Да тоа се типсови, а наливни се прават со правење на продожеток (наливање) на ноктите со гел (или акрил) со помош на специјални форми. Еве и [img=http://forum.femina.mk/telo/nadgradba-na-nokti-t69/670.html#p1452083]тука[/img] подобјаснив .
исцеди лимон, стави паста за заби, земи сол. со сите воие протри ги ноктите со четкиче може за заби или за шминка, пожелно е да ја користиш само за нокти
За оние феминки што се од Велес а сакаат средени нокти за евтини пари,не е никаква реклама, јас бев и задоволна сум многу од тоа како работи девојчето, може сте слушнале за Лепа, зема 250 денари,еве некои од нејзините дела...http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 323&type=3
Не сум за ! Немам ставано а ми дошло на ум ! имам убави нокти а знам мал милион примери каде после вадењето ноктите си ужас. кршкиви, испукани, се слојат.... убава ќе си еден месец и после ако не ставиш катастрофа додека не се обноват
Епа таман си ги средив моите нокти, цврсти се, имаат добра должина.. не ми треба никаква надградба. подобро еднаш неделно да ги средувам дома сама со турпии и лимон отколку 1 месец да одам со убави нокти а после 3 месеци да се мачам да ги опоравам. Инаку немам ставено надградба и не мислам да ставам!
Што е подобро за ноктите (да не дојде до големо оштетување на ноктот) наливни со гел или наливни со акрил?
Немој да се будалиш, акрил да ставиш! Јас би го забранила со закон! Имам страшно искуство со акрилни нокти.Со месеци имав нерамни нокти, како со бразди или дупки.Акрилот со тек на време го јаде ноктот. Гел користам континуирано 4-5 години и немам никаков проблем. Само гел!
Да, можам со сигурност да кажам дека во Велес може за најниска цена да се стави надградба или гел на нокти. Среќни луѓе сме ние . Инаку не ставам кај девојчево ами кај едно друго девојче и сум повеќе од задоволна. Значи за 250 денари имаш нокти што без проблем стојат месец ипол и 2 но јас никогаш не ги чувам толку долго, грдо ми изгледа. И мислам дека и заради тоа повеќето се против гел и надградба. Да, точно е дека ноктите после се кршат но чим ставаш 250 денари да одвојуваш секој месец или на два месеци па и не е толку многу, зависи значи, кај нас во Велес е толку но во Скопје не мислам дека е така
Не сакам да попувам и да изигравам солам памет, ама овде ве читам дека ноктите ви траат и по месец и пол. Тоа не е нормално. Значи дека ноктот не дише, не расти и се прави проблем. ЈАс 15 години скоро носам надградба ( типсови кога ќе скршам нокт, и гел за одржавање) и никогаш повекје од 3 недели не ми траеле. Но, затоа коа и да решам да ги извадам моите нокти природни не се оштетени. Во салонот каде што одам дојде девојче да и ставаат нови нокри а претходно имало ставано од тие за 400-500 денари. Ноктите и мирисаа на скапано месо!!! Пазете каде ставате нокти, пазете со кој материјал ви работата. Гелот и типсот не смеат да се камен тврди, треба да се еластични, ноктот треба да дише!!! Внимавајте ве молам не сте свесни кои проблеми можете да си ги навлечете.
Значи ноктите никогаш не ми мирисале на скапано месо а и тоа што траат по месец ипол е само + за изработката и квалитетот на гелот а не дека она ги лепи и кузнај што прави па стојат неможат да мрднат. Ноктот расте нормално и гелот се слева надолу, затоа и велам дека не изгледа убаво откако многу ќе пораснат. ДА, и моите нокти не се оштетени кога ќе отидам да ми го извади гелот она и да ми стави друг но првиот пат кога незнаев и кога го извадив сама нормално беа, али потоа научив дека треба да се стругаат со турпија. Тоа е тоа. Во споилер ви ставам слика од истото девојче, нокти сликани после 3 месеци од ставањето на гелот Спојлер Незнам како успеала да ги носи толку сепак јас никогаш не би.
еве ги моите нокти со гел, сега малечки се ама за разлика од тоа што имав ова ми се допаѓа. ако може да ми препорачате некое место со прифатлива цена да ги направам за другпат?
Еднаш имам ставено нокти и ми стоеа долго време... мислам дека 2 месеци, но редовно со турпија од страна им поминував бидејќи таму се кршат и еднаш ги скратив со ноктарче. Сакам пак да ставам, само нека поминат испитиве
Има братучедка ми ставено 400 денари,незнам кај поточно,треба да ја прашам,и вчера и падна ноктот на малиот прст,и оваа и рекла дека 100 денари е поправка на еден нокт Па 4 да ти се скршат 400 ке лупнеш како за сите нокти
Јас за матура ставив наливни и ми стоеа едно три недели, после сама ги извадив нешто се изнервирав и еден по еден летнаа инаку ќе стое уште две недели сигурно.. Само, после тоа може месец два неможев да ги опраам моите нокти ми се познаваа стругани тенки никакви, од тогаш немам ставено, моите какви такви - најубави си ги лакирам. Сега треба да одам на свадба и се мислам да си ставам во Kити наил арт во влае било, сите се фалат дека убави ги прават, малце скапичко ама стварно што сум гледала слики ептен се убави
Јас не си ставам нокти но мојата другарка си стави и сега кога и паднаа за нигде и беа ноктите..Инаку 1000 ден. не ми се даваат за нокти нее
Јас имам убави, здрави нокти, но немам време постојано да ги средувам. Затоа неколку пати имам ставано гелни нокти, ми издржуваа по 1 месец без проблем и супер изгледаа. Но, кога ми ги извадија, увидов дека многу ми се оштетени ноктите-ми се листаа, пукаа, кршеа. Сега ми се оправени (пупу...да не се урочам! ) Но бидејќи немам време, а сакам секогаш да ми се тип-топ средени ноктите, размислувам да ми стават гел-лак. Какви се вашите искуства? Како е постапката за ставање и вадење на лакот, колку време траат и најважно - дали ги оштетува ноктите?
Нема ништо поубаво од свои нокти ако веќе ти се здрави и убави,колку и да е калитетен гелот пак се оштетуваат но секако голема улога игра и базата и гелот да се квалитетни за да не дојде до оштетување скроз,ако мислиш за вадење на лакот што ќе ти го стават во салон ќе го вадиш со безацетонски ацетон за да не се оштетат.А за тоа колку реме траат е индивидуално и од тој што ти ги праи о од тојот нокт заиси 2,3 недели сигурно ќе ти трае.