искрено не сум за надградба.. еднаш ставив ама само на 1 нокт затоа што баш кога требаше да ставам гел ми се скрши и надградбата ми падна за 2-3 недели а оние што ми беа без надградба стоеја скоро 2 месеци. И да, ако имате лесно кршливи нокти и неможете да ги пораснете пробајте да ставите гел ( не надградба) . Кога ке го извадите може ке ви бидат толку тенки како ливчиња и ке ви се чини дека се полоши и од претходно ама со тек на време ќе се опорават и ќе станат многу цврсти. Исто така важна улога има и турпирањето. Секогаш пред лакирање поминете ги со турпија. Јас само вака успеав да ги пораснам ноктите. Се надевам дека помогнав
Ana X-Treme Nails Macedonia ... Значи девојката е лудило, работи со силиконски гелови од програмата на -Panchevo Nails- Кај неа идам веќе година дена и сум пре пре задоволна нема нешто што неможе да го напраи а за цртање да не праиме муабет и ми се свиѓа тоа што не користи фото дизајни туку све рачно црта што да и кажеш тоа ќе ти нацрта и плус дава Обуки односно Едукации ... Има студио позади Веро во Аеродром одма до Зегин ... Топло ви ја препорачувам
Хејј јас често ставам надградба на нокти обожавам кога ноктите ми се средени ,последниов пат решив да ставам во студио биондина во карпош се наоѓа девојката работи наливни нокти ги имам веќе една 2 недели и не се уште се како сега направени цената на овие нокти и е 850 ден што е доста поволно за квалитетни нокти.Во истово студио направив педикир со гел лак ноктите сега се средени
Девојки да ве прашам,ако ми ги направат ноктите со гел лак значи само да ми ги налакираат моите нокти без надградба како се вади лакот после? треба да се оди пак за да го извадат или може со ацетон?
Можеш да одиш кај нив, а можеш и да ги извадиш со памукче ацетон да ги подржиш малку подолго, после да ги истурпијаш со обична(не груба) турпија и паѓаат сами. Многу лесно.
Девојки да ве прашам, можеби погоре има одговор на ова ама јас не видов. Немам искуство со гелни нокти не сум запознаена баш, а сакам да си ставам. Е сега, имам прилично кратки нокти и ми кажаа дека морало да ми бидат пораснати бар малку над прстот за да можел да се стави убаво гелот. Мене ми е прилично тешко да ги пуштам ноктите затоа што многу ми се кршат ( затоа и сакам гелни да ставам ) па ако има некој знае за ова прашање ,нека ми каже ) И уште едно прашање, носам леќи, па дали би ми пречеле гелните нокти иако не сакам јас некоја голема должина туку сакам да ставам колку секој пат да ми изгледаат средени. Поздрав )
моите ноктиња тазе правени,гел имам само на моите нокти,секогаш сакам да ми се средени а на зима досадно ми е на секое да се прелакирвам вака и прекрасни се и средени еден месец се
https://www.facebook.com/studio.timotej eве ја фејсбук страната на тимотеј, се наоѓа во кисела вода, има и бројче за контакт, па прашај си за подетални информации
Имам ставено гел на моите нокти, и сакам нешто да ве прашам.Приметив дека ми се малку пожолтени, а не знам како и од што, ги имам тек 6 дена.Има некаков начин да ги „избелам“ или ќе останат вакви?
неможиш ништо данаправиш таков е гелот неквалитетен претпоставувам безбоен е наредниот пат кога ке одиш на корекција отприлика за3 недели кажи и да ти а поквалитетни гелови
И мене ми беа такви откако го извадив гелот па прбав разни начини но ништо не ми помогна освен содата фала богу господ здравје да и даде еве вака Ќе си најдеш некоја стара четка за заби и на неа ќе ставиш сода и ке капнеш една капка лимон ќе ги триеш така одредено време и ќе ги измиеш со ладна вода и ќе ги држиш во водата едно 3-2 минути. Потоа ќе ги премачкаш со крема за заноктици ( помага и за зацврстување и избелување на ноктите ) ако неможеш да најдеш посебно го има на овој ацетон на капачето Внимавај ова не треба да го правиш секој ден затоа што може да се истанчат ноктите. Ова прави го на 2-3 дена па може и на една недела . Може да пробаш и додека се бањаш или тушираш ако не можеш да одвоиш време за ноктите . Позз и кажи за резултатите
Ариел, да те прашам - дали ноктите по вадењето на овој да го наречам лак, се оштетени или пак нема некои промени на лошо ? Јас не сакам надградба, имам прилично квалитетни нокти во однос на кршењето, но многу ми пукаат и поради тоа постојано имам неколку слоја безбоен лак, како за заштита. Си ја сакам должината на ноктите, секогаш си ја одржувам онаква каква што ми одговара и не сакам надградби, ами заштита. Го бидува твојот третман или да си продолжам со безбојниов и да не му ја мислам многу !?
За разлика од класичниот гел, овој гел лак (уште познат и како ув лак, силиконски лак..) се нанесува на ноктите како лак без стругање и се суши во ламба како обичен гел. Цврстината е нешто помеѓу лак и гел и дава поголема цврстина и заштита на ноктите од пукање. И ставањето на обичен гел кој нуди поголема цврстина не значи дека мораш да ставаш надградба, туку исто така може да се стави само на твоите природни нокти и нема да пукаат, но поради обработката со по вадењето на гелот ноктите се некако помеки и изгледаат оштетено (особено ако се лупи и корне гелот).
Јас го ставив затоа што многу ми се кршеа. Дава цврстина, а се вади со нешто како ацетон, ама специјален за ваков гел-лак, не е обичен ацетон. Се ставаат на ноктите фолии , и кога ќе ги извадиш лакот се лупи како лушпа. Не го оштетува природниот слој, и мене тоа ми беше важно. Ако ти брка работа безбојниот лак и не мораш да ставаш ваков. Мене не ми беше доволно само лак, а и не се лакирам којзнае колку редовно, па варијантава со гел-лак ми е многу погодена.
Здраво девојки, сакам да ве прашам за помош, бев на козметичар си ставив акрилни нокти, и сега сакам да ги вадам ( ми подраснаа моите, а тоа што катастрофално ми ги направи е друга тематика ) сега сакам да ве прашам како јас сама дома да ги извадам а да не ме боли ?? Овде на нет најдов еден туторијал со вадење акрилот со ацетон и врела вода, и претхдно0 сечење на типсовите, арно ама мојте нокти се наливни така да немам типсови ? Дали ке успеам ако ја скратам должината со ноктарка и потоа да го применам тој чекор !??!!? Чекам одговор .... за што побрзо да ги тргнав овие никакви нокти .... Катастрофално се направени
Скрати ги со турпија и потоа на памук стави ацетон и стави го врз ноктот остави го да делува 5-10мин. Потоа отстрани го тоа што е стопеното и со турпијата израмни ги одозгора, намачкај ги со некоја по мрсна крема за раце или нокти и стави и лак за зацврстување