Јас сега ставив бидејќи ги грицкам ноктите и ега колју толку престанав.Многу сесредени ноктите навистина. Убавина!
Ставав редовно, убаво изгледа, фино, секогаш средено, идеш се прчиш таму со ноктите. Но кога после дооолго време решив да ги одморам ноктите, што да видам. Го извадов гелот-нокти немам. Ти се чини кожата само останала, од нокт ни Н. Еден мааал тенок слој така колку да се рече дека имам нокт. А башка една недела не можев ништо да фатам со рацете, претерано многу ме болеа прстите. И еве сега од нова година па навака ги одмарам, здравје сеа за некој месец ќе ставам пак. Ама гел, не вештачки, вештачките се бетер Тоа лепакот...
Многу убаво изгледа ја бев средата да ми направат гелни нокти, не се ни приметува дека е надградба. Мене ми беше во пакет, инаку е 500 или 550 денари, зависи. А иначе сум имала и свои природни нокти толкави, па не ми беше разлика, освен што овие се поцврсти и гелот е многу подолготраен од обичен лак. Како и да е, би ставала само за прилики, вака обично не, ме нервираат на моменти.
И тука да си прашам.. да не знае некој каде да купам таква ламба за печење на гел за нокти за домашна употреба за мене и колку би чинела од прилика?
^ Другарка ми од на Еbay си порача. 70-80 евра мислам дека беше. Пред 2-3 години. Е сега дали е по евтина или по скапа не знам. Ама баш како оние козметичарките што ги користат. Ама треба да имаш акаунт на ибеј и сметка. Е сега ако има некој што си има веќе отворено сметка посебно. Брат ми исто порачуваше од таму нешто ама преку еден другар, и после му даваше пари на него. Ако имаш другар или другарка што порачуваат можеш преку нив.
Се вика УВ лампа, и мислам дека се околу 2000-3000. Следи ги страниве, тука обично има такви понуди на лампи, некогаш и попуст даваат... https://www.facebook.com/opremazanokti.daniela?ref=ts https://www.facebook.com/denisa.hot https://www.facebook.com/profile.php?id ... 28&sk=wall https://www.facebook.com/oprema.zanokti
Памелче, си имала ли вештачки нокти? Знаеш колку боли и колку е погрешно тоа тргање на нокти под вода? Од искуство кажувам, и тоа ме прошло. Оди кај таа што ти ги ставила. Ќе ти ги истружи, за доброто на твоите нокти. Ако ги вадиш сама, од тоа лепакот пусто ќе ги направиш а и боли. Или па земи со турпија стружи ги одозгора, може и така само пази да не си го истружиш и ноктот. Прво пресечи ги до одредена големина, а потоа со турпија.
Мислите на онакви нокти со секундарен залепени, барем јас за такви зборам. Ако се такви јас под вода и ги корнев, па ме болеше ама малку, издржлива болка.
Јас мислев дека збори за гелни, вештачки нокти па гел одозгора. Ако збори за оние со секундарен, па на нив не мора да им се мислиш, помогни и еднаш - два пати на мајка ти со чиниите и сами ќе си излезат
Гелни се.Па пробав во ацетон да ги оставам па демек ке паднат,ама нема везе. Па мислев ако знаете нешто вака за побрзо.
Ни ацетони, ни топли води, ништо ама баш ништо од тоа. Значи како што реков, прво пресечи ги со ноктарче (знам малку е тешко бидејќи се тврди), а потоа со некоја добра турпија ако имаш (јас имам иста каква што користи и таа каде што одам да ми ги прави ноктите) и стружи ги полека. Не мора до крај, истружи ги одозгора, и со тек на време како што ќе ти растат така ќе ги сечеш ноктите. Ем нема да ти се оштетат ем нема да те болат.
Фала ти многу Веќе ги исеков. Морам да ги извадам долго време ми стојат и веќе ми здосадија. Сега ќе ги средам со турпија. Фала уште еднаш.
Се надевам дека некој ке знае да ми одговори, купив ув гел за нокти, оној што го користат за надградба, ама немам лампа за сушење, па ме интересира доколку некој знае да ми одговори како се користи, дали од кога ке го нанесам треба да чекам да се исуши па да поминам со турпија или? ве молам за одговор
Сакам да прашам како може побрзо да си ги вратам во форма ноктите.Имав надградба и ми се извадија кој сами кој сама ги извадив со маки.Но сеа моите нокти ми се меки,како груби од турпијата.Како да ги вратам,како да ги зацврстам.?
Ќе ставам типсои на нокти,па ме интересира дали потоа може да ги лакирам ноктите какви сакам,и дали треба да се вада со ацетон без ацетон ?Ве молам помогнете ми