Јас ставам веќе подолго време надградба кај едно девојче тука во Куманово и премногу ми се допаѓа..јас ги оставам така пократки и ми трајат 4 до 5 недели..иако до тогаш се веќе мн подраснати сепак не ми паѓаат. Цената е 500 ден.Навистина едни од поефтините.
Не сум ставила досега надградба, не работам и немам свои пари, моите нема шанси да ми дадат 600-700 денари за нокти.Признавам убаво изгледа, ама дома самата си ги средувам ноктите, сите ми ги фалат од околинава. Ама братучедка ми ставаше за свадба гелни, исто и сестра ѝ, има разлика од козметичар до козметичар и од нокт до нокт.На неа и траеа околу 2 недели, пред свадбата ги направи и за две недели и се скршија и ѝ паднаа, а ноктите беа разлистани и меки. Е сега на другата и траеа околу 2 ипол месци, и ноктите брзо и се оправија, а на друго место правеше. Значи до козметичарот е најпрво, ако е искусен ќе ви бидат убави, ако не отиде јабана работата.
ништо не ми одговори.... каде може да се најде цел комплет за 70 евра??? те молам пиши ако навистина знаеш....
Девојки дали сте правеле во Сандра надградба на нокти? Денес видов колешка, со месец ипол гелни нокти за 600 денари. Со шара 600, без 400. Премногу е задоволна и јас сакам да ставам, цената не е висока во споредба со други.
Јас пред 2 недели си ствив наградба на ноктите бидејќи многу ги гризев и реков да пробам вака може нема,ама џабе,пак од уста не ми се изваени и вештачкиве нокти. Палците до сега 2 пати успеав да ги скршам. Иначе многу се убави,милина за око,а плус ги правев кај една жена дома што работи и многу ефтини се 300 денари само.
и јас веќе подолго време ставам надградба и воопшто не се Жалам, многу сум задоволна ги носам дур по 2 месеци, не ми се кршат, само единствениот проблем е што раснат брзо, и на секој месец одам правам додаток првата надградба ми кошташе 800 а потоа за додатоците давав по 500, али вреди за парите
Каде е таа жена,сакам и јас да одам да си ставам за 300 денари,повеќе не ми се дава бидејки ги грицкам дури и вештачките па за 300 денари ке си ставам макар и недела дена да ми траат Фала однапред
Squirrel од ск си? стави само гел или нокти целосно? ценава ми одговара само за гел за нокти евтино е ептен ако си од ск пиши кај или дај бројче во лп. Инаку пред некој ден другарка ми покажа на фб има профил на некоја си жена шо прави нокти Маја наилс мислам дека беше потпишана, става само гелни нокти за 500 денари а ноктите се преубави, ги шара како што сакаш и шарата се плаќа мислам дека 100 ден ама преубави се ноктите не се познава линија кеде започнува пластичниот нокт, освен тоа ја бива за цртање, се наоча во црниче мислам абе не е висока и траат ноктите ама ако ставаш таму гледај ако одиш во аеродром да не биде Ивана (помладото девојче), побарај да закажеш термин кај другата незнам како се викаше ама подобро работи од таа Ивана. Ама зависи ако има мн пред тебе ке глеа од што и е досадно само да те помине а не ке пази како работи, мене не ми се допаѓа како работат П.с. сеа ми текна дека има два сосема различни козметички салони по име Сандра зависи за кој збориш
Jaс правев надградба во Сандра, немав шара ги направив како француски.. Ми траеа долго, околу месец, после еден ми се скрши несакајќи и ги извадив сите.. Убаво изгледаа и цврсти се, но потоа едвај ги опоравив моите Многу ми беа грди и рапави, така да јас сум против надградба на нокти
маја наилс се наога во пржино на последна 16ка иначе гелни нокти + дизајн и се 500 а гел на природни нокти и се 350 еве баш сеа и го гледав ценовникот ..а за сандра има 3 различни салони во капиштец,аеродром и центар, ја и другарка ми имаме ставано во тоа во центар и воопшто не сум задоволна и мене и на другарка ми ни паднаа за помалку од 5 дена
Ете...тео е машко и сака надградба на нокти..т.е не ноктите да му бидат 30 см туку колку што е нормална големина на машки нокт..поради мојата навика на јадење на истите ако може да ми излезе некоја девојка со оптимален попуст (дека машко) ... фала однапред бидејќи очекувам дека е некоја фантастична сума и препарат и надградба ..оф топик ако има нешто против грицкање нокти ... одма кажуј и цена тука плус стај .. АЈТ споздрав ..
Девојки во вторник ми е роденден Би сакала да ми препорачате каде да си ги направам ноктите Благодарам однапред
Имам ставено гелни нокти и веќе ми се подраснати. Не сакам да ги обновувам, сакам да ги извадам.. Знае некој добар начин на вадење? Затоа што не верувам дека ќе можам сама да ги извадам, добро ми се залепени
Немој да се обидуваш сама да ги вадиш,оди во салонот таму да ти го извадат гелот.Сама можеш само да ги разпарчиш ноктите и после месец дена нема да можеш ништо да фатиш со рацете.
Девојката каде што одам јас за надградба ми има кажано ако сакам да ја извадам надградбата,на сите нокти да ставам памук натопен во ацетон и да ги завиткам со фолија и така да постојат едно 15 минути,гелот ќе почне да омекнува и лесно ке се извадат,а потоа убаво ќе си ги средиш со турпија за во случај да има нешто останато од гелот
Девојки да ве прашам сакам да си правам надградба на нокти со гел и ми ја пофалија некоја Кате од Ѓорче што правела убаво, дали некој знае каде поточно се наоѓа и како стои со цените ? Фала однапред