Ствив надградба за свадбата од братучед ми. Многу убаво ми ги наместија, како природни нокти ми изгледаат. Ама кога почнаа моите да ми растат катастрофа, многу се гледаше разлика. Појдов да ми ги извади, таа една беше без осет, мислев дека без нокти ќе ме остави, таква болка во живот немам доживеано. Ај ми ги извади што ми ги извади, ноктите и после 3 месеци од тогаш не можам да си ги опоравам, ми се лупат, ми се кршат, катастрофа. 10000 лакови за зацврстување ставам ама ништо не помага. Више вештачки нокти никогаш не ставам
http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 423&type=3 Ако сакаш безбоен или млечен за да шараш врз него, можеш да си купиш од парфимерија, ќе имаш кога сакаш и поисплатливо е, бидејќи ќе имаш гел за повеќе употреби.
Како мислиш да си купи од парфимерија и ќе има гел за повеќе употреби?ФБИ сака да оди да и ставаат гел јас колку што разбрав,а за да работи дома сама со гел,треба да има печка и уште 300 ситници
Нешто во кое најмногу уживам едноставно обожавам надградба на нокти и btw голем поздрав до девојчето каде што ставам надградба деф најдобра е
Јас ја разбрав дека сака еднобоен гел на ноктите, а за тоа ако планира да го користи континуирано треба да го има гелот и една УВ ламба што го суши. А, ако веќе сака со разни гелови да и ги шараат ноктите - тогаш не сум разбрала.
ИМа скоро месец и пол откако ги извадив и уште неможам да ги опоравам моите нокти а планирав да си ставам пак септември,искрено не мислев дека моите нокти доолку ке се уништат
Пред полуматурската ептен се зезнав. Стаив вештачки нокти на своја рака, и ем ми изгледаа предолги и глупи, ем неможев ништо да фатам. Следниот пат ако мислам да ставам, ќе идам на козметичар.
јас сум од оние кои се поборници против надградбата .. сум ставила цели 3 пати и да кажам дека самиот процес на ставање ми беше ХОРОР филм а не камоли вадењето... Во принцип имам мнн тенок нокт и кога ми го стружат ноктот буквално ми стигаат до месото и тоа мнн ме боли .... Решив да не ставам повеке никогаш ... оваа година од кинеските си купив вештачки нокти и 2 пати ги имам носено со тоа што пред да ги ставам на мојот нокт со супер лепакот ставам обавезно 3 слоја лак за да помалку ми се оштети основниот слој на ноктот.... Сепак тоа го мислам јас....
Каде во Скопјево во некој козметички салон да ставам ефтина надградба на нокти докај 600 ден. Сакам да се гелни или крем гел. Ве молам за помош и ве молам за точна локација на козметичкото студио долго не живеев во Ск за да можам да се снајдам фала однапред
Зашто мора да биде во козметичко студио,има многу девојчиња што преубаво работат дома и тоа баш за тие пари... до досегашното мое искустбо што имам ставано надградба поубави и поквалитетни ми ги направиле девојчиња дома што си работат него во козметичко студио
Па не мора да е козметичко студио јас мислев дека така полесно ќе се снајдам ама кажи ми ако знаеш каде прават убави нокти и девојки и каде се наоѓаат
Барби мачкај ги со павловиќева маст секој ден по три пати, по една недела ќе видиш дека ќе почнат да ти растат нормално. Јас од матурата едвај си ги опоравив ноктите. Сега добри ми се, ама уште еднаш два пари ќе размислам пред да ставам нокти.
Може не е прашањево за тука ама ај Каде во Скопје лакираат со силиконски лак/гел лак (оној што е подолготраен)? Ако некоја знае ја молам за ЛП
девојки ве читам тално и не ми е јасно зошто кога еднаш ке си ставите гел или надоградба зошто ги носите месец и ги вадите јас од јануари месец си ставив надоградба после 2 месеци беа целосо моите нокти и сега си стевам само гел еднаш месецно си одам на корекција ми го вадат стариот гел нов ми местат и пак сум си раат цел месец стварно не ми е јасно зошто ставате надоградба или гел ако не планирате да ги носите подолго време па и номално дека ке се уништат твоите природни нокти нормално е кога се ставаат разни хемикалии не ставаат слатко па да не се уништуваат мој совет до сите што сакаат да стават надоградба е ако веке еднаш ја стават нека си одат на 3-4 недели на корекција и ке си имаат стално средени нокти
Сакам за утре вечер да имам надградба, и сеа денес цел ден сум слободна и сакам да идам денес, ама утре од сабајле ќе одиме Спојлер кај тетка ми да и помогнеме за берење сливи и сеа утре со нокти? Какви ќе ми станат .. а утре ќе немам време да одам до козметичар,бидејќи сигурно доцна ќе се вратиме и право на излегување. Што да правам?
Каква тешка недоумица, а што толку си запнала со надоградбата, ја па мислев некоја свадба те чека утре, а тоа излегување. Не се лути, ама предмалку прочитав навистина реални проблеми, и сега ова ми дојде како од небо да си ме акнала со проблемов. Едноставно, ако ти е само за еден ден, купи си пластични нокти и нив залепи си ги, ете ќе го решиш проблемот. Инаку, можеш комотно да си ставиш денес надградба, а си купиш од аптека неколку пара ракавици гумени и со нив да береш, нема ништо да ти се деси
Се согласувам со енџел,што ќе ти е надградба за обично излегувајне??Ако ги одржуваш можеш и пластични да ставиш мене ми траат(кога ги носев) 7 дена,а за тоа време се избањав 3 пати,ама носев преубави гумени ракавици ама не оние докторскине ,тенки се тие незнам дали знаете какви се оние од авон што се во фарбите за коса,мајка ми такви користи па бидејќи ја фарба фризерка ја зима само фарбата а ракавиците останаа и не ми се одлепија,ќе траеа уште само мене ми здодеаа више и сама ги искорнав и не ме болеа воопшто..