Да можеш. Само гледај да е рапава, побрзо ќе го извадиш. Јас многу пати имам вадено така гел лак и гел.
Можеш. Ја така го вадам гелот. Само ако ти е трупијата истропена поспоро ќе иде затоа купи си нова и пази не иди скроз до крај на ноктот да не те боли. И скрати си ги
Сите што не можете да најдете термин за нокти овој период пред нова година.. Еве моја препорака за новоотворен салон, ем цени на акција ем девојката предобро работи. https://www.instagram.com/nailsoclock_mk?igsh=MTA3ZnIwZTBqb3kxcA==
Здраво девојки , ве молам за одговор Почетничка сум, правам нокти ставам како подлога прајмер па база гел (имам пробано и пред базата ставев гел па база ) потоа ставам буилдер гел па гел лак и топ коат но следната ден гелот излегува со се типси ве молам кажете каде грешам и дали базе гел и базе коат е исто (можеби тука ми е грешката)
Кога правиш само гел лак на природни нокти ставаш прајмер+база+гел лак во боја+топ коат. Кога правиш типсови или надградба тогаш ставаш прајмер и веднаш со градивиот гел, па стружиш, измазнуваш, формираш, па гел лак и топ коат. Тогаш не користиш база, затоа што градивиот гел е база. И лепи ги типсовите со квалитетен лепак
Може ли некоја да ми објасни која е разликата меѓу гел на природни нокти и гел лак? Немам правено нокти а сакам да почнам, па не знам што е подобро.
Гел на природни нокти значи дека ја користиш големиината на ноктот и врз него градиш, нема наливање или типсови. Гел лак е лак во боја која се суши под ув/лед ламба.
Мила Направев гел лак на природни ми успеј ти благодарам премногу ,утре правам со типсови па ке видеме за резултати кеви пишам, ке прашав за уште нешто дами препорачате некој квалитетен гел и квалитетен лепак за типсови ако знаете .
Супер, браво. Штом ти успеало сигурно знаеш дека прво го стружиш ноктот да тргнеш сјај, па потоа почнуваш со гелирање, типсови, надградба... И јас сум во потрага по квалитетен гел, а типсови не лепам. До сега сум користела на revuar и Александар козметик и ми траеле околу 3 недели. И јас сум во потрага по квалитетен гел. Девојки дали од Clarissa вршат достава на гел за домашна употреба, односно по едно пакување? И дали некоја има нарачувано?
Не сум правела типсови, последната година работам гел за свои потреби и на природни нокти. Не можам да се сетам како ми ставале типсови на друго место. Отвори на YouTube туторијали за типсови, сигурно ќе најдеш или некоја девојка да ти помогне.
Јас немам користено ама по некоја моја логика мислам дека прво го турпијаш ноктот па лепиш типс и малку го стругаш кај што е залепен и мачкаш прајмер само на твојот нокт не и на типсот. Пробај така види ако не држи пробај на цел нокт со се типс намачкај прајмер.
Ми се скрши нокт. Природни ми се. Има ли начин да го опраам? Да му залепам нешто за да не се докршува?
Здраво женски јас пробав како што ми пишафте овде но неми успева пробав и со акрил гел, зедов и појаки типсови но два дена и се одлепуват а користам лепак од ревуар ве молам кажете некое чаре незнам каде грешам губам надеж
Прво го стружиш со турпија за да го отстраниш сјајот, а памук натопен со ацетон (не маслен отстранувач) го ставаш на ноктот и завиткуваш со алуминиумска фолија. После 15-20 минути ја отстрануваш фолијата, заедно со гел лакот. Ако има остатоци од базата врз ноктот ги тргаш со дрвено стапче за кутикули.