мене до сега два пати ми има правено и стоеле подоста ноктите.
     

    Прикачени фајлови:

    На Tainstvena.234 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.183
    Пол:
    Женски
    Имаш и во ревуар во гтц, а дуќанчето во зелен пазар се вика BELL парфимерија имаат страна на фб
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maryy.

    Maryy. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Девојки а ревуар билдер геловите или обичните гелови (не геллаковите) како се? Квалитетни ли се?
    Бев минатата недела до jumbo баш ги гледав зошто ми требаа. Некоја искуство?
     
  9. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    18.334
    Пол:
    Женски
    Јас ги користам, особено тие во шишенце, заради побрзо нанесување и одлични ми се
     
    На Maryy. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Maryy.

    Maryy. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. Земав билдер гел па ќе видиме како ќе де покаже.
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.324
    Допаѓања:
    113.975
    Пол:
    Женски
    А каде точно се наоѓа тоа дуќанчето на бит пазар.. може да одам утре па да видам типсови со плиток џеб ми требаат..
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    10.817
    Пол:
    Женски
    А тие мора ли да се печат, или како обичен лак се сушат и јас често ги гледам не знам дали мора да се сушат.
     
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош бидејќи сама си ги правам ноктите. До сега процесот ми беше ваков: дехидратор, clear gel base, rubber base, gel polish, clear top coat, сите на Ревуар.
    Сакам да добијам ваков ефект и ваква боја, но не можам никако да најдам таква боја лак, а гледам дека користеле Builder gel. Дали тој се користи само за надградба или може и место rubber base?
    Како би одел процесот? Знам дека со посебна четка се нанесува.
    Screenshot_20240605_100338_Instagram.jpg Screenshot_20240605_095718_Instagram.jpg
     
  14. lana_li

    lana_li Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Тоа што тие употребиле е билдер гел. Слична е постапката: прајмер (и дехидрататор, но јас го прескокнувам), бондер се лакира слој и се пече, билдер гел излакирано слој и испечено, потоа со четката се зема билдер гел (ќе гледаш како топче да го земеш, има на интернет видеа за да не влегува воздух во гелот, плус да не се направи сѐ лом со гел хаха) и се става отприлика на средина од ноктот. Малку е погусто од рабр базата, но на сличен начин со четката нежно се разнесува на ноктот. Можеш да употребиш и тенка четкичка за убаво да нанесеш на страните од ноктот и до кутикулите. Отакако ќе се испече, се брише лепливиот слој со алкохол и се турпира. Потоа, ако сакаш боја и на крај топ коут.
    Инаку, не е само за надградба. Разликата меѓу билдер гел и рабр база е еластичноста. Рабр базата е подобра за потенки и пофлексибилни нокти.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ubavo

    Ubavo Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2024
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Ve molam preporaka za nokti nekade niz ghorce hrom po pristapni ceni :)
     
    На Tatii10943 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oksa

    Oksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, не сум сигурна дека ова е прашање за темава, меѓутоа не можев да најдам посоодветна.

    Каде има салон во Скопје за маникир и педикир, некој онака подобар, сите што ги гледам, ставаат слики на кои кутикулите не се средени и искрено не знам дали по тоа може да се суди, али од старт ми е одбивно
     
    На Aivva му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maryy.

    Maryy. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Велвет! Девојките се прекрасни, имаш средување нокти, кутикули, работат феноменално и детлно. Е само не знам како се со терминчиња ама верувам ќе ти искочат во пресрет. Салонот им се наоѓа позади силбо во центар.
    Еве им го и профилот во прилог:
    https://www.instagram.com/velvet.nails?igsh=MTJmYjN5dnIwem4ycg==
     
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.954
    Пол:
    Женски
    Нели е нормално при секоја нагрдадба\корекција да се сечат заноктици? Имам заприметено во еден салон и ниту една не го прави тоа, само ги турка нагоре и то е се. Не знам дали не е препорачливо сечење секоја корекција или тоа од мрза не го прават? Мене кога ми ги правеше два пати со ред првиот ај реков ама вториот и реков да ми ги среди и ме погледна чудно.. Хаха
     
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    3.954
    Пол:
    Женски
    Никој не знај?!
     
  20. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Обично не се препорачува редовно да се сечат заноктици бидејќи со секое сечење стануваат повеќе тврди, секој различно работи. Башка штитат од микроби, бактерии и габични инфекции. Подобро е да се буткаат.