Ми треба совет. Јас долго време си ги правам кај една девојка и ептен сум задоволна како работи ама сега за ептен битен настан нема да боде тука. Ми треба да ми препорачате некое место/девојка која што убаво црта на нокти.Значи не да лепи лепенки или да става печатчиња тоа можам и сама него да црта убаво. И да не работи со кој знае какви гелови квалитетни не е проблем ке ги направам јас на друго место со гел битно ми е само да најдам некој што знае да црта!Хелп!
Јас имав ставено за полуматурата и сама ги извадов по една недела одма,ми се здосади само едни исти јас како што ги лакирам секој ден различно а се изначудив што мене ми се лупеа моите и од кога ги извадов па се до сега ми се немаат ни излупено ниту искршено сега сепак ми беа оштетени и уште малце ми се ама работам на тоа и машала ми се враќа цвртината што ја имав порано
Првиот пат кога ставив надградба бев презадоволна од тоа како ми изгледаат ноктите и ми издржа скоро 1 месец, освен 2 ноктиња кои за инает цело време ми се одлепуваа ама ја не се давам па со супер лепак ги лепев постојано (кој патем го носев нон стоп со мене да не случајно одлепам). Откако се решив да ги тргнам ноктите ми беа потенки и од лист на тетратка од 7 денари Ми требаше бајаги време да ги опраам и од тогаш уште еднаш ставив за на свадба и толку. Немам намера да ставам пак, барем не во блиска иднина, а и ги доведов ноктиве во некаков ред па не би сакала да ја зезнам работата повторно.
мој личен совет е тие што си имаат нокти да си ставаат само гел над своите колку-толку помалку се оштетуваат,...инаку ако ставате надградба само за еднаш,...ке ви изгледаат ноктите еден месец убаво но после ке ви треба 2 месеци да се опорават и вратат вашите.......а може и повеќе.... ...И исто не ги откорнувајте вештачките нокти,....истружете ги со турпија ако ви сметаат и почекајте да се одлепат малку па да ги вадете,....инаку ке ви останат како лист вашите нокти.....
надградба - убаво изгледаат ама откако ке падне катастрофа се ноктите, имав ставено и само гел на моите нокти ама ни тоа не препорачувам- почна за брзо време да пука , се изнервирав и на сите нокти го корнев буквално за да го извадам , повеке такво нешто на мои нокти- не фала!
Имам еднаш правено надградба и никогаш повеќе, си ги упропастив моите и бааги време требаше дури се зацврстат пак. Идиотче, демек за матура. Кога ќе видам девојка со надградба и знам под тоа што има коса ми се крева. Строго за природни и негувани нокти, надградбата е за мене лично ептен неубава на око, ми боде очи колку делува пластично и вештачки. За мене ова се убави нокти, можеби и нешто пократки.
Јас имам надградба на нокти , прв пат правам ама почна ноктот да ми расте. И сега треба да си допунам ? Колку пари е тоа ?
Од девојките тука што ставаат гел на нокти..ми треба итно најитно препорака за некоја девојка или салон каде да го дополнам мојот гел! Мојата не е тука а денес ѕвонев на 2-3 бек ап опции што ги имам и или се на годишен одмор или нема термин а мене ми треба најитно за до четврток макс! Хелп!
девојки дали некоја од вас знае каде можам да набавам сет за акрилна надградба на нокти? ај ако знаете ве молам за помош зошто јас се што наоѓам е за србија и не праќаат роба за македонија
Убаво е да имаш надоградба на нокти.Секогаш ти се средени.Ама се додека навреме одиш на корекција. Јас надоградба носев 3 месеци (со корекции секој месец) и откако се решив да ги извадам после уште месец ипол неможев да си ги опоравам моите нокти. Тенки, кршливи се делат на слоеви.
јас имав... т.е. уште имам на малото прсте и палецот и одвај чекам да го извадам и од таму... ми испука гелот и јас сама си го излупив и си го извадив со турпија... никогаш веќе нема да ставам, не ми се допаѓа некако... не ми испука зошто беше лошо изработено туку зошто јас едноставно не сум за долги нокти
Jас имам долги убави и цврсти нокти и не би сакала да си ги уништувам со надградба или гел бидејќи после се потанки и од лист...инаку кај мене во мојов град цената за гел е 250-300-350-400 а за надградба дупло од цената на гелот значи 500-600-700 и 800
Два пати во животот и не планирам повеќе! Лично искуство: Првиот пат, за матурата. Скапо ги платив, но навистина беа цврсти и издржливи. Повеќе од месец ми потрајаа. По вадењето ноктите ми беа слаби ко ливчиња. А инаку имам цврсти, здрави и убави нокти. Вториот пат ме частеше тетка ми, инсистираше. Тие пак по една недела носење почнаа да ми пукаат и сите сама си ги извадив. Ноктите ми беа ужасии, ми се лупеа, што никогаш до тогаш (и до сега) не ми се има случено. Друго! Толку се антиталентирани козметичарките што прават маникир, ама никакви идеи немаат! Имам видено мал милион девојки со надградби со шари и триста глупости, или пак цртани шари со шаблончиња-тоа и баба ми го може! Ниту едни нокти што ги имам видено направени во козметички салон не ми оставиле впечаток. Нема ни најмала споредба со надградби на нокти што можат да се видат на интернет. Трето, ги обликуваат како лопати, една надградба со нормален, заоблен облик немам видено. Облик кој ќе го следи обликот на ноктот. Четврто, ставаат 500 слоеви и ноктот изгледа подебело од прстот! ...И ред други причини за ПРОТИВ надградба на нокти. Кога овој тренд не постоел на нашиве простори, жените си правеле маикир во домашни услови, со обично лакче за нокти и турпија, и изгледале можеби посредени и поубави од денешниве надградби.
и јас истото мислење го имам...редовно имав вештачки нокти но во последните неколку месеци почнаа мојте да се лупат и да ми се кршат...
Depileve i Elite jas gi znam ovlasetni vo MKD za prodazba na materijali ...ama se izgor skapi..i jas se rasprasuvav za gel tehnika ama ne mi odgovara voopsto cenata..e sega ako imate nekoj od srbija-hrvatska ...tamu se dosta poeftini i imam mnogu poveke izbor