Девојки, за првпат ставив гел лак, ноктите си ги правев дома. Ги носев 2 недели, искрено ми беше страв да ги носам подолго дека ги правев за првпат сама. Додека ги носев беа ок, но откако ги извадив забележав дека некои нокти ми се малку оштетени, односно горниот слој е напукнат и малку ми се чувствителни. Ги вадев со ацетон. Дали ова се случува поради лошо турпијање или поради тоа што немам правено нокти досега?
Со ацетон тешко се вадат. Јас кога и да сум ги вадела со ацетон потоа ми биле некако како изгребани, оштетени. Си земав електрична турпија плус ќерамички турпии (тие делчињата што се вметнуваат во е.турпија) и побрзо се вади гелот плус не ги оштетува ноктите , треба да внимаваш како ја користиш
Здраво девојки ако има некоја од битола дами каже каде можам да ги најдам истите како на сликата или во некоја интернет страница и ако знае дами кажи како му одат цените на истите
Првиот го зедов од Александар козметик, го има на нивната страна. Во Битола скоро и да нема продавници за гелови за нокти. Единствено ако имаш пријателка што работи со нокти, па кога ќе нарачува од дистрибутерот, да нарача и за тебе. Цената на првото е 650 денари
Здраво, да ве прашам, зошто откако ќе ги направам дома ноктите, а ги правам прајмер+база+гел лак+топ коат, по неколку дена ми се вади целиот гел, прима воздух и целиот се вади од ноктите.
Според мене има неколку фактори: - прво провери ламба, не пече убаво кога е при крај со трајноста - не ти е убаво обработен ноктот - дебел слој на гел - не квалитетни гелови Ако грешам нека ме поправи некој
Ќе те цитирам во оваа тема, бидејќи посоодветна е. На каков гел мислиш? Гел лак или оној што е како за надградба? Не го знам точниот збор. Зошто не? Од самиот гел се уништува ноктот? Или од вадењето? Или од неправилно вадење на гелот? Сакав да ставам гел, ама твоево некако ме премисли
Се уништува самиот нокт, се струга ноктот. Другарка на нејзини нокти ставаше гел и кажа дека после тоа никогаш не и биле исти. Кршливи и тенки. Јас никогаш не сум ставала ама моите последната година се катастрофа. Посебно на зима ми се лом. Твоите се убави и цврсти не си ги расипувај.
Јас па обратно искуство имам. Имам многу тенки и кршливи нокти и на раце и на нозе, и откако почнав да ставам гел брзо ми пораснаа и ми се зацврстија. Само првенствено зависи од самиот нокт, и од квалитетот на материјалите за правење нокти. @Puellapulchra убави нокти имаш. Ако ти се цврсти, немаш потреба од гел. Доволно ти е обичен лак или гел лак за поголема трајност.
Ноктите и за гел и за гел лак мора да се истругаат малку, така да се уништуваат и така и така. Е сеа најбитно е материјалот а бога ми зависи и од девојката што ќе ти ги прави т.е нејзината стручност, знаење. Ако имаш цврсти нокти боље ти е само лак обичен отколку гел/гел лак, бар според мене. Јас имам тенки кршливи нокти и кога идев да ми ги прават и сега кога сама си ги правам ноктите ми се исти, нит ми се поцврти нит покршливи (кога ќе го извадам гелот)