Прајмерот се става за да се подготви ноктот за следниот чекор, нанесување на гел. Со прајмерот се чистат маснотиите и нечистотиите од ноктот. Кога нанесуваш обичен гел, пребришување со алкохол се прави откако убаво се испече гелот за да се отстрани лепливиот слој и да се продолжи со измазнување и оформување на гелот. Има два типови на завршен сјајен слој што се пребришува со алкохол и што не се пребришува, пишува на пакувањето.
Препорачајте ми некој салон за нокти во карпош 4, тафталиџе, лептокарија а да не е над 900,1000 денари.
Некоја да ми објасни зошто ми се лупи гел лакот? Ми стои најдолго една недела и веќе почнува да се лупи. Ќе наведам што ставам, па пишете доколку нешто е погрешно: 1. Турпијам 2. Ставам прајмер 3. Ставам база и печам 60 сек 4. Ставам гел лак и печам 60 сек 5. Ставам втор слој гел лак и печам пак 60 сек 6. Ставам топ коат и печам 60 сек Сите работи ми се на Ревуар.
Почекај прајмерот добро да се исуши околу 5 минути и печи подолго време 2-3 минути и покрај тоа што пишува 60 секунди. Мене ми траат подолго откако почнав да го печам гелот подолго.
Девојки ве молам да ми препорачате салон за гел лак во центар, околу рампа или на почеток на кисела вода..
Не е к.вода ама ако не ти е далку Пржино последна 16ка, девојката е топ https://www.instagram.com/nailsoclock_mk?igsh=MTA3ZnIwZTBqb3kxcA==
Препорака за добар салон за нокти во околината на центар, дебар мало, карпош? Нешто како Nail Creation овие ми претераа со цените.
Те молам повеќе инфо, како се прават, од каде се купуваат? Ми треба нешто за побрзо средување, немам време со децава.
Априсити, наспроти тинексот на првомајска. Многу добри нокти прави девојката, има и на инстаграм можеш да видиш, нормални цени има https://www.instagram.com/apricity_______________?igsh=MWlydTUxYTEwaTliaQ==
Не знам дали е за тука прашањето ама не најдов дрога посоодветна и поактивна тема. Долго време носам гел на нокти, во салон ми ги прават, значи не на типсови туку на мои, со гел. Е сега сакам да престанам да ги правам така. Мислев да си земам неколку гел лакови, и сите потребни додатоци и сама да си правам. Немам ламба и би преферирала така да се сушат (ако воопшто е возможно). Објаснете ми ја постапката (тие што знаат) како оди, и предлог од каде и какви лакови да земам, базен, завршен итн...
Мора,да имаш ламба дома, така не се сушат. Ќе ти треба прајмер, база, гел лак во боја и топ коат. Имаш видеа на јутјуб и тик ток можеш да си гледаш и чекор по чекор да правиш. Јас опрема се земав од Ревуар (ги имаш во Гтц во парфимеријата Дива