Ќе си користиш отстранувач на лак без ацетон и немаш гајле. На вештачки нокти лакот трае (поточно не се вади воопшто ) така да повеќе од еднаш неделно нема да имаш потреба да се лакираш. Секако ќе се губи малку од сјајот на површината на ноктот со бришењето на лакот, ама ништо страшно, еден слој безбоен лак решава се. А после 3-4 недели ако одиш на корекција пак ќе ти ги исполираат ноктите и пак ќе си бидат супер. Јас носев вештачки нокти лани цела година, по една недела ги носев со француски само, па кога ќе пораснеше малку ноктот се лакирав за да го покријам мојот нокт до корекција.
Девојки јас имам едно прашање..Кај можам да набавам од тој лепакот шо го ставаат по козметичкиве салони за лепење на нокти?КОа ставам секундарен за 2-3 дена се одлепуваат, па овај стои и месец дена.. Ако знаете кажете ми
Па јас мислам дека ноктите повеќе стојат од гелот,а не од лепакот.Сигурно е подобар од обичниве,ама гелот игра поголема улога А инаку не знам каде можеш да го најдеш.
Па конечно утре и јас ќе си неправам, знам дека сум мала, али сакам мојте да ми пораснат, нели нема да ги грицкам кога ќе ги видам жал ќе ми стане.
pamelche и јас така си велев па на крај па ги изгрицкав. ..ај пиши ако си издржала да не ги изгрицкаш
Добро, конечно и јас си ставив надградба. Инаку ми се обични француски маникир нели бел и оздола под него една тенка сина линиичка, поедноставни за секој ден ми се, за шорцеви и маичка. Eве како овие ми се и должина и се, добро тоа црното кај мене е сино. Инаку сакав да прашам нешо, мене таа плавата линија ми е гел, не лак, и сеа кога се бањав ми избледе, од водата ли е и има ли шанси да ја снема .
И јас сакам да ставам надградба на нокти , но бидејки тетка ми доби алергија од гелот , ми е страв некако Инаку сакам да пробам од оние нокти на пазарче што се продаваат, има ли некоја од вас така ставано? И дали може да ги лакирам претходно? И со каков лепак да ги залепам , сепак несакам да се одлепат брзо. И дали можат да се скратат да не се толку големи Ве удавив со прашањава но сепак неможам да ги дочувам никако ноктиве да пораснат.
^ Оние пластичните шо се лепат, имам јас ставано. Ги лепев со секундарен еден од 80 ден.(зелено пакување) и ми се одлепија, после земам еден од 15 денари (некоја жолта боја) и ми стеа. А да, ожеш да ги лакираш, но тешко се отстранува лакот. И да, можеш да ги скратиш но со турпање, пошо со ноктерица ќе пукнат. Инаку јас да се пофалам со моите нокти , еве една недела до денес ги имам, 3 ми паднаа и еден ми пукна. Ама утре кидам и ќе и речам да ми ги направи пак, пошо ми рече дека ќе ми стојат еден месец.
Јас многу често идам на маникир Ставив првин надградба ( со типсови ) и ми стоеа 3 недели а може и повеќе , одкога ми паднаа отидов на корекција , ги извадив типсовите и ми ставија гел на моите нокти на секои 2 недели одам на корекција многу се лесни за одржување и треба да се навикнеш на нив
http://www.facebook.com/nailart.maggie еве линк има ценовник во еден од албумите и контакт телефон девојчето е во Кисела Вода, работи дома, ама ептен е опремена, триста додатоци има, цветчиња, светки, циркони, ја дури не ни знаев дека постојат толку декорации за нокти
девојки за матурава ставив надградба на ноктиве зошто моите се скршија прв пат прам така и да ми кажете како дс ги истам зошто ме нервират исти да имам
Не практикувам надградба на нокти. Имам ставано акрилни, и убави се, цврсти ми беа и долго ми траеа. Ама јас не сум за долги нокти. Освен тоа, многу се оштетуваат природните откако ќе ги извадите. Стануваат многу меки и кршливи. Затоа вака - скрати, истурпирај убаво, лакче во жешка боја и готово