Вие што си ги правите ноктите по дома сами , плус користите турпија електрична, како успевате да работите на другата рака? Во мојот случај (левак сум) со десната ептен тешко работам на другата и ептен ми е тешко кога го отстранувам материјалот, некогаш го потфатувам и мојот нокт истото важи и за сечење на кутикулите, па некогаш само ги подигнувам, не ги сечам воопшто..
Ваљда е навика, и јас сум левак, па некогаш подобра ми е левата средена дури и со цртање од десната. Пракса само и ќе биде
Сакам да почнам сама да си ги правам ноктите со гел и гел лак. Дали може да ми кажите кои се основни работи што треба да ги купам и кои се чекорите за изработка на гел лак?
Какво масло за кутикули да земам? Дали има по аптеките/ДМ (ако има какво) или е некое посебно што го има само кај овие што се купува опрема за надградба со гел? И дали мора полир турпија? Имам неколку различни само не со гранулација 240. Ви благодарам
Имаше во ДМ масло за кутикулите на catrice, magic repair се вика. Минатата година го зедов. Провери дали го има уште.
УВ ламба, турпија (пожелно електрична), ножички за чистење кутикули, прајмер, base coat, top coat, четкички за чистење на прашината од турпирањето. Одприлика тоа е. Ги турпираш ноктите и ги обликуваш како сакаш, ги чистиш кутикулите, ставаш прајмер, base coat па го печиш околу 2 минути, па ставаш гел, го печиш и на крај top coat.
1. Алкохол 70% 2.Дехидратор 3.База 4.Хард гел(ако сакаш поцврсти) 5.Топ коат Се отстранува мртвата кожа кај кутикулите, се сечат вишокот кутикули(внимавај само) Се турпија ноктот со не мнпгу груба турпија, за да се тргне сјајот. Се чисти со алкохол. Следува дехидратор, се суши на воздух неколку секунди. Се става база во тенок слој, се пече 60сек. треба да остане леплива. После базата за гел лак оди боја, а за гел оди гелот, гелот се пече 2/3 мин. Се поминува со алкохол, се рамни со турпија. Се нанесува боја се пече. Се нанесува топ коат и се пече.
Дали некој знае да ми предложи каде можам да учам за правење на нокти и да добијам сертификат/лиценца? Слушнав за две: New York beauty academy и Laguna beauty training center. Не знам кои им се цените и дали се добри. И дали ова ќе ми помогне за правање press on нокти, затоа што сум повеќе заинтересирана за тој дел?