ај некој нека ми објасни какви се тие гелни и тие другите.. мози е мн глупо ова ама немам ставено до сега, па објаснете ми
Jaс имав ставено на моите нокти. Вистина е дека од кога ќе ги извадиш ќе ти бидат кршливи т.е. ќе ти се лупат, виткаат и ќе мораш да ги скратиш . Зошто нема шанси ништо да фатиш со толку тенки нокти кои се виткаат. Но, затоа постојат лакови за зацврстување на ноктите , после гелните нокти можеш да користиш таков лак за да ги зцрврстиш и после пак ќе можеш да си ги пораснеш.
Мене па ми трае едно 18 дена од матурата и толку и веќе не ни планирам да стаам зошто после ноктите се ужас !
А што велите да ставам сама?Немам досега пробано ама сакам да пробам сега па каков совет ќе ми дадете?Што треба да направам како ,,подготвителен третман,,?Инаку имам да речам здрави и средно долги нокти моментално ама сега ми текна сакам уште подолги онака ми дојде инспирација од другарка ми таа има долги ама треба да чекам време за да ми пораснат,сакам веднаш... А на козметичар несакам,ми е страв да не ми се расипат,и онака ми се убавки здрави и не ми се кршат баш многу а и несакам онака,не ми се даваат пари а и нема посебна причина за да ставам на козметичар..
Па незнам затоа ве прашувам,немам искуство не сум ставала до сега никакви..??Ако знае некој нека ми даде совет.
Па ти можеш да си ставиш сама само од оние пластичните, гел не можеш ако немаш соодветна лампа, гелови и алатки, ако ставаш пластични тогаш одбери барем од поквалитетните, ги имаш во сите продавници на Голден Роуз, во Џамбо и во останативе поскапи парфимерии. Не знам баш колку ќе ти додржат бидејќи не е едноставно да ги залепиш само, не верувам дека ноктот одоздола ќе остане истиот, според мене најдобро ти е да почекаш еден месец и да ги лакираш за сето време за да ти пораснат.
Не ставај од тие највеќе 1 ден држат бидејќи тоа лепакот што е во нив не ни држи што е најтрагично а другрка ставаше од нив и со секундарен ги лепеше и одма и се кршеа и ужас после и беа . А и надградбата на нокти исто ги прави крш ноктите одкако ќе ја извадиш ама после 1 недела па се подобруваат. Мој совет ти е пушти си ги твоите најубаво а ако не ти се чека најубаво иди во козметичко студио и нека ти ги направат
Ме предомисливте...незнам сакам долги ама ај не ставам никакви ..да си ги растам најубаво-,,природно си е приодно,, нема што
Ги ставив и во темата,,Вашите нокти,, вака јас ги лакирав инаку беа обични прозирни, ,а ги лепев со секундарно лепило мислам ,,super glue,,се вика и уште ми траат значи од среда и до денес не ми се одлепиле но прво ги стругав ноктите мои,па ги залепив и 4 пати се капев со ноктите ама носев ракавици гумени додека секапев.. Еве ги: